|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Билјана Јандреска Андоноска

Марина Кљајиќ Петковски, 13.8.2021
БИЉАНА ЈАНДРЕСКА АНДОНОСКА со перото друшка е уште од основно, иако повеќе за душата и за „училишните задачи“. Обожува да пишува проза и поезија. Автор е на вкупно три книги – „Вистинска љубов“, „Предигра низ песна“ и „Секунди на љубов за памтивек“

image
/11


БИЉАНА ЈАНДРЕСКА АНДОНОСКА е родена 24.06.1991г. во Прилеп. Во 2013 година завршила на Факултетот за детективи и безбедност при ФОН Универзитетот и се стекнала со звање дипломиран детектив. Во 2014 година завршува специјалистички студии на спомнатиот факултет и се стекнува со звање „специјалист по детективска дејност“. Уште од 2015 ги има положено испитите на мастер студиите. Моментално е на породилно отсуство, инаку работи како продавачка, зад себе „влечејќи“ и две годишно искуство во новинарството. Мајка е на две дечиња – Таиса, со неполни четири години и Доротеј, неполни шест месеци. 

Со перото друшка е уште од основно, иако повеќе за душата и за „училишните задачи“. Обожува да пишува проза и поезија. Автор е на вкупно три книги – „Вистинска љубов“ – тинејџерски љубовен роман (напишан 2007, објавен 2013г., промовиран јуни 2014г.), „Предигра низ песна“ – збирка поезија (2014г.) и „Секунди на љубов за памтивек“ – налик на интимен љубовен дневник во поетска проза (напишан 2015г., промовиран 2019г). 

Љубовта отсекогаш и била преокупација, но што ќе се случи кога 16 годишна девојка ќе ја стави на листови хартија?! Е така настанала нејзината прва книга - романот „ВИСТИНСКА ЉУБОВ“ уште во 2007г., напишан за 7 дена, а доживеа да биде објавен дури после 7 години. И отсекогаш, пишувањето се одвивало периодично, а поинтензивно се посветува на пишувањето, охрабрена и поттикната одново да пишува и да го споделува напишаното, следејќи по примерот на други македонски поети и писатели, членувајќи во групи, особено од ноември 2014 година, меѓу кои „Поезија за душа“ на социјалната мрежа „Facebook“. Учествува на тековни конкурси и поетски манифестации, меѓу кои по повод месецот на книгата при градската библиотека „Борка Талески во Прилеп, речиси секоја година на „Поетско Маркукуле“ во Прилеп, конкурсот „Везилка“, конкурсите организирани од „Поезија за душа“ и Милица Паулус и повторно се „враќа во шема“ периодов каде е пријавена на тековните конкурси како „Славко Крстевски“, „Сплоти се Македонијо“ и т.н. 

1

Рингераја: Кажи ни нешто за твоите почетоци? Кога стана свесна за твојот талент?  Како сфати дека сакаш да бидеш писател? 

Билјана: Мислам дека стануваш свесен дека така речи „те бива за пишување“ кога веќе ќе успееш да напишеш книга, бидејќи постојано, за разни потреби, сме „принудени“ да пишуваме, но до тогаш нештото го сметаш за нормално, очекувано или едноставно обврска.  Во оној миг кога ќе почнеш да пишував за душата, тогаш стануваш свесен за својот талент. Па, можам да си дозволам да кажам дека тоа важи и за мене, па слободно да означиме – на 16 години, додека бев средношколка. Отсекогаш потсвесно сакав да напишам своја книга. Сестра ми успеа да „начкрта“ едно книжуле на тетратка, во меѓувреме стана мајка, а како да ? се заблагодарев за најубавата вест во тој период, што станав тетка за првпат, се „заозбилив“, седнав и за седум дена напишав тинејџерско романче. Да не беше нејзината книга, која за жал сега не знаеме ни каде исчезна, можеби немаше да се охрабрам. Во тие денови, влијание имаше и поттикот на тогашната професорка по пракса по очна оптика.

Рингераја: Кога започна со пишување и како увиде дека тука 'лежи' книга? 

Билјана: Пишувањето тогашно на 16 години беше чудно. Кога се навраќам наназад, се уште не ми е верно како успеав да создадам роман, да истраам во раскажувањето на приказната, а да не биде, ниту песна, ниту расказ, туку нешто подолго и посодржајно... И едноставно чувствуваш дека „тоа е тоа“. И чувството расте кога напишаното ќе го поделиш со другите – најпрво со сестра ми, па со Искра по пракса и моите другарки. Понатаму веќе „писателски“ созреваш и си посигурен дека, „а, да, тука лежи материјал за книга“.

