|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Кои продукти ги прават децата попаметни?!

Редакција Рингераја, 28.2.2019
„Ти си она што го јадеш.” Мудра мисла, која треба да си ја спомнуваме почесто, ако сакаме да бидеме здрави. Ова, секако, важи и за храната што ја консумираат нашите деца, бидејќи таа е од суштинско значење за нивниот развој
Клучни зборови:

image
/11


Иако нема магична храна која ќе го претвори детето во гениј, сигурно има храна која може да им помогне на когнитивните способности на малите. Како едни од најпознатите корисни за здравјето на мозокот јадења се риба, чисто месо, млеко, грав.

Ние споделуваме уште четири храни за да направиме дел од детското мени.

Боровинки

Секој родител знае колку е тешко да го натера детето да јаде корисна храна што не ја сака.

За среќа, еден од најдобрите продукти кои можат да помогнат за подобрување на мозочните функции на адолесцентите, се вкусните боровинки, со кои може да ги направите и поинтересни чиниите на децата кога им сервирате овошни салати, закуски.

Како боровинките, така и малините содржат соединенија кои ја подобруваат меморијата. Иако малите ги помнат лесно информациите највкусното овошје ќе им обезбеди дополнително енергија за учење, како и најважните калиум, фосфор, витамин А , витамини од групата Б.

Јаболка

На децата им се допаѓаат во форма на свеж сок или едноставно природно консумирање. Но, што ги прави јаболката толку корисни за нашето здравје?

Излегува дека сочното овошје може да ни помогне да се заштитиме од штетните ефекти на хемикалиите кои можат да предизвикаат оштетување на мозочните клетки. Исто така, јаболката се богата со антиоксиданти, калиум, магнезиум, фосфор, витамини А и Ц, витамини од групата Б, влакна.

Јајца

Јајцата се друга храна што може да ги направи децата попаметни, па можете да ги направите дел од вашиот здрав појадок ако се уште не сте.

Според истражувањата, јадењето јајца за појадок обезбедува здрава доза на омега-3 масни киселини кои го штитат мозокот, како и витаминот Е, кој може да помогне во борбата против депресијата.

Исто така јајцата содржат голем број на основни хранливи елементи, важни за развојот и растот на децата, како фосфор, калиум, калциум, магнезиум, витамини од групата Б и други.

Црно чоколадо

Чоколадото е омилениот деликатес за децата. Бидејќи нема како да не им даваме да јадат помалку од него, најдобра опција е да им понудиме да пробаат црна чоколада. Благодарение на какаото во него, таа помага за подобрување на циркулацијата, подобрување на меморијата, го подобрува расположението и не го зголемува толку нивото на шеќерот во крвта, за разлика од другите омилени слатки на децата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што прават родителите додека нивните деца ...
Авторот на духовити книги за родителство, тато Клинт Едвардс, искрено објасни што навистина прават родителите кога нивни...
4
Улогата на семејството во воспитувањето на...
Семејството е првата и најважна средина во која детето учи како да го разбере светот околу себе.
4
Деца мои, со вас сум, без разлика на се!
Ќе бидам вас, ако станете астронаути, или учители, или луѓе кои само се борат да си го најдат патот. Сите ние се бориме ...
4
Заблуди за маслиновото масло
Можеби мислите дека знаете се' за маслиновото масло, но овој вкусен, здрав и хранлив производ е многу покомплексен откол...
4




Анкета

Капење бебе.
пеперутка16

Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)