|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај македонската авторка Кристи Гоб

Марина Кљајиќ Петковски, 7.4.2022
Неодамна излезе од печат книгата „Арсен", дело напишано од македонска авторка потпишана со псевдонимот Кристи Гоб. Книгата е во издание на издавачката куќа Збор

image
/11


Делото е дискутирано низ групите, читано и препорачувано. 

Покрај интригантната тема која привлекува, голем удел за интересот има и фактот што станува збор за анонимна авторка. 

И покрај анонимноста, авторката е активна на социјалните мрежи и достапна за комуникација со своите читатели, за што потврдувам и самата јас.

 

Таа со задоволство ја прифати поканата за гостувањето во нашата рубрика.

"Најпрвин дозволете ми да се заблагодарам за дадената можност! " - вели Кристи.

"Во однос на опис за Кристи Гоб, можам да кажам дека станува збор за многу едноставна, обична личност, со дневни обврски и ритуали како и повеќето луѓе. Сакам да работам, да шетам во природа, да спортувам односно трчам на кеј или во парк, да се дружам, и покрај се, да најдам и време за моето хоби-пишувањето!" - вели таа за себе. 

 

Рингераја: Прво дело со ваш потпис кое веднаш ги освои читателските срца. Покрај интригантната содржина, впечатлива е вашата анонимност.

Од кои причини решивте да биде тоа така. 

 

Кристи Гоб: Во однос на анонимноста и зошто решив да биде тоа така ќе ви одговорам најискрено што можам а тоа е од едноставна причина што карактерот ми е таков што не трпи да биде никогаш центар на внимание, во било каков облик. Искрено, тоа би ми пречело и сметав дека на овој начин ќе се заштитам и ќе го избегнам тој дел. 

 

Рингераја: Како се роди идејата за Christy Gobb? Има ли некое скриено значење конкретното име?

 

Кристи Гоб: Идејата за Кристи Гоб се роди од моја роднина, односно имам тетка која има завршено литература и иако е во одминати години кога го читаше делото ми кажа дека целиот процес како се развива четивото многу ја потсеќало на делата на Агата Кристи. И така спонтано излезе Кристи а Гоб го додадов јас, не знам зошто нема никакво посебно значење, самото така ми се поврза и ми зазвучи убаво. 

 

Рингераја: Кога ја откривте љубовта кон пишувањето?

Имате ли учества на литературни конкурси, освоени награди , објавени други дела..?

 

Кристи Гоб: Љубовта кон пишувањето ја открив многу одамна, но не беше созреана и си го чекаше моментот. Немам учествувано на литературни конкурси. 

Рингераја: Во однос на „Арсен", како и кога започнавте со пишување и како сфативте дека тука 'лежи' книга?

 

Кристи Гоб: Арсен ја започнав многу спонтано. Всушност приказната започна како дневник првично. Имам другарка која ми раскажуваше настани кои јас сметав дека се вредни за да води дневник, а таа не сакаше. Јас почнав да ги водам белешките како што ги доживував во нејзино име и така и започна.. А сфатив, всушност јас не ни сфатив дека тука лежи книга но таа како што читаше секој пат беше се позапрепастена од мојот "талент" и едвај чекаше да заврши приказната.. Потоа рече дека е тоа цел роман па почна да го дава на наши заеднички пријатели и тие почнаа да навиваат за да биде книга.. и така некако спонтано на крај и јас разбрав дека дел по дел излегло едно цело.. цела книга.

 

Рингераја: Колку време беше потребно за да ја напишете книгата?

 

Кристи Гоб: На почетокот белешка по белешка како што ми кажуваше можеби поминаа месеци 5-6 не знам точно. Потоа кога пуштив и дел од имагинацијата побрзо. Се вкупно околу година дена, но многу ретко пишување, не постојано морам да потенцирам, бидејќи има разлика. 

 

Рингераја: За што пишувате во книгата? Што ве инспирираше за конкретната тема? Имате ли некаква лична допирна точка или искуство со истата?

