vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Млади брачни партнери влегле во продавница и почнале да ги разгледуваат наредените играчки. Имало кукли кои се смеат и плачат, автомобили кои се движат сами, имало дури и кујни кои сами прават торта. Но не можеле да се договорат што да купат, па им се приближила продавачката.
“Видете, имаме мало девојче, а поголем дел од денот поминуваме надвор од дома.”
Тогаш сопругот рекол: “Нашето девојче многу ретко се смее. Сакаме да и купиме нешто што ќе ја направи среќна. И тогаш кога нема да бидеме дома. Нешто што ќе ја разведри кога ќе биде сама.”
А продавачката одговори
“Жал ми е. Ние овде не продаваме родители"
-----------х------------
На децата им е потребно многу љубов и внимание, па и тогаш кога се многу мали. Како што 15-годишното момче запиша во својот дневник: “Сакав млеко - ми дадовте бебирон, сакав родители – ми дадовте играчки, сакав да разговарам – ми дадовте телевизор, сакав љубов – ми дадовте морал, сакав среќа – ми дадовте пари. Барав смисла на животот – ми дадовте кариера. Сакав надеж – ми дадовте страв. ”
Едно девојче вака го доживеа таткото: “Татко ми наутро излегуваше и навечер се враќаше среќен што не гледа. Кога никој друг не успеваше да отвори шише, тој го правеше тоа. Само тој не се плашеше да отиде во мрачниот подрум по дрва. Кога врнеше дожд, тој одеше по автомобилот. Ако некој беше болен, тој трчаше по лекови. Се плашев од другите луѓе, но не и од својот татко. Еднаш му направив чај. Тоа беше обична загреана вода со шеќер. Седеше до мене, пиеше и зборуваше за тоа колку е вкусен чајот. Едно утро, кога имав девет години, тато не можеше да стане. Не мислев дека неговата смрт ќе ме погоди толку многу. Ни денес не ги знам причините за тоа.”
8
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Дали природното секогаш значи и безбедно?
Кога станува збор за здравјето, исхраната и негата на телото, многумин...
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста, но важ...
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Промена на вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок е природен дел од женското репродуктивно здравје. ...