|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

lady_bug: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 12.9.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Ник: lady_bug

Датум на породување: 09.08.2011 година

Тип на породување: природно

Болница:

 

 

Откако дознавме дека ќе добиеме нов член во нашиот живот, почнав да се менувам и така цели 9 месеци за мене беше припрема за долгоочекуваниот момент.

Се' се случи како во една минута (барем мене така ми изгледаше). До мојот термин имав уште цели две недели. Беше понеделник, цел ден бев кај моите на гости и кога требаше на приквечер да си одиме, ми доаѓаше некоја мачнина во желудникот и си велев дека е нешто од храната. Си дојдовме дома и се полошо и полошо ми стануваше, излегував-  влегував внатре – надвор, никако не бидуваше и почна да ме фаќа некоја нервоза и тоа баш баш нервоза. Сопругот ме прашуваше зошто сум таква, а јас му велев да молчи и се така додека не ми се приспа. Заспав, се вртев, се будев на саат време и беше 3,45 кога се свртив на страна и кога од мене како река да се изли. Во тој момент се здрвив и знаев дека ми пукна водењакот.

Веднаш го разбудив сопругот, а тој целиот испаничен повеќе од мене и отидовме во болница во 4 часот утрото, ме примија ме прегледаа ми направија ЦТГ и сестрата вели- бебево гајле нема си ужива внатре имаш многу додека да се породиш прст и пол си отворена. Кога ми го рече тоа скиснав велам кој ке цека сега зашто не знаев воопшто што ме чека.

Ме сместија во предпородилна соба во кај лежеше една трудница со болки и јас легнав чувствував благи болки во долниот дел на стомакот. Гледам почна да се разденува. Околу 5 и пол часот чувствував се појаки и појаки болки кои почнаа да стануваат се почести и почести се поболни и поболни. Вриштам ама џабе, сите спијат. Околу 7 часот дојде докторот, ме прегледа и си замина велејќи дека имам уште многу, бидејќи сум само два ипол прста отворена.

 

Легни- стани, оди па кога ќе фатеа болките не пуштаа мислев ги стопив рачките на креветот и веќе не можев да издржам и викнав по сестрата. Дојде и докторот, ме прегледа и рече кога ке добијам јак напон да викам по нив. Тој речиси беше до врата кога  јас вриснав, рече ајде качувајте ја на бокс. Јас целата се тресам, играм дури и си велам ајде само да биде ајде само да биде неможам веќе не се трпат болките.

Легнав на бокс и тој ми кажува како да напнам и јас така правев и само кога рече на сестрата - сецни ја малку си реков отидов туку само детето да излезе живо и здраво и само одеднаш како напнував осетив олеснување и кога го гледам мојот сакан син ГРИГОР пред мене. Тогаш прснав во плач, го гушнав, го галев, не знаев ни сама во тој момент што правам. Докторот ми кажуваше дека ќе ме шијат но воопшто не ме интересираше само си го сакав син ми до мене. После 2 часот ме однесоа во соба и земав веднаш телефон се јавив на маж ми кој беше отишол на пат за Гевгелија тоа утро кога ме остави во болница и реков- ШТО ПРАВИШ тој-ништо РЕКОВ-ДУШО МОЈА СИ ДОБИЛ СИНЧЕ СТАНА ТАТКО И ПРСНАВ ВО ПЛАЧ

Тој остана целиот збунет и во тој момент ми го донесоа Григор до мене. Не знаев ни самата што чувствувам -сестрата вели еве го твојот син се роди 3,300 долг 52 cm,нека ти е  жив здрав и реков фала многу и повторно прснав во плач

После тоа следуваа јавувања, честитки и после два дена не пуштија домче и вечерта кога останавме сами со маж ми застанавме пред креветчето на нашиот син и само се погледнавме и се гушнавме и кога прснавме и двајцата во плач од радост и среќа што не верувам дека би можела да ја опишам туку само се доживував ваква радост и ми вели-МИ ПОДАРИ НЕШТО НАЈУБАВО И НАЈСВЕТО НА ОВОЈ СВЕТ-ВИЕ СТЕ НАЈГОЛЕМОТО БОГАТСТВО ВО МОЈОТ ЖИВОТ. И на крај си легнавме со синчето помеѓу нас и бевме пресреќни.

 

Сега Григор има месец дена, човеченце наше мало и сеуште не можам да си ги средам емоциите дури ја пишував приказнава потонав во солзи, секако солзи радосници.

 

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Григор !

 

Топ 10 породилни приказни

 

Melanija *: Мојата породилна приказна

 nadica: Мојата породилна приказна

 Тања: Мојата породилна приказна

 Anushka: Мојата породилна приказна

cecka: Мојата породилна приказна

ananikol: Мојата породилна приказна

 kikicka: Мојата породилна приказна

 AnnaMolly: Мојата породилна приказна

 мичо: Мојата породилна приказна

 Palce: Мојата породилна приказна

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Очекуваат свои и близнаци од сурогат мајка
Брачен пар, кој се обидувал да добие бебе цела деценија, сега очекува четири бебиња, бидејќи и мајката и сурогат мајката...
4
Треба да јадам за двајца!?
Во првото тромесечие од бременоста на Вашето тело не му треба внесување на дополнителна количина калории од вообичаените...
3
Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?