 

Кристи Гоб:  Во книгата пишувам пред се за вистината на расипаниот систем и дека ништо не е посилно од мафијата, за жал. Лична допирна точка немам, ниту искуство, но знам луѓе кои имаат. 

 

Рингераја: За која читателска публика е наменета?

 

Кристи Гоб: Наменета е за зрела читателска публика. 

 

Рингераја: Има ли некоја скриена порака која ја пренесува книгата? 

 

Кристи Гоб: Книгата не пренесува никаква скриена порака, за жал ја пренесува во голем дел реалноста. Секако, морам и да потенцирам уште еднаш дека е за зрела публика и на многу луѓе им избегаа некои работи.. но сепак тука ќе се ставам и јас како можен виновник и ќе се потрудам тоа да биде исправено понатаму. 

 

Рингераја: Членувате во книжевните групи на социјалните мрежи. Сметате ли дека се читаат и ценат македонските автори? Имате ли некој омилен меѓу нив?

 

Кристи Гоб: Во однос на македонските автори мислам дека почнуваат се повеќе да се ценат, но не мислам дека е доволно колку што е тоа во развиените културни нации. Сепак, добро е да се почнува и да се стават темелите. Омилен наш автор не би можела да издвојам, но навистина позитивно ме изненадиле четивата на Симона Николова, Ивана, Мирјана Проданова и други.. 

 

Рингераја: Многу автори творат под псевдоним, но сепак се претставуваат пред читателите. Чувствувате ли притисок, или пак можеби желба или потреба да се претставите и вие? 

 

Кристи Гоб: Навистина не чувствувам никаков притисок ниту пак потреба да се претставам. Добро е вака. 

 

Рингераја: Остваривте соработка со издавачката куќа Збор. Како дојде до тоа? 

 

Кристи Гоб:  За соработката со издавачка куќа Збор можам да кажам дека дојде исто така многу спонтано. Еми е толку одговорна личност а јас особено ценам такви луѓе. Ми одговори многу брзо и не знам толку лесно се одвиваше цела комуникација што искрено отпосле ми одговорија и други куќи на кои го имав пратено текстот уште претходно, но не се предомислив сметајќи дека одговорноста ми е најважна во секоја работа. Јас така ја доживеав, и се надевам така и ќе остане.

 

Рингераја: Ни подготвувате ли нешто ново ? 

 

Кристи Гоб: Подготвувам продолжение на Арсен. Односно како идат идеи можеби а и се посигурно е дека нема да биде само едно продолжение. Сепак, овој пат случувањата на Кејт продолжија во Лондон каде замина нели, останатото ќе го прочитате кога ќе е готова. 

Од издавачката куќа Збор, во однос на соработката со авторката, околу промоција на книгата и идна соработка, како и за интересот од страна на читателите, изјавија: 

 

Емилија Златкова Анастасова : 

Од почеток кога авторката ни кажа дека сака да ја објават книгата со псевдоним и да остане анонимна, бевме малку скептични, бидејќи во Македонија немаме многу (или воопшто немаме) вакви случаеви, па не знаевме како ќе биде прифатена книгата. Постоеја две можности или тоа да предизвика интерес или да ги одбие читателите . Но, книгата е навистина солидна со приказна која е интересна и држи внимание па решивме да ја објавиме и полека си го наоѓа патот до читателите. Поради желбата авторката да остане анонимна не можеме да имаме јавна, класична промоција. 

Што се однесува до нас ние би сакале да ги објавиме и другите книги кои ќе сака авторката да ги објави , но секако тоа е обостран договор - доколку таа е задоволна од нашата соработка ние ќе застанеме и зад нејзини другите дела.

Се надевам дека ве заинтригиравме и дека доколку се уште не сте ја прочитале книгата, ќе го направите тоа набрзо:) 

Читајте македонски автори! 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Нијанси на кармин за различен тен
Кои нијанси на кармин најмногу одговараат на различниот тен на лицето?
3
Трајна ли е летната љубов?
Летото е период кога секој од нас размислува за одмор и забава, кои ќе му вдахнат позитивни емоции и искуства за целата ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?