vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Секој ден се повеќе ме изненадува - колку повеќе зборува, толку повеќе ме остава без зборови - мојата мала дрдорка.
Слог по слог - нов збор. Ги ниже зборовите и плете реченици, таа мала дрдорка.
И тука пак нема крај на изненадувањето и мојата среќа - секој нов зборовен состав си го прославува со песна - мојата дрдорка. Тон по тон - излеала своја композиција.
Нема мрачна тишина да ме убива – тишината ја убива гласот на мојата несопирлива дрдорка.
Гласот кој веќе не е бебешки плач, туку континуирана мисла, преточена во вистински разговор или приказна. Гласот кој ми одѕвонува со илјада и едно прашање. Гласот кој ги пее најубавите песнички, најмилозвучните ноти. Гласот на најмилата зборливка.
Ете ја мојата денешна среќа и животна сила - мојата дрдорка.
Ваша sandriana RR
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
21
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...
Како може да се чувствувате по породувањето?
По раѓањето на бебето започнува нов период исполнет со радост, но и со...
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...