Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ефективно однесување на возрасните при воспитување на детето:
1. Со разговор наведете го детето да Ви каже што сака да знае и какви информации му се потребни.
2. Поттикнувајте го во ситуациите кога му оди добро, но и кога нешто ќе му тргне на лошо со:
- мали, но пријатни изненадувања
- внимателно слушање со цел да почувствува дека ни е важно тоа што го зборува
- наведете го да си дава поткрепа и да се наградува кога нешто добро ќе направи
3. Дајте му признание за неговото позитивно однесување:
- кога ќе покаже самостојност и одговорност
- кога ќе си го одржи ветувањето
- кога лесно ќе се прилагоди на нова ситуација, кога е подготвено да преговара и постигне компромис
- кога самостојно ќе донесе одлука
- кога ги планира своите активности и кога поставува јасни и дофатливи цели
- кога успешно комуницира со другите
- кога штеди
Неефективно однесување на родителите при воспитување на детето
1. Забушавање (“Кога конечно ќе ја средиш својата соба, ти реков 5 пати?”)
2. Проповедање (“Знаеше како треба, зошто не постапи така? Се срамам од тебе!”)
3. Оптужување (“Како можеше, после се што направив за тебе?”)
4. Заканување (“Ако веднаш не престанеш да зборуваш ќе те накажам на татко ти.”)
5. Споредување (“Брат ти е многу попаметен и помирен од тебе.”)
6. Викање (“Тишина!”)
7. Критикување (“Навистина си блесав. Ако вака продолжиш којзнае каде ќе завршиш.”)
8. Ќотек (“Ова ме боли повеќе од тебе, се надевам ќе запомниш тоа повеќе да не го правиш.”)
9. Казнување (“Заради тоа што го направи цела недела нема да излезиш од дома.”)
Ако неефективното однесување на родителите трае подолго време, го расипува добриот однос со децата и често ги повредува бидејќи е присилувачки. Кога возрасните ги присилуваат децата на нешто, тогаш тие:
- Бурно реагираат, викаат, уништуваат предмети, се тепаат;
- Се повлекуваат во себе на различни начини: претерано спијат, ги игнорираат возрасните, стануваат безволни и депресивни.
Стилови на воспитување и нивното влијание врз децата
Стил на воспитување
|
Постапки на родителите |
Влијание врз децата |
Пермисивен
| Не поставуваат правила за однесување и нивниот однос со децата е топол и емотивен. | Децата воспитувани по овој стил се импулсивни, неконтролирано се однесуваат, самоувренени се, наметливи и асоцијални. |
Авторитарен (строг)
| Родителите се груби, неприлагодливи и непопустливи кон детето. Родителите немаат разбирање за детските желби и потреби, ладни се кон децата. |
Децата воспитувани по овој стил се агресивни, имаат проблеми со врсниците и се склони кон антисоцијално однесување |
Авторитативен
| Родителите имаат рамноправен однос во комуникацијата со децата, ја поттикнуваат нивната самостојност и одговорност, нивната подготвеност за постигнување на компромис и планирање на сопствените активности. Авторитативните родители имаат топол однос кон децата, ги разбираат детските желби и се прилагодливи, но знаат и да постават граници и правила. |
Децата воспитувани во овој стил ќе бидат пријателски настроени кон другите, самостојни се и имаат самодоверба, знаат да го прилагодат своето однесување кон одредена ситуација. |
Хиперактивен (презаштитнички) | Односот е топол, но значи претерана заштита на детето и грижа за секоја ситница која би можела да го наруши идеалниот развој на детето, според замислата на родителот. |
Претерано заштитените деца ќе бидат несамостојни, нестаболни, пречувствителни и несигурни. |
Индиферентен (занемарувачки) | Родителите немаат мотивирачки воспитен однос кон детето и се незаинтересирани за детскиот раст и развој. Родителот го игнорира детето и го остава да се снаоѓа само. |
Децата воспитувани на овој начин се непослушни и не соработуваат во социјални активности, имаат низок степен на самопочитување. |
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Шминка за мајки кои немаат време за комплицирани рутини
Мајчинството носи многу убави моменти, но и многу малку слободно време...
Лекови и терапии за регулирање на крвниот притисок
Регулирањето на крвниот притисок е многу важно за здравјето на срцето,...
Како високите температури влијаат на зачнувањето?
Летните горештини носат повеќе време на отворено и подобро расположени...
Како расте бебето во првата година од животот?
Првата година од животот е период на неверојатно брз раст и развој. За...
Отежнатото дишење е чест симптом во бременоста и кај многу жени се пој...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.