|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како Филе ја запроси Весна?

Јелена Димовска, 15.8.2013
Во ниту еден момент не можев ни да замислам дека токму на тој начин ќе ме побара за сопруга. Бев на подготовки во Струмица со екипата, а тој пристигна од Барселона. Кога се видовме, нормално прво гушкање за добредојде и бакнеж...А потоа...?
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Уште еднаш се покажа дека спортот пред сe ги спојува луѓето. Фудбалот е причина поради која се запознале фудбалската голманка Весна Витанова и ТВ-новинарот Игор Филевски-Филе, кои три години подоцна во „Ројал парк“ во Струмица го прославија најубавиот и најзначајниот ден во животот – свадбата. Се одлучија за тематска свадба, во која секако доминираше фудбалот. За невестинската торта одбраа фудбалска топка, а заднина за фотографирање – гол.

- За нашата прослава каневме луѓе кои се обвиткани во љубов и насмевки, а тоа пред сe се нашите најблиски и вечни пријатели – велат тие, а најважно им е во нивните животи да се застапени оние традиции кои тие самите ќе си ги изградат. Затоа и не се оптоварувале кои и какви обичаи ќе има на нивната свадба.

 

1

 

- Во изминатиот период многу прошетавме, видовме многу убави работи, различни луѓе, обичаи, народи... Голем дел од тоа што го запознавме и доживеавме ни се допадна и спонтано стана дел од нашиот живот. Традициите се создаваат и менуваат. Така е и со нашите - едногласни се двајцата.

Не сакаат обични и стандардни нешта, без разлика дали станува збор за патувања, или пак местото каде ќе ја прослават својата љубов. Таа нивна неконвенционалност се покажа и во начинот на кој Филе ја запросил Весна.

- Ме изненади, иако очекував да го постави прашањето. Во ниту еден момент не можев ни да замислам дека токму на тој начин ќе ме побара за сопруга. Бев на подготовки во Струмица со екипата, а тој пристигна од Барселона. Кога се видовме, нормално прво гушкање за добредојде и бакнеж. А во бакнежот прстен. Потоа следуваше ерупција од позитивна енергија канализирана на милион начини – вели Весна.

Нивните професии се тоа што на почетокот ги спои, но тоа што ги држи заедно се истите ставови кон животот, особено заемниот поглед кон животот од неговата позитивна страна.

- Целосно ме привлече, со сe што е тој - неговиот став кон нештата, искреност, посветеност и неговото меше. Има голема љубов во него и добра мисла за сите. Ме научи и јас да го почитувам тој дел од животот токму на таков начин - а и Филе бил привлечен токму од истите карактеристики на Весна.

- Но исто така знае да каже дека го привлекло и тоа што имам спортско одржувано тело и знае да потенцира и некои делови од него како битен сегмент во перцепцијата на привлечностите – вели Весна полушеговито.

Во нивниот однос нема место за караници, повишен тон, сите проблеми со искрен и отворен разговор ги решаваат веднаш штом ќе се појават.

- Не се караме многу, нашите недоразбирања најчесто се поради спротивни ставови и мислења за некои работи. Анализираме, ставаме на маса, ги разгледуваме ставовите и носиме одлука. Не попушта никој и нема потоа смирување, бидејќи всушност тоа не ни било кавга. Имало моменти кога ќе згреши некој од нас во однос на некоја ситуација, но и тогаш се решава во дел од мигот. Ние двајца се трудиме околу нас да нема воопшто негативна енергија и негативни луѓе и веројатно затоа и така се справуваме со малите препирки – објаснува Весна.

Нивна желба е да имаат многу деца, но не се оптоваруваат ниту со бројки, ниту пак со временски рокови.

- Филе секогаш вели, ние само треба да сакаме, а универзумот се ќе реализира за нас, ќе ни ги намести патеките. Истото мислење и јас го имам, сe ќе биде како што посакуваме во моментот кога ќе дојде.

Тие се сега на слатка мака, да одлучат каде ќе живеат - дали во Македонија, Шпанија, или....

- Ќе живееме секаде каде што ни е убаво. Сега сме на релација Скопје, Струмица, Барселона. Се надевам дека следниот период ќе ни се остварат плановите, па ќе живееме малку и во Мадрид. Имаме многу планови и ги реализираме чекор по чекор. Во Барселона е прекрасно. А како и да не биде кога е еден од најубавите медитерански градови. Живееме на најубавата плажа во цела Каталонија, што се вели во соседство сме со најголемите фудбалски ѕвезди од клубот. Ние не сме луѓе кои се врзуваат за места.

