|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај @cook_with_christina

Редакција Рингераја, 11.3.2021
Доколку сте во потрага по инспирација за во кујна и барате некој интересен рецепт, инстаграм профилот на Кристина ќе ви биде од голема помош. @cook_with_christina е името на нејзиниот инстаграм блог за храна кој дефинитивно вреди да го заследите
Клучни зборови:

image
/11


 

Кога ја прашавме кој се "крие" позади профилот, Кристина Бошнакова од Гевгелија, за себе вели дека е мајка, жена, студент и во работен однос. 26 годишна, мајка на две дечиња од 4 и 2 години. 

Мајчинството на оваа млада жена е нешто што и е приоритет, а покрај тоа во опис на профилот е наведено дека е и студент, со пасија за готвење. 

"Студент сум на факултетот за Бизнис логистика при универзитетот Гоце Делчев Штип. Сакам да готвам уште од мала, за тоа е заслужна мојата мајка која често ми оставаше простор да и се плеткам во кујната и да и го усложнувам процесот на готвење (исто ми се случува и мене сега) " - вели Кристина. 
Додава уште и дека и покрај сите секојдневни обврски, секогаш наоѓа време да зготви нешто интересно дома, -"а и веќе ги навикнав домашните скоро секогаш да има нешто ново дома" - вели таа. 
" Најчесто ми помага поголемото дете кое обожава да е со мене во кујна, а се почесто ни се придружува и помалото, па готвењето знае да ни трае повеќе од планираното " - ни одговара на прашањето од каде црпи инспирација и мотивација за готвење. 

На прашањето како менаџира меѓу мајчинството, студиите, страста кон готвењето и водење профили и фб групи за готвење, Кристина ни одговори : 
" Да се биде мајка, студент, вработена, домаќинка и активна по социјалните мрежи е доста интересна работа, цел ден е тотално исполнет, ама си легнувам дефинитивно исполнета и изморена " 
Профилот е прилично нов, а доста популарен и со голем број следачи. Кристина ни открива како дошла до идеја за еден ваков профил:

"Кога почнавме да се занимаваме со групата за храна на фб, почнав да ги сликам јадењата кои ги приготвувам и видов дека членовите позитивно реагираа. Почнав да добивам пофални пораки, почнаа да бараат совети и рецепти за одредени јадења и добивав слики од јадењата кои ги приготвиле по мој рецепт. Не можам да ви опишам колку ме направи тоа среќна, па така и решив да креирам мој профил каде што ќе ги објавувам рецептите бидејќи сфатив дека тоа потполно ме исполнува" 

 

hrana

Ја прашавме уште и од каде инспирацијата, каков е процесот од идеја до реализација на еден рецепт, што и е појдовна точка - крајниот оброк кој го има замислено, па соодветно за него набавува намирници или си дава предизвик да создаде нешто од намирници кои веќе ги има, а таа, на тоа одговори :
"Инспирација секогаш црпам од фамилијата, нивните желби за храна се моја заповед.
Најчесто креирам оброци и рецепти од намирниците кои ги имам дома, но често се случува и да заминам до маркет за да набавам нешто доколку го немам во моментот, а сакам да направам нешто интересно" 
 
Одзема ли време активноста на профилот и колку време трае креирање на еден пост, ја прашавме, а таа изјави : 
" Хммм, искрено не знам, зависи според слободното време. Секогаш сакам да направам убави јадења од намирници кои ги користиме секој ден и да ги прикажам со едноставни слики. Се трудам да направам објави кои се лесни за читање и доволно интересни за да го натераат читателот да стисне save и да го проба јадењето кое сум го објавила".
" Веќе една година живееме во пандемија и покрај тоа што воопшто не е пријатно да се живее во пандемија, сепак на семејството не можам да кажам дека има лош одраз. Со мали деца секогаш има нешто што може да правиме, нивните желби се многу интересни и непредвидливи " - вели Кристина. 

 

cook


Со оглед на тоа што е мајка и тоа прилично млада, ја замоливме да ни ја раскаже својата приказна за бременост и породување, доење.. Како и колку ја промени мајчинството? 
А Кристина ни раскажа : 
" Мајчинството е најубавата работа што може да и се случи на една жена, нема ништо поубаво кога ќе те разбудат тие убави рачиња и кога ќе те погледнат очите на децата. 
Моите приказни за бременоста се доста интересни, посебно првата бременост со поголемото дете Љупчо со кое се здебелив 30кг и не знаеш колку уживав во јадењето.
За среќа после породувањето ми требаше краток период за да се вратам во нормалната килажа. 


И двете бремености ми беа лесни, само за Александар, помалото дете за среќа немав толку голем апетит.

За првата бременост може да ви кажам дека постојано бев приклучена на Рингераја и многу ми помогна да сфатам што ме очекува во следниот период од животот, неуморно истражував за тоа што се случува со бебето и сакам да ви кажам едно големо благодарам бидејќи вистина многу ми помогна овој сајт.

Од моментот кога ги фатив во рацете знаев дека воопшто ништо нема да биде исто како предходно. 
Во врска со доењето, родив деца кои воопшто не беа проблематични во тој дел. 
Со советите од сестрите во болницата, советите од вашиот сајт и подршката од сопругот, уште првите денови доењето ни беше една од омилените работи. 
Кога го гледам сега, сфаќам дека времето пребрзо поминува, како вчера да ги држев во раце, а денеска си играат сами.
Да се биде сопруга и мајка е дефинитивно најубавата работа што може да и  се случи на една жена." 

Следете ја Кристина на инстаграм @cook_with_christina 

 

christina

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
6
Тест: Изберете Велигденско јајце
Кое е првото јајце кое ви падна в очи? Погледнете што значи. Тест: Изберете Велигденско јајце
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?