|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мамичке, ме боли увото!

Редакција Рингераја, 28.2.2012
Раното откривање на симптомите на ушните инфекции, кај малите деца е од исклучителна важност. Колку побрзо ќе отпочне терапијата, толку поблаги ќе бидат мачнините, а лекувањето побрзо.

image
/11


 

 

Инфекцијата на увото е исклучително честа појава кај бебињата и малите деца, до втората година од животот. Бидејќи, по се судејќи е неизбежна, раното откривање на симптомите гарантира брзо лечење. Прочитајте ги советите од лекар и дознајте повеќе за болките во увото, како и за тоа што можете да преземете за да ги ублажите, доколку Вашето дете добие ваква инфекција.



Факти:


1.    Стручњаците проценуваат дека дури 80% од децата  заболуваат од воспаление на увото барем еднаш до третата година од животот. Најчестиот причинител е вирална инфекција, како што е настинката. Но, воспаленијата на увото можат да бидат и од бактериска природа, доколку бактериите, по пат да вода, допрат до внатрешноста на увото на детето.


2.    Инфекциите на увото многу почесто се јавуваат кај бебиња, отколку кај поголеми деца и возрасни. Тоа е делумно заради неразвиеност на имунолошкиот систем, а делумно заради тоа што ушните канали кај бебињата и децата се пократки отколку кај возрасна личност, па микроорганизмите полесно допираат до ушното тапанче. Во тој случај се јавува воспаление, кое е попратено со болки.

3.    Најчест облик на ушна инфекција е otitis media – инфекција на средното уво. Кога оваа област на увото е инфицирана, во неа се собира течност, која врши притисок на ушното тапанче. Заради тој притисок се јавува покачена температура и силна болка. Притисокот на течноста, заради големата количина, е толку силен што може да предизвика пукање на ушното тапанче. Тоа се манифестира со престанок на болката и истекување на вода од увото. Перфорираното ушно тапанче најчесто зацелува самостојно, без примена на било каква терапија, но сепак е неопходно да го одведете детето на лекар, ако се случи тоа.

4.    За намалување на болките најдобро е детето да ја прими препорачаната доза на парацетамол. Примената на овој лек исто така ќе ја намали и покачената температура. Доколку не се намалат болките по два дена примање парацетамол, одведете го детето кај лекар, заради адекватен преглед со отоскоп.

5.    Многу лекари веруваат дека антибиотиците не се неопходно средство за терапија кај инфекции на средното уво. Повеќето симптоми се повлекуваат со тек на време, не оставајќи долготрајни последици. Иако антибиотиците се понекогаш неопходни и можат побрзо да ги редуцираат симптомите, лекарите денес се поретко ги препишуваат за воспаление на увото.

6.    Добрата вест е што ризикот од ушни инфекции опаѓа како детето расте. Воспалението на средното уво најчесто се јавува кај малите деца до петтата година од животот и се губи до поаѓањето на училиште. Проблемот со слухот е еден од симптомите на инфекција на увото, што значи дека ќе се изгуби, по лечењето. Опасноста од трајно оштетување на слухот е исклучително мала, но бидејќи детето се потпира на слухот, при развој на говорот, потребно е родителите навреме да го воочат овој проблем и да се обратат кај специјалист.



Може ли инфекцијата на увото да го оштети слухот?


Одговор од експерт: Понекогаш се случува, како последица на инфекција на средното уво, оваа област да се исполни со густ, леплив секрет, што го нарушува слухот. Но овој проблем е со краток век и се повлекува без примена на терапија. Меѓутоа, ако детето не слуша повеќе од недела дена, постои можност тоа да се одрази негативно на способноста за говор. Ако епизодите на запушено уво се јавуваат почесто кај Вашето дете, неговиот слух ќе биде доволно долго нарушен за да се појават проблеми со развојот на говор. Затоа морате веднаш да се обратите кај лекарот.


Внимавајте на овие знаци:


* Детето Ве следи со големо внимание додека му кажувате нешто, како да сака да Ви чита од усните.
* Секогаш седи во близина на телевизорот, или бара да се зголеми тонот.
* Доколку му се обраќате на детето кога не сте во негов видокруг, тоа не ја врти главата.
* Детето може да стане пасивно и со потешкотии да се концентрира на некаква активност.



Како да утврдите дали се работи за инфекција на увото?


Кај Вашето бебе или дете ќе забележите еден од овие симптоми:


- Болки во увото, заради што ќе ги трие или повлекува ушите.
- Непрекинато плачење, што е основен показател за инфекција на уво кај мали деца.
- Болка при цицање и голтање - бебето може да престане да цица и да ја заврти главата од дојката или шишенцето
- Тешкотии во спиењето, заради силните болки во увото, како и притисокот кој се јавува во увото, заради положбата на лежење.
- Исцедок од увото, кој може да сигнализира пукање на ушното тапанче.
- Благо нарушен слух, заради што детето нема да реагира кога ќе му се обратите индиректно.
- Пролив и/или повраќање
- Покачена температура (над 37,5)

 

Најефикасен начин за ублажување на болките


- Дајте му на детето препишана доза на парацетамол со што ќе ја намалите температурата и ќе ги ублажите болките.
- Облечете го детето во полесна облека за да не му биде премногу топло, ако има висока температура.
- Наполнете пластично шише со полна вода, завиткајте го со крпа и држете го блиску до увото на детето.
- Доколку инфекциите на увото се последица на алергии тогаш есенцијалните масни киселини (како оние во рибиното масло) можат да ги редуцираат отоците и да го подобрат имунитетот. Витаминот Ц исто така го подобрува имунитетот, но најдобро е да се посоветувате со лекар, пред употреба на витамински препарат.
- Избегнувајте миење на косата, пливање или бањање во полна када, кога детето има инфекција на увото, бидејќи нови бактерии можат да продрат до неговата внатрешност.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Затоа што првите 5 се најважни на свет
ПРИВАТНА ДЕТСКА ГРАДИНКА БАМБИНИ-ОКИТЕКС
4
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
3
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?