vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Козјото млеко е богато со многу протеини, и многу есенцијални амино киселини. Познато е дека козјото млеко уште пред многу години било употребувано како лек. Козјото млеко е полесно за дигестија од кравјото, а освен тоа содржи и помалку лактоза, па поради ова лицата кои се чувствителни на лактоза можат многу по лесно да го поднесат. Козјото млеко содржи многу витамини, минерали, а малку калории, па не треба да се грижите дека со неколку чаши козјо млеко дневно ќе внесете многу калории.
Козјото млеко е одлично и за новороденчиња по престанокот на доењето, и за мали деца исто така, за разлика од другите видови млеко, козјото млеко има помала склоност кон создавање на алергии. Козјото млеко е навистина благодет за организмот, бидејќи го јакне и чува имунитетот, а исто така ги штити и зацврстува белите дробови на малите деца. Изобилството на витамини од групата Б, козјото млеко исто така го прават заштитник на нервниот систем.
Според познавачите на народната медицина, козјото млеко е делотворно и при проблематичен желудник и хронични проблеми со црниот дроб. Козјото млеко е навистина многу по делотворно и по корисно за здравјето од било кое друго млеко, особено за децата, затоа можеби е време да започнете да размислувате редовно да го внесувате во вашата исхрана, барем во доручекот.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...
Смири го умот, поврзи се со бебето
Бременоста е период исполнет со убави очекувања, но и со многу прашања...
Знаци и симптоми на спонтан абортус
Спонтаниот абортус е губење на бременоста пред фетусот да може да преж...