Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Со љубов и дисциплина. Погрижете се вашето дете да ја добива потребната љубов и внимание и воспитајте добра и независна личност. Децата на четиригодишна возраст стануваат посвесни од порано - време е да воведете дисциплина во вашиот дом.
На четиригодишна возраст, вашето дете ќе има непредвидливи емоционални однесувања и одговори, но с? уште нема да биде во состојба да управува со своите емоции. Честопати детето може да се однесува лошо само за да ви досадува (мала доза на детски садизам). Таквото однесување, покрај тоа што ве иритира и збунува, понекогаш претставува посериозен емоционален проблем. Обично, детето се ослободува од таквото непримерно однесување со заодување во училиште, сепак, тоа не значи дека треба да му дозволите да ве контролира вас или да ве заплашува.
ЛАЖЕЊЕ
Лажењето на оваа возраст е многу честа појава. Тие лажат од најразлични причини, понекогаш од страв да не бидат казнети поради некоја грешка или постапка што ја направиле, понекогаш бидејќи отишле предалеку со нивната фантазија или пак поради желбата да ги имитираат возрасните. Пред да го казните вашето дете бидејќи не ви ја кажува вистината, обидете се да ги сфатите неговите мотиви.
Кога детето лаже за да ја избегне казната, најчесто се работи за прекршување на некое од домашните правила. Ако сакате да ви се исповеда или да ви признае, ќе морате да му објасните дека лагата е најлошото дело, бидејќи с? уште не е во состојба да ја сфати тежината на престапот. Вашата лутина, бес и казнување чувајте ги за моменти кога упорно ја крие вистината, наместо да го обвините кога се сомневате дека има направено некое лошо дело. Ако ја признава грешката, иако сте нервозни, одложете ја казната за моменти кога упорно лаже и не ја признава грешката.
ИЗМИСЛЕНИ ПРИКАЗНИ
Раскажување измислени приказни е сосема различно од лажење. Ова обично е израз на фантазијата на вашето дете и никого не повредува. Тоа може да биде проблем само доколку вашето дете или поретко вие, не сте во состојба да разликувате фантазија од лага. Но, доколку лажењето на вашето дете е само копија на вашето секојдневно однесување, вие ќе можете да го спречите таквото однесување со промена на вашиот личен модел. На тој начин вашето дете би сфатило дека претходното однесување било само привремено, налик на детска игра.
Кога вашето дете слуша од вас како раскажувате невистини, тоа не може да сфати дали тоа е само ваша тактика или само интелектуален напор да избегнете да повредите нечии емоции. Сепак, тоа знае дека вие не ја кажувате вистината, така што сега се чувствува слободно и тоа да може да раскажува приказни со лаги. Вие би требало да му ја објасните разликата меѓу моментално измислените лаги и лагите во класичните приказни, од каде што произлегуваат и пораки на писателот во вид на народни приказни, каде најчесто има надмудрување и борба за правда. Успехот е поверојатен доколку вие имате правилно држење во секој поглед и во секоја прилика.
4
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...