vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Не станува збор за обично пешачење, туку за свесно контролирано движење, каде секој чекор е поврзан со дишење, држење на телото и внатрешна стабилност.
Оваа техника, која потекнува од источните традиции на движење, станува сè попопуларна поради бројните физички и ментални бенефити. Но што точно е јапонско одење и зошто треба да му дадеме шанса?
Што претставува јапонското одење?
Јапонското одење (познато и како „Каиходо“) е форма на свесно, технички прецизно одење каде телото е во состојба на контролиран баланс, додека умот е фокусиран и мирен. Оваа метода се базира на:
Зошто е поразлично од обичното пешачење?
Иако на прв поглед изгледа како обично одење, сепак не е. Суштината на јапонското одење е внатрешниот фокус и прецизноста на секој чекор, а не само одење и остварување на замислените чекори и километри. Наместо автоматско движење, ова е активна форма на умствена вежба, што го ангажира целото тело особено средишниот дел (core), нозете и грбот.
Бенефити од јапонското одење
1. Подобрување на држењето и координацијата на телото
Редовното практикување ја зајакнува свесноста за телото, исправеноста и движењето. Тоа води до намалување на болки во грбот, подобра рамнотежа и полесно движење во секојдневието.
2. Јакнење на мускулите без стрес
Бидејќи чекорите се свесни, контролирени и стабилни, телото се активира рамномерно. Особено се зајакнуваат стомачните, карличните и мускулите на нозете, без агресивни движења или потреба од напорна опрема.
3. Смирување на умот и намалување на стрес
Дишењето кај јапонското движење е клучна компонента. Со секој чекор се дише ритмично, што помага во регулација на нервниот систем и внесува чувство на присутност и мир, слично на медитацијата во движење.
4. Согорување калории и подобрување на циркулацијата
Иако изгледа нежно, ненапорно, оваа практика е физички активна. Со 30-40 минути дневно јапонско одење се активира метаболизмот и се подобрува циркулацијата, без ризик од повреди.
Како да започнете?
Јапонското одење не бара скапа опрема, фитнес сала или дури посебни услови. Бара само внимание, доследност и мотивација. Во време кога светот трча, ова е практика што нè учи да застанеме, да дишеме и да го почувствуваме секој чекор, и со тело и со душа.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Моќно железо, “Паметни” јаглехидрати, Силата на протеините, Неодминли...
Матката и нејзината улога во менструацијата и бременост
Матката е еден од најважните органи на женскиот репродуктивен систем. ...
Како правилно да ја набљудувате цервикалната слуз?
Дали сте забележале дека вагиналниот секрет не изгледа исто во текот н...
Породувањето веројатно ќе ве изненади
Можеби сте гледале видеа, сте читале приказни, сте разговарале со мајк...
Колку често треба да се прави гинеколошки преглед?
Гинеколошкиот преглед не треба да се прави само кога имате симптоми. ...