|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Крварење во второто и третото тромесечје од бременоста

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Прочитајте кои се најчестите причини поради кои во второто и третото тромесечје доаѓа до крварење

image
/11


Некои жени никогаш немаат крварење во текот на бременоста, кај некои крварење може да се појави само еднаш, а кај некои се јавува од време на време во текот на целата бременост. Тоа може да биде слабо, во облик на капки на облеката; силно, како за време на менструален циклус или многу посилно; со темно кафена боја или јако црвена боја. Во секој случај многу ќе ве исплаши. Она што треба да го знаете е дека крварењето во бременоста е многу честа појава и за среќа не е секогаш сериозно. Повеќето жени кои имаат крварење за време на бременоста ја износуваат до крај и раѓаат здрави деца. Сепак, постои и крварење кое може да посочува на сериозни проблеми, затоа од големо значење е да знаете кои се можни причини за крварењето и што претставуваат и кога треба веднаш да реагирате.
Слабото крварење во второто и третото тромесечје од бременоста не би требало да биде знак за грижа, но доколку крварењето е посилно и трае подолго, тогаш треба да се јавите на доктор, бидејќи може да се работи за нешто сериозно. Во секој случај, кога сте пред крај на бременоста се препорачува задолжително да се јавите на доктор доколку дојде до било какво крварење. Можни причини за крварење во овој период од бременоста се:

Чувствителност и растење на грлото на матката

Кај некои жени може да дојде до слабо, краткотрајно крварење после сексуални односи или гинеколошки преглед. Ова се случува поради растењето на матката во бременоста, а грлото станува се почувствително. Ова крварење не е опасно доколку е слабо и повремено, но сепак треба да се информира доктор.

Ниско сместена постелка (placenta praevie)

Ова е ретка појава и се случува еднаш во 200 бремености. Настанува кога постелката се наоѓа многу ниско во матката и кога со еден дел целосно го прекрива грлото на матката. Оваа положба на постелката може да го спречи доаѓањето на бебето на свет, па понекокаш неопходно е породувањето да се направи со царски рез. Ниско сместена постелка (Placenta praevia) се јавува кај жени кои имале повеќе бремености, носат повеќе бебиња одеднаш, имале претходно царски рез или нкоја друга операција на матката. Крварењето предизвикано од оваа состојба има јако црвена боја и обично нема болки. До крварење најчесто доаѓа кога настанува ширење на долниот дел на матката, при што доаѓа до растегнување на постелката и попуштање на крвните садови. Ова е сериозна ситуација која треба веднаш да се пријави на доктор, за да се превземат соодветните чекори. Кај некои жени може да дојде до placenta praevie и без крварење и тоа секогаш може да се открие при нормален ултразвучен преглед.


 Одвојување на постелката предвреме (Abruptio placenta)

Ова е исто така, многу ретка појава и настанува кога постелката со еден дел или во потполност ќе се одвои од ѕидот на матката, најчесто во последните 12 недели од бременоста. Иако причината за предвременото одвојување на постелката не е позната, сепак постојат ризични фактори како што се висок крвен притисок, возраста на трудницата, трауми или повреди на стомакот, конзумирање на дрога или пушење за време на бременоста, за кои се смета дека можат да влијаат на одвојување на постелката предвреме. Крварењето предизвикано од одвојувањето на постелката може да биде слабо и силно, често потсетувајќи на менструално крварење и може да содржи грутки. Но, секогаш се јавуваат слаби или јаки болки и грчеви. Ова е сериозна состојба за која треба веднаш да се информира матичниот гинеколог, за да се превземат соодветни мерки, бидејќи ако крварењето е многу силно тоа значи дека дошло до потполно одвојување на постелката што може да биде фатално за животот на мајката и бебето. Во некои случаи постелката може да се одвои и без крварење. Крвта тогаш се собира во матката, предизвикувајќи силни болки и голема чувствителност на матката и стомакот на допир.

Пукање на ѕидот на матката

Кај некои бремености може да дојде до пукање на ѕидот на матката, што значи дека бебето со еден дел или пак целото ќе се најде во абдоменот на мајката. Ова е навистина многу ретка појава, но и многу опасна по животот на мајката и бебето. До пукање на ѕидот на матката може да дојде во текот на бременоста, но и за време на породувањето. Повеќе од четири породувања, вагинално породување после царски рез, операција на матка, невообичаено големо бебе, раѓање на повеќе бебиња одеднаш (близнаци, тројки...), неправилна положба на бебето при породување, различни трауми се само дел од можните причини за пукање на ѕидот на матката. Симптомите можат да бидат најразлични, од многу силно крварење до смирување на болката во моментот кога ќе пукне ѕидот и повторно зголемување на болката при иритација на абдоменот. Ова се најважни знаци дека веднаш треба да се јавите на доктор или во брза помош.

Предвремено породување

Крварењето може да биде знак и за предвремено породување. Околу 5 недела пред терминот за породување, може да се појави мала количина на вагинален исцедок кој е мешавина од цервикален слуз и крв. Доколку ваков исцедок приметите порано, тоа може да биде знак дека ќе дојде до предвремено породување. За предвремено породување се смета породувањето пред 37. недела од бременоста. До него може да дојде доколку жената носи повеќе од едно бебе, порано имала предвремно породување или намерни абортуси, ако постојат неправилности на матката или грлото, инфекција на уринарниот тракт, бубрезите, вагинална инфекција, некои хронични болести , како и поради пушење, алкохол и конзумирање на дрога во бременоста, емотивни и физички стресови, но и многу други ризични фактори. Најчести знаци на предвремено породување се воденест исцедок од вагината кој е мешавина од слуз и крв со темно кафена или црвенакаста боја, контракции или стегнање на матката, болки како за време на менструација во долниот дел на стомакот, болки до долниот дел на грбот, притисок во карлицата, грчеви (обично пратени со дијареа), мачнини. Доколку се сомневате на предвремено породување важно е веднаш да се јавите на доктор. Брзо и адекватно реагирање може да спречи несакани последици по мајчиниот живот и животот на бебето.

Спонтан абортус во поодмината бременост

За спонтан абортус во поодмината бременост се смета секое исфрлање на фетусот меѓу крајот на првото тромесечје и 20. недела од бременоста. Во овој период фетусот најчесто не може да преживее, ниту со сериозна лекарска грижа. Доколку се појави слабо крварење со црвенскаста или кафена боја во траење од неколку дена, јавете се на доктор, бидејќи тоа може да биде знак за спонтан абортус. За да се зачува бременоста, докторот може да побара да се направи серклаж. Доколку дојде до силно крварење проследено со болки и грчеви, може да значи дека сонтаниот абортус е во тек. Тогаш морате итно да се јавите на доктор или во најблиската болница.

За крај треба да знаете дека сите овие состојби кои се наведени се исклучително ретки, но сепак важно е да се запознаете со можните симптоми и да го информирате својот доктор, дури и кога се работи за слабо крварење или слаба болка. Во поголемиот број случаи нема да има потреба за грижа и докторот ќе ви препорача да мирувате, сепак ризик од сериозни проблеми секогаш постои, па затоа ве советуваме да се обидете да го намалите ризикот на кој може да влијаете, за да имате што посигурна и поубава бременост.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
3
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
3
5 корисни совети за трудници во лето
Поради високите температури и спарнини, летото за трудниците може да биде многу напорно и стресно. Секако треба да ги по...
3
Растење на плодот по недели, 1. тромесечје
Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?