Рингераја: Колку книги имаш издадено? Дали имаш соработка со издавачка куќа? Каде може да се набават книгите? 


Билјана: Како што спомнавме, автор сум на вкупно три книги – „Вистинска љубов“ – тинејџерски љубовен роман (напишан 2007, објавен 2013г., промовиран јуни 2014г.), „Предигра низ песна“ – збирка поезија (2014г.) и „Секунди на љубов за памтивек“ – налик на интимен љубовен дневник во поетска проза (напишан 2015г., промовиран 2019г). Гледајќи ги овие датуми, можеме да забележиме дека објавувањето одело некако оттешко... Многу ми беше криво што „толку мала“ успеав да напишам книга, а ја објавив дури по шест години, откако станав порешителна и заштедив пари. Можеби проблемот лежи во немањето соработка со издавачки куќи, но од друга страна за да го постигнев тоа, тогаш, па и сега, значеше пари, а немав толкави можности тоа да си го дозволам. Знам дека бенефитот отпосле може да ми двократен, па и повеќе, но кога немаш да вложиш, а за спонзорства нема расположение, издавањето е тешко, а токму тоа и обесхрабрува во пишувањето. Зашто не е само да напишеш нешто, туку сакаш да допре тоа напишаното и до некого. И никогаш не сум гледала на издавањето мои книги како на заработка и ден денес сум така речи во минус од тоа. Отсекогаш сум сакала барем да ми се врати влогот, да го покријам трошокот, а воедно да ме читаат другите. Пробав со продажба преку „Купи книга“, во смисла да биде „Вистинска љубов“ достапна и до поширока публика, но искрено, и ден денес, никој нема купено од таму. Моментално ги има во книжарницата „Викели“ во Прилеп, а можат во секое време да се набават и лично од кај мене. 

2

Рингераја: Колку долго трае процесот на пишување една книга? Од каде инспирација? Кое ти е омилено време за пишување? 

Билјана: Релативно прашања со релативен одговор. Секоја книга различен период настанала... „Вистинска љубов“ за една недела ја напишав, а инспирацијата меѓу другото доаѓаше и од потрагата по вистинска љубов, што воопшто е и во сржта на романот, чии имиња и личностисе измислени, позајмени и сменети. Отсекогаш сум голем фанатик на љубовта, особено онаа вистинската и отсекогаш потсвесно и самата не само што ја посакував, туку и ја барав наоколу како и главниот лик, девојката по име Иса во овој свет полн со недоразбирања и страдања. Како и да е, отсекогаш ми била инспирација љубовта -  и во животот, и во пишувањето. 

И „Предигра низ песна“ настана брзо – под еуфорија на промоцијата на првата книга во 2014г., сфатив дека во период од неколку месеци имам испишано многу песни кои можам да ги издадам. Првично беше двојно поголема, но со лекторот Сузана Крстеска, сфативме дека за збирка поезија се премногу песни, се заситува сетилото за поезија, па решивме да ја сведиме на 100 страници, што убаво испадна крајно, особено од причина што, токму така речи „негативната поезија“ ја изоставивме за „некоја наредна книга“,  можеби навистина не требаше да се објават бидејќи беше полна со негативни чувства, со тага, болка... и остана едно убаво книжуле со кое секој може да се опушти и релаксира читајќи ги љубовните стихови и по некој софт еротика.  

„Секунди на љубов за памтивек“, настана слично кога сфатив дека имам доволно материјал за книга, а од друга страна плански, со оглед дека скоро секој ден, во изминатата година додека ја пишував, сум напишала по една песна. Таа е налик на дневник, означувајќи ги деновите во кои си ги напишала, а според начинот на кој ја прилагодуваме приватноста при објавувањето  на социјалната мрежа „фејсбук“, дали сакаме да биде јавно, или можеби само јас да го гледам. Инспирацијата ми беше мојот сопруг, тогаш симпатија и воопшто љубовта, копнежот по вистинска љубов, избрбелана со исчекување, страст, надеж...како и самиот наслов – љубовта може да е таква, да трае само неколку секунди, но цел живот да ја памтиш.

А омилено време за пишување, секако ми е ноќта, и тоа во оние доцни часови кога не знаеме за што сè може да преговори ноќта, особено кога е најтивко... А додека работев на компјутер не бирав време за пишување – пишував во секое време, од нигде никаде, секогаш кога мислите сами ќе наидеа, а прстиве не ќе можев да си ги запрам...Затоа и ми фали тој период, кога пишувањето доаѓаше природно, само од себе. 

