Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Погледнете како да се справите со милионите прашања на вашето дете
Како да се справите со љубопитноста на децата?
За што ли не ни прашуваат децата - "Зошто ветрот дува ?, Кој ги измислил парите ?, Што се случува после смртта?". За да се справи еден родител со сите прашања на својот љубопитко треба да биде и психолог, и раскажувач, и "подвижна енциклопедија".
Се е во ставот
Понекогаш возрасните не се расположени и немаат ниту сили, ниту желба да се објаснуваат. За да се подготвите правилно за дијалог со љубопитно дете треба да го имате во предвид следново:
Поставувањето прашања е природен порив. Ако детето е љубопитно за работите од животот, тоа е повод да се радувате, да го наградувате и да го задоволувате овој негов интерес.
Секој збор на детето не е обид да ве извади од рамнотежа, туку е покана за разговор. Конзумирајте секое "зошто" од негова страна како подарок и чин на доверба.
Вие не сте обврзани да знаете се. Може да не одговорите на прашањата, но не ги игнорирајте.
Најчестите прашања кои ги поставуваат децата можат да бидат поделени во неколку групи:
Фактички - прашања кои опфаќаат секакви теми од геополитика до виша математика. Ако вашето дете е љубопитно и често поставува вакви прашања не го игнорирајте, туку напротив наградувајте го неговиот интерес, додека расте.
Прашања за животот и смртта - на овие теми е тешко да се разговара, бидејќи и возрасните се плашат од неизвесноста во која се спакувани раѓањето и смртта. Психолозите советуваат да се штеди психата на детето и по можност да се користат алегории. Не ги претворајте раѓањето и смртта во волшебна бајка, но не стигнувајте до премногу натуралистичко претставување на настаните.
Филозофски - тоа е покана од страна на детето да зборува со вас. Бидете дарежливи во аргументите, разговарајте, давајте примери - така ќе гозапознаете детето со детали од вашата биографија и вашето разбирање за светот.Најважно е да не го наметнуваат своето мислење. Погрижете се да создадете услови за дијалог, за да може детето исто така да ги искаже своите размислувања на оваа тема.
Апсурдни - прашањата од ваков вид на пример "Зошто мачката има нозе наместо раце?", Само на прв поглед се бесмислени. Всушност тие ни овозможуваат да го видиме светот со очите на детето. Иако ви се чинат смешни, одговарајте им целосно сериозно, поправајте грешките и дополнувајте го одговорот со факти и примери.
Кога водите разговор со вашето дете, имајте го во предвид следново:
Не лажете
Не плашете се да му признаете на детето дека не знаете нешто, дури и да станува збор за елементарни прашања од училишната програма.
Не избегнувајте одговорот
"Уште си мал за да прашуваш за тоа", "Ќе разговараме кога пораснеш" - овие изговори можат да го иритираат, но не и да ја задоволат детската љубопитност. Да се ??шегувате по темата исто така не е решение, бидејќи прашањето повторно останува отворено. Најдобро е да го адаптирате одговорот кон возраста на детето, да се отстранат сите сложени термини и излишни детали, но сепак да дадете одговор.
Барајте одговор
Во денешно време информации за секаква тема се само на еден клик од вас. Не знаете одговорот на некој збор - одлично, значи со детето сте во иста позиција. Започнете заедно да барате информациите во енциклопедии или на интернет, прашајте некој познат специјалист за темата. На крајот, освен што ќе добие нови знаења, детето ќе научи да работи во тим.
Одделете го мислењето од фактите
Објаснете однапред дали ќе разговарате со прецизни факти или ќе искажете ваше сопствено мислење. И не заборавајте дека ако мислењето е ваше, треба да оставите детето да не се согласи со вас и да има своја теза по прашањето.
забава Бремените
Автор: bobik
Децата паѓаат. Тоа е дел од нивниот раст, игра и учење. Од првите обид...
Првата играчка не е само обичен предмет. Таа е првиот мост кон светот ...
Како да ги заштитите коските за време на бременост?
За време на бременоста, телото на жената прави неверојатни прилагодува...
Митови и вистини спиење со бебето во ист кревет
Што треба да знаете пред да ја донесете оваа одлука, со срце, но и со ...
Фризерскиот салон како оаза за бремени жени – еве зошто
Мирисот на шампон, звукот на фенот и тишината на мислите. Понекогаш, т...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: