vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Токму во овие години често се појавуваат т.н. кризи на раст, фази кога детето одеднаш станува понервозно, поплачливо или потешко за разбирање.
Иако можат да бидат предизвикувачки за родителите, овие кризи се природен дел од созревањето.
Криза околу 1 година: „Сакам сам“
Околу првиот роденден, детето почнува да ја открива својата независност. Може да покаже отпор при хранење, облекување или спиење. Чести се промените во сонот и апетитот, бидејќи детето учи да оди, зборува и да го истражува светот.
Како да му помогнете?
Понудете избор, на пример, две маички, две играчки, но со јасни граници. Трпението е важно.
Криза на 2 години: „Јас одлучувам“
Оваа фаза е обележана со инает, силни емоции и тантруми. Детето сака автономија, но сè уште нема развиени вештини за самоконтрола.
Како да му помогнете?
Останете смирени, именувајте ги емоциите односно дали детето е луто, смирено, тажно, сречно и држете се до конзистентни правила.
Криза на 3 години: Емоционална бурa
На три години детето почнува повеќе да комуницира, но и да ги тестира границите. Може да се појави несигурност, стравови и потреба за постојано внимание.
Како да му помогнете?
Рутината и предвидливоста создаваат чувство на сигурност. Посветете време за разговор и игра.
Криза на 4 години: Фантазија и реалност
Во оваа возраст фантазијата е во полн замав. Детето може да има ноќни стравови, силни реакции или нагли промени во расположението. Ова не е регресија, туку развој на имагинацијата.
Како да му помогнете?
Слушајте без потценување и објаснувајте што е реално, а што е игра на умот.
Криза на 5 години: Внатрешни конфликти
На пет години детето сака да биде „големо“, но сè уште има потреба од поддршка. Може да покаже несигурност, љубомора или повремени испади на лутина.
Како да му помогнете?
Поттикнувајте самодоверба преку пофалби за труд, не само за резултат.
Криза на 6 години: Премин кон нова фаза
Оваа криза често се јавува при поаѓање на училиште. Детето може да биде чувствително, раздразливо или повлечено, бидејќи се соочува со нови правила и очекувања.
Како да му помогнете?
Разговарајте за промените, подгответе го детето однапред и покажете разбирање за неговите чувства.
Кризите на раст не се знак за лошо однесување, туку сигнал дека детето се развива. Тие се минливи, но начинот на кој родителите реагираат остава долготрајно влијание.
Секоја криза е чекор напред во развојот на детето. Со љубов, трпение и јасни граници, родителите можат не само да ги преживеат овие фази, туку и да изградат силна емоционална врска со своето дете.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Исхраната не е единствениот фактор што влијае врз нашето расположение ...
Кои се главните принципи на медитеранската исхрана?
Медитеранската исхрана се смета за еден од најздравите начини на исхра...
Зошто бебето е гладно и по млечен оброк?
Се случува бебето да побара повторно да цица или да пие млеко кратко в...
Како да го испланирате првото патување со бебето?
Првото патување со бебето може да донесе возбуда, но и многу прашања. ...
Дали цигарите ја намалуваат плодноста кај жените?
Пушењето цигари може негативно да влијае врз женската плодност, да ги ...