Рингераја: Членуваш во книжевни групи, па какво е твоето гледиште - какви читатели се македонците? Се читаат и ценат македонските автори? Имаш ли некој омилен македонски автор? 

Билјана: Членувам во повеќе книжевни групи, но искрено сум повеќе „набљудувач“, затоа што секогаш е присутен стравот дека твојот коментар не само што нема да им се допадне да другите, туку може да биде предмет на дискусија и напаѓање. А како читатели, ние македонците сметам дека сме широкоградни, но претежно сакаме сè што не е наше. Многу малку се читаат македонските автори, можеби сме скептици што може македончето да напише... Лично јас редовно читав поезија, особено и онаа објавувана по социјалните мрежи од македонски автори и де уживав, де се воодушевував од нивниот начин на пишување, а неретко истите ми беа и мотив и поттик и јас поинтензивно да пишувам. Така, во тој период, се читавме со Ана Бунтевска многу... Во поново време, од романи, прочитани ми се оние на сограѓанката и професорка по македонски јазик, Билјана Тинтоска и можам да кажам дека има што да се научи, особено изобилуваат со духовно богатство и значењето на семејството. Инаку, си забележувам и себе си што предност им давам на светските, ајде да речам познати автори, но мислам дека е крајно време, во она малку слободно време што го имам, кога веќе читам книга, тоа да биде од македонски автор. Како би ме читале мене, ако јас не ги читам моите колеги по перо?!

3

Рингераја: Дали и колку читаш? Кој жанр го преферираш? Кој е твој омилен автор? 

Билјана: Желба преголема за читање, а време премалку, но се обидувам да држам некој баланс, во секоја можна прилика да се освежам со некоја нова приказна. Се случува со месеци да не прочитам ништо, а некогаш дури и за два дена, две книги да прочитам. Според она што го пишувам, очигледно е дека преферирам љубовни романи, иако едно време читав и трилери и драми. Со оглед дека времето на читањето ми е сведено на минимум од многубројните обврски и малкуто време за себе, гледам да прочитам нешто што ќе ме опушти и нема многу да ме заморува. Мислам дека омилениот автор ми се менува според периодот и интензитетот на читање, односно периодично се „навлекувам“ на еден автор и гледам сè негово т.е. нејзино да исчитам додека можам. Така, сега за сега, уживам читајќи ги Џули Џејмс, Софи Кинсела, па и Колин Хувер, претежно лесна романтика.  


Рингераја: Што според тебе ја прави една книга добра? 


Билјана: Иако многумина ќе речат „не постои лоша книга“, можеби навистина нема кога „нема соодветна публика за неа“. Според мене, добра книга е онаа која ќе ти се вмрежи и долго време откако ќе ја прочиташ, која ќе те тера да ? се навраќаш, да размислуваш за неа и кога не ја читаш, и откако си ја прочитал... Притоа, сметам дека, пресудно влијание тука нема само приказната, туку и стилот на кој е напишана.  


Рингераја: Што би им порачала на сите оние писатели во обид кои негуваат желба за пишување, но се плашат да издадат свое дело? 

Билјана: Пишувајте! Секогаш, во секое време, макар да треба и на фискална сметка, на салфетче да ја запишете мислата. Драгоцени се тие моменти и затоа секогаш максимално трудете се да ги зачувате. А ако се плашите да го издаде напишаното, прво споделете го со најблиските, и кога ќе слушнете дека навистина „напишаното е добро“, пишувајте уште повеќе и издадете го, зашто само така ќе бидете „слушнати“, зашто така ќе допрете до некого, зашто само така можете да сменете и нечиј живот. 

Рингераја: Кога да очекуваме нешто ново од тебе? 

Билјана: Уфф, едно од најтешките прашања. Имам „дупка“ во пишувањето еден подолг период, дали од премореност, дали од обврски, дали немање доволно време за читање и „хранење“, дали што премногу пишувам научни трудови... И сè додека размислувам дека одамна немам ништо напишано, уште потешко ми оди. Збровите знаат да ми запнат во грлото, небаре кнедла се, небаре треба да ги изговори, а не да ги напишам... Ми фали да пишувам, да уживам во секој стих и одново да се заљубувам - во сопругот, во животот, во поезијата за него создадена, во пишаниот збор... Но, верувам дека оној момент кога ќе се опуштам, во истиот миг ќе излезе и нешто ново од мене. 

