namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Соочувајќи се со хормонални промени, стомаче кое постојано расте, болки во кичмата, тестови на кои им нема крај, навистина не е лесно за време на бременоста. Но, прилагодувањето на временските промени може да придонесе кон вашите грижи додека сте бремена. Сакате ли да знаете 8 едноставни совети за преживување и да уживате во сигурна бременост за време на ладните зимски месеци?
Истражувањата докажуваат дека бремена жена треба да биде активна најмалку 2.5 саати во неделата. Така да, иако времето можеби е ладно и би сакале да се стуткате во вашето топло ќебе цел ден, зимата не е изговор за хибернација. Малку активност ќе ви помогне да ги надминете деновите со лошо расположение многу полесно, посебно кога времето е магловито и темно. Исто така многу ви помага за полесно да се породите. Може да излегувате на прошетка, но бидете внимателни на лизгави патеки. Исто така, избегнувајте високоризични зимски спортови како скијање. Може да вежбате пренатални вежби како јога и аеробик во удобноста на вашиот дом, за да останете витки за време на ладниот период.
Настинка и грип се најчестите ситуации за време на зимската сезона и како што имунитетот опаѓа додека очекувате, треба да бидете посебно внимателни. Осигурајте се да останете заштитени од инфекции, носете топли и чисти алишта.
Отсуството на сончева светлина за време на зимата креира погодна атмосфера за бацилите. Може да сретнете луѓе насекаде околу вас како киваат и кашлаат. Избегнување на бацилите и инфекциите може да биде навистина предизвик за време на ладната сезона. Мијте ги рацете за да избегнете инфекции. Пиење на млака вода исто така може да помогне да се елиминираат бактериите. Може да си носите санитер за раце и чисто марамче во вашата ташна. Исто така доколку сте дополнително претпазливи, може да проверите со вашиот доктор и да примите вакцина за грип.
За време на бременоста, циркулацијата на крв во вашето тело се зголемува и крвните садови се подложни на крварење. Силно дување на носот може да предизвика крварење. Користете навлажнувачи на воздухот дома за помогнете да се прекине крварењето од носот.
Кога времето е ладно надвор може да сте стрвни за некој топол и зачинет оброк. Но запамтете, брза и зачинета храна е едно големо не во бременоста. Наместо тоа, може да уживате во топла супа од зеленчук. Топол чај е исто добра идеја. Може да грицкате ореви, костени, бадеми лешници, сите здрави закуски. Балансиран оброк додека очекувате е најдобар начин за кревање на имунитетот.
7. Спијте добро
Бремени во зима? Спиењето е добра опција за вас. Кога се спуштаат температурите, лежење во кревет е извонредна идеја! Извлечете го најдоброто од зимата и одморете се соодветно. Ќе ви помогне да се подготвите подобро за периодот на непреспани ноќи откако вашето бебе ќе пристигне.
Сува кожа е чест проблем за време на зимата. Слободно мачкајте се со голема доза на путер за тело за да ја одржувате мека и нежна за време на ладната сезона. Убава кожа може да помогне да се чувствувате прекрасно и самоуверено за време на бременоста.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...