Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ихх, каква среќа за еден црногорец! Мислам, свесен сум дека најважно е детето да биде живо и здраво, но повторно срцето ми е некако полно. Мажиште, син...Докторката Љуба излегува со широка насмевка и јасно ми е дека породувањето поминало добро и дека Славица и јунакот се ОК. Се допирам во задниот џеб да проверам дали списокот со машки имиња е тука (мала помош на кумата околу изборот на името) и само чекам потврда на сето ова па да им јавам на дедовците и останатите блиски да подготват артилерија, а комшиите шлемови и панцири. Која кафеана има доволно инвентар да направиме лом и каде да се најдат музиканти кои се кадарни да го издржат маратонот кој следи? Августовското сонце ме грее, а срцето чука во двоен такт. Планирам испраќање во војска, место за сите медали и спортски трофеи кои мојот наследник секако ќе ги освои. Веќе ја чувствувам среќата кога ќе дипломира на некој реномиран факултет и страв дека ќе отиде во некоја од странските земји по парче леб...
Добро утро Драгане, честитам!, рече Др. Љуба
Нешто промрморев, веројатно и се заблагодарив, но не сум сигурен.
Славица и детето се добро, породувањето помина во најдобар ред, продолжува таа. Во себе им се заблагодарувам на Бога, на Св. Јован и на Василие Острошки, на сите светци знајни и незнајни, но успеав да изговорам едно: добро е!
Бебето е тешко 3.100 гр. и долго 53 cm., продолжува докторката. Хм, јас бев тежок 3.750 гр. и долг 57 cm. Можеби делијата ќе повлече гени од страната на Славица, но нема врска, тие се добри и чесни луѓе. Од друга страна пак, гените се чудо, можеби ќе порасне до 190-200 cm., си сметам во себе. Којзнае уште какви тупави мисли ми паѓаа на памет, кога докторката повтори: Ви честитам уште еднаш Драгане. Вие знаете дека синот е секогаш син....
Тооооооо мајсторе!!! Славице секоја чест, ќе те сакам уште повеќе (ако е тоа можно).
...а ќерката е и ќерка и син, завршува докторката.
Морее, има да навива за Партизан и да крши ср....Некое чудно чувство ме обзеде. Не ве разбрав добро, едвај прозборев.
Добивте прекрасно девојче, можете да влезете на кратко. Аман луѓе, Боже, природо, Славице, фала на секоја можна сила која ми ја подари таа прекрасна, гладна, најслатка на светот појава која ме воодушеви и ми се залепи за срцето во оној момент кога ја здогледав. Моја. Не ја давам на никого. Сакам да ја украдам од градите на Славица и да ја земам во овие мои рачишта, да ја ставам на грбот и да летам, да ја прелетам цела земјина топка. Ма каква топка, вселената, универзумот....Срцето сака да скокне од градите, ама нека скока само да ја припијам до себе, да ја заштитам од се', да се надвиснам над неа и да ја штитам од се'. Моја. Не ја давам на никого.
Годините си поминуваат. По Кристина добивме уште три деца. Сите машки. Благодарен сум, нема потреба да ја опишувам таа љубов. Во доверба, се надевав дека барем уште едно ќе биде девојче, но нема врска. Си ја имам мојата Кика. Мојата ќерка-син. Мојата слабост и мојата сила. И тоа никој и ништо не може да го промени.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?