Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Со мојот сопруг излеговме на романтична вечера на Св. Валентин. Ресторанот беше прекрасен, храната одлична, друштвото неверојатно, но во моментот кога тој ме праша како се чувствувам, не можев да ги зaдржам солзите. Немав причина за плачење. Немав причина да бидам тажна. Напротив, бев опкружена со благослов. Но зошто ја почувствував таа празнина во тој миг? Моите чувства не беа рационални, но за мене беа реални.
Се почувствував заглавена во улогата на мајка. Во исто време чувствував и вина што е тоа така, бидејќи да се биде мајка е прекрасно и единствено. Го сакав мојот сопруг, си ги сакав децата, но сепак почувствував тежина.
Мислев дека во секој момент ќе експлодирам. Можеби тогаш ќе вратам нешто од старата јас.
Не сум единствената мајка што се чувствува вака.
Мајките со овие чувства се секаде околу вас. Веројатно не сте ги ни забележале, бидејќи тие не сакаат никој да знае дека чувствуваат страв дека не се доволно добри мајки.
Сакав да направам нешто во врска со тоа чувство. Сакав да сум среќна.
Пронајдов начин како да се поврзам со мојот идентитет и да си го сакам животот, онаков каков што е сега.
Размислете:
Вие вредите!
Се враќаме во ресторанот со мојот сопруг каде јадам прекрасна вечера. Сфатив: мојата тежина и празнина доаѓаат од тоа како се гледав себеси во тој момент и помислив ЈАС ВРЕДАМ!
Зошто ние мајките понекогаш не сфаќаме дека вредиме? Како тоа да се промени?
1. Научете дека не сте совршени.
Имаме толку многу сфаќања и идеи како треба да се однесуваме за да сме совршени мајки. Но, тие не постојат. Оставете ги нереалните очекувања и уживајте во секој миг од несовршенството и сите оние прекрасни работи кои ги правите како мама.
2. Не се споредувајте
Мора да престанеме да се споредуваме. Неретко ги споредуваме нашите недостатоци со јаките страни на другите мајки. Секоја мајка е посебна на свој начин, затоа стоп!
3. Развивајте го талентот.
Кога ќе престанеме да се споредуваме, може да почнеме да се фокусираме на нашите јаки страни како мајка, нашите таленти и како може истите да се искористат за да ги направиме среќни луѓето околу нас. Истражувајќи се себеси и она што сме можеме да се чувствуваме повредни како индивидуа.
Не заборавајте, ВРЕДИТЕ. Му значите премногу на Вашето семејство. Имате сила, талент и способности кои само Вие ги поседувате. Откријте ги, искористете ги и бидете исполнети.
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.