Рингераја: Мајка си на две деца Како тебе те промени мајчинството?
Како што спомнав, Таиса има 3 години и 10 месеци, а Доротеј, 5ипол месеци. Мајчинството и тоа како ме промени. Ми ги смена видиците и воопшто целиот начин на живот и заштитување. Не залудно велат дека мајките стануваат лавици за нивните чеда, но и плашливи срни – стравуваш за сè, трудејќи да ги воспиташ најдобро што умееше. Но, поубава улога од мајчинството нема – тоа дава смисла на животот и кога мислиме дека најмалку има смисла... Токму поради улогата на мајка се трудам да бидам и подобра личност, да им бидам пример на моите деца, безусловно сакајќи ги.  Мајчинството дава сила да истраеме и кога е најтешко, да се бориме (бидејќи веќе има за што и кого), тоа ти е како она светло на крајот од тунелот. Ти го обојува животот во најразлични бои, оние живописни, тиго исполнува денот, а нема мајка што не би дала и направила сè само за една насмевка на детето – тоа за неа е најголема награда...
Рингераја: Накратко за твоите искуства како трудница, родилка, доилка..
Билјана: Мислам дека овде нема накратко...дали тој период е таков, или до мене е што сум долгометражна . Како трудница во првата бременост мислам дека поминав одлично, да не речам од лесно – сè правев како и претходно, а во втората бременост бев поуплашена и од се ти е мака и болка чувстуваш. Мислам дека кога си помлада и не знаеш што да очекуваш е полесно, на сè си подготвена, а и воопшто похрабра си. Секоја наредна бременост, наместо да ти е полесно, од се стравуваш, веќе знаеш што да очекуваш – барем раѓањето е побрзо, хехе. Со првото раѓање мислам дека болницата ја “кренав“ од болка – првин ме фалеа, „ааа браво, оф не рече женава“, ама ко наближија болките, беше така речи неиздржливо, но вредеше – самиот чин на раѓање е толку совршен, благороден, во смисла на чувството што те обзема при раѓање и покрај болката. Буквално, нема поубаво чувство од тоа да донесеш бебе на овој свет, бидејќи го чувствуваш како се откинува од тебе, целиот тој процес е магичен. За второто, бев далеку похрабра, веќе знаев што ме чека и болките дома ги издржав, во смисла, дури појдов на болница – родив, експлозивно, за неполни 30тина минути сè на сè. Не знам дали е убаво да признаам, но Таиса ја доев скоро 3 години – да не останев повторно бремена, можеби и немаше да се откажиме – таа беше „зависник од доење“, а искрено, нема поблагородно чувство од тоа и дефинитивно ја јакне врската меѓу мајката и детето. Доеничкиот стаж го продолжив и со Доротеј, но мислам дека до две годишна возраст е идеално време за доење, понатаму само е усилено и можеби непотребно, во смисла на добивање на сите хранливи материи преку млекото бидејќи детето веќе јаде сè. Како и да е, би препорачала на сите мајки да не се откажуваат од доењето – на почеток е многу стресно, неизвесно, особено во смисла дали му е доволно, да не немам доволно млеко, но со упорност и истрајност се успева во доење. 
Рингераја: Кој е најдобриот совет за родителство кој си го добила?
Билјана: Уфф,, мислам дека не би знаела да издвојам, бидејќи тоа е катадневно и се сраснува со тебе. Се сеќавам кога се  двоумев за мајчинството и кога на сестра ми (од неа ги добивам дефинитивно најдобрите совети за сè!), која е три години постара од мене и е мајка на три деца – најмалото двеипол, најголемото скоро 14г..) и реков дека уште не ми се верува дека сум мајка, а таа ми возврати „Верувај, и тоа најдобра мајка си! Храбра! Му го даде на твоето дете најбитното – мајчинска љубов, здравје и живот со мајчиното млеко. Секој не го можи тоа.“ А цело време ми се мота низ глава и една нејзина реченица / мисла – „Кралица си ти кога стана мајка, мое срнче.“ 
" Искрено се надевам и верувам и дека моите книги ќе стигнат до пошироката читателска публика. Вредат, не дека се мои, туку дека допреле веќе до некого, за многумина знаеле да бидат „доза за вечерно опуштање, смеење, па и помалку насолзување“ читајќи ја дури и поезијата, а не само романот или дневникот" - за крај додава Билјана. 

 

Се надеваме дека ќе биде така и ? посакуваме уште многу успеси!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Фото: Сите сватови на оваа свадба паднаа в...
Венчавката која сигурно ќе се запамти по случката која сакаат да биде заборавена!
3
8 изненадувачки вистини за сексот по пород...
Колку долго по раѓањето можете да имате секс и каков ќе биде тој? Следете го овој постпородилен водич за удобен и пријат...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?