Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Вежбајте секој ден
Потребно е и можно да се вежба секој ден, со различен интензитет. Ако сте почетници одредете си два дена во неделата за јак и долг тренинг и за овие вежби кои помалку ги сакате. Во другите денови можете да вежбате со поблаг интензитет.
Вежбајте без оглед на временските неприлики
Никако не смеете да го одложувате вежбањето заради временските неприлики. Во сите годишни времиња можете да го прилагодите вежбањето. Кога времето е топло секако дека ќе изберете активности како трчање или пливање, а во зима или есен можете да вежбате во затворена просторија.
Не чекајте друштво за тренинг
Сигурни сме дека повеќето од вас ќе се препознаат во реченицата “немам со кого да одам на тренинг”, но тоа е една од често самоограничувачките заблуди. Нека туѓиот изговор не служи како ваш сопствен. Напротив, се можете да направите сами и да бидете пример за другите.
Јадете колку што можете да потрошите
Златно правило и главен рецепт за одржување на идеалната телесна тежина е внесот на калории да го прилагодиме на неговата потрошувачка. На возрасен маж, кој не работи тешка физичка работа потребни му се околу 2500 калории, а на жена околу 2000 калории. Ако дисциплината на вежбање ни е потполно непозната или сме во неможност да направиме тренинг, нужно е да ја познаваме дисциплината на внесување на калории и да се прилагодиме на тоа. Притоа не треба хистерично да ги броиме калориите, или да чувствуваме грижа на совест за секој вишок кој ќе го внесеме, туку да ја разбереме неговата дефиниција, значење и целта на правилното хранење. Кога ќе ни стане јасно дека едно пакетче чипс од 100 грама има околу 550 калории и за што треба да трчаме 50 минути со најмалку 9 км/час, ќе ни стане јасно колку грешиме во изборот.
Исфрлете го непотребното грицкање на пртазни калории
Ќе останете запрепастени ако пресметате колку непотребни калории внесувате во текот на денот. Ако заради послаб оброк имате потреба да дополнително внесување на храна, побарајте нешто со што ќе го прекинете незгодното кркорење на желудникот. Делот од денот меѓу ручекот и вечерата е идеален за една рака бадеми, лешници или било кои други јаткасти производи, кои ќе ви дадат енергија и ќе ви обезбедат дополнителен внес на витамини, минерали и омега 3 масни киселини.
забава Бремените
Автор: bobik
Периодот по раѓањето на бебето е исполнет со силни емоции, од радост и...
Мајчинството и стресот: како да најдеш време за себе?
Мајчинството е прекрасно, но и исцрпувачко патување. ...
Силата на добрината во свет полн со горчина
Во време кога грубоста станува одбрана, а горчината секојдневие, добри...
Кафето за многумина е утрински ритуал, извор на енергија и мало уживањ...
За побрзо зачнување: Променете ги навиките навреме
Многу парови мислат дека зачнувањето е прашање на среќа, но во реалнос...