vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Многу мајки мислат дека за одвикнување од пелени е секогаш рано, па така многу деца и со три и пол години сеуште носат пелени.
За да не се доведете во таква ситуација, себеси и детето, искористете го ова лето. Олеснителна околност е тоа што облекувањето и соблекувањето се многу полесни (детето носи помалку слоеви облека), заради топлото време не мора да се грижите дека детето ќе настине.
Во процената за спремност на детето постојат неколку важни моменти на кои треба да се обрне внимание: дали детето е заинтересирано да оди во тоалет, дали сака да носи гаќички и слично, дали е свесно дека пелената му е сува или мокра и дали се жали на мокрите пелени. Проверете дали детето со гестикулации или зборови најавува дека извршува мала или голема нужда и се користи ли во секојдневниот говор со зборови кои означуваат извршување на нужда.
Вооружете се со трпение и почнете со подготовки. Набавете неколку пара гаќички и резервна облека и носете го нокширот и кога одите надвор од дома. Кога еднаш ќе започнете – не престанувајте, за да не го збуните детето.
План
- Набавете нокшир (детето само нека го избере) или држач за WC школка.
- Извадете му ги пелените на детето и ставете му гаќички кои лесно се соблекуваат и облекуваат.
- Одведете го детето повеќе пати со себе во WC и објаснете му за што служи и како Вие го користите. Кажете му дека и тоа треба себе да врши нужда во нокшир или на WC школка.
- Кога ќе забележите дека детето дава знаци за вршење нужда, понудете му го нокширот.
- Ако детето се измочкало во гаќите немојте да негодувате само мирно кажете му дека сега е потребно да го пресоблечете.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?