Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Внимание, голо дете!
Една од најнеобичните работи со кои сигурно сте се сретнале е голо дете. Сте го завртиле грбот на три минути и вашето дете е веќе без облека. Не грижете се. Во овој период децата немаат органичувања и не ги интересираат нормите на однесување.
Иако вам можеби и не ви е најпријатно кога ќе се случат такви ситуации, но тоа е само фаза која ќе помине.
Чепкање на носето
Чепкањето на носето, како и истражувањето на другите делови од телото е нормална работа за сите деца на оваа возраст. На децата им е се ново и со љубопитност сакаат да ги откриваат новите чувства и впечатоци во текот на оваа рана развојна фаза.
Чепкањето во носот не е баш убава навика, но обидете се да останете мирни. Свртете му го вниманието или објаснете му на детето дека е срамота некои работи да се прават во јавност.

Оживување на плишаните пријатели
Некои деца ги носат секаде своите плишани пријатели, им прават ручек, ги ставаат на спиење, додека други со нив разговараат. Тоа е нормална детска реакција на сознанието дека светот е конфузно место, кој е тежок за разбирање. Со замислените пријателчиња е многу полесно. Прифаќајќи го светот на фантазијата на детето, ја прифаќате и неговата креативност.

Ставање во уста работи кои не се за јадење
Дали некогаш сте го фатиле детето како јаде песок или кал? Ставањето на работи кои не се за јадење во уста е начин за истражување на светот. Но, обрнете внимание колку често се случува тоа. Доколку детето често става песок во уста, време е да го искарате и да го однесете на преглед кај педијатарот, бидејќи во песокта најчесто може да има и измет од животни.

Категорија на општо чудни навики
Некои деца сакаат да носат наметка цел ден, некои сакаат постојано да одат боси. Некои лаат како кучиња, а некои испуштаат звучи на камион. Некои сакаат постојано да бидат валкани, па си истураат песок, на глава, додека други не сакаат ни малку да им се валкани рацете. Сето тоа е нормално.
Блесавите фази се нормален дел од растењето и ако за кратко завршуваат, оставете ги децата да ги надживеат сами.

4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Спортот и плодноста, умереностa е важна
Физичката активност е еден од најважните столбови на здравиот живот, н...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)