 

2

 

Сакаат да шетаат, да откриваат нови градови за живеење, да запознаваат нови луѓе, култури и традиции и тешко им е да одвојат што ги импресионирало особено.

Монсерат е едно од местата што секогаш ќе ги паметам. На највисоката точка на планината, меѓу манастирите и облаците. Ница, Кан со Кроазета за мене беа неверојатно искуство, црвениот тепих на кој газат сите светски актерки. Монте Карло мислам дека секогаш ќе го паметам со својата светлина и чистота. За казината и формулите воопшто и да не зборувам. Венеција е прекрасна. Навистина тој град живее во друга димензија. Мадрид е неверојатен исто така за мене како искуство. Од кралскиот белег до мојот омилен фудбалски клуб Реал Мадрид. Мец во Франција, со своите катедрали и историја. Луксембург, Келн - фантастични. Тешко можам да се одлучам каде најмногу ми се допаѓаше. Секаде! - вели Весна.

Покрај неа е Филе на подготовките, да i даде поддршка, совет, да биде со неа.

- Се труди секогаш да биде покрај мене кога имам големи и важни натпревари. Неговата енергија е многу важна за мене. Но и да не е со мене, јас ја чувствувам. Таа наша поврзаност нема ограничување. Дали е до мене или е две и пол илјади километри подалеку - чувствувам како да е во мене. Тоа е нешто што ми е потребно и што ме движи. Неговата позитивна енергија ми е како дел од тренингот – вели Весна.

 

Освојување на зелените терени

Весна Витанова е една од најдобрите македонски спортистки, максимално посветена на тоа што го работи, секогаш подготвена да биде се подобра, за да го достигне совршенството во својата работа.

-Од секогаш го сакам спортот, тренирам од мала. На почетокот го одбрав ракометот и тоа беше мојата љубов, се додека сосема случајно не застанав меѓу фудбалските стативи кога се пријавив да заменам голман. Веднаш се вљубив во овој спорт и оттогаш ги свртев речиси сите фудбалски градови во Македонија, а сега од клубот „Наше Такси“ во септември заминувам во „Леванте Лас Планас“ во Шпанија, тим кој настапува во првата шпанска фудбалска лига. Фудбалот ми го исполнува денот со многу позитивна енергија.

За тренинг, за секој вежба се подготвувам со максимална концентрација, а од кога ќе заврши се чувствувам како нов човек. Исчистена од се што ми се случувало претходниот ден, а збогатена со нови научени лекции и посовршена. Кога тренирам го чувствувам сопствениот ум и тело до максималните граници.

За мене во тие моменти нема нешто невозможно. Тоа понатаму се пресликува и во останатиот дел од денот, и дома и каде и да сум.

 

Рецепт за успешна врска

- Мора да си го слушаш срцето. Сe почнува внатре и с се движи поради него. Умот е само модератор на срцето. Додека луѓето не почнат да функционираат само врз база на тоа што им го кажува срцето, секогаш ќе бидат на раскрсница и ќе чекаат да светне зелено светло. А замислете дека семафорот може да се закочи и да остане на црвено. Затоа срцето најдобро знае кога треба да се придвижите и да чекорите, а кога да застанете и повторно да вдишете длабоко. Животот е најубавото нешто што може да му се случи на човекот. Но, не животот утре, не животот задутре или следната година, туку животот денес и сега. А кога двајца истовремено ќе го знаат тоа и се заедно, тогаш нема рецепт за успешна врска - има живот во супериорна и позитивизирана комуникација – вели Весна.

 

Вереничкиот прстен дизајн на Филе


- Во семејството на Филе нема прстен кој се пренесува од колено на колено. Тоа што било нечие, останува такво. Верува и сака да комуницира со сопствените и сегашните енергии. Така беше и овој пат. Прстенот е негова изработка и посветеност. За мене тоа е најубавиот подарок што можам да го добијам бидејќи токму неговата енергија е вградена внатре.

 

3

 

Автор: Јелена Димовска

Преземено: Теа Модерна

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Наочари за сонце според формата на лицето
Наочарите се задолжителен додаток за пролетно-летната сезона – ги штитат очите од сонцето, ги сокриваат подочниците и го...
3
Направете го Вашето секојдневие поинтересно
Колку повеќе сакате да знаете за светот и за луѓето кои Ве опкружуваат, толку животот Ви станува поинтересен
3
Елена Ристеска се мажи!?
Според извори блиски на пејачката, по веридбата која се случила пред неколку месеци, Елена и нејзиниот свршеник Бојан се...
3
15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?