namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Сосема погрешна насока на размислување! Иако сега јадеме и живееме за двајца, на нашето бебе му е подеднакво важно да добива здрави намирници, да има фит мама која ќе ја задржи својата кондиција, еластичност и добра форма.
Ако не сте вежбале пред бременоста, сега не е време да се експериментирате со нови вежби во фитнесот. Ако сте имале рутини на кои сте се посветиле пред да покаже тестот 2 цртички, повеќето доктори ќе препорачаат да продолжите.
Но како поминуваат неделите, ќе намалите со интензитетот и фреквентноста, самото тело ќе ве води низ овој процес и нивото на удобност.
За здрава бременост, еве неколку начини како да ја задржите одличната форма и животот да ви биде полесен за време на бременоста, како и после породувањето.
Пренатална јога - Со скроени вежби за телото кое еволуира како бебето кое расте, пренаталната јога помага мускулите да се истегнат, загреат и да ја зголемат флексибилноста. Ова е толку важно бидејќи вашето тело постојано се менува за да му угоди на бебето. Со одржување на телото подвижно и флексибилно, ќе помогнете да се отстрани ризикот од предвремено породување. Јогата со помошно тегнење многу помага за олеснување на болката во кичмата и помага за подобар сон. Никогаш на одмет, секогаш многу помага - јогата е одлична!
Пливање: Со брцкање во базен, ќе помогнете да ја тргнете тежината од важите зглобови. Исто така ќе имате одлична кардио вежба, а не мора да претерувате со многу кругови, иако слободно може да пливате што е можно повеќе. Со аеробик во вода ги подобрувате спиналните мускули и ставата која најчесто страда во бременоста ќе биде цврста и стабилна.
Зумба/танцување - Не само што зумбата е забавна, ова е одлична кардио вежба! Кога вашето срце чука побрзо на дневно ниво, тоа го забрзува протокот на крв и помага плацентата да расте повеќе и да биде поцврста. Исто така, поминувате низ период полн со физички и емотивни промени, а танцувањето веднаш го подобрува расположението, помага во баланс и координација на телото.
Флексибилност и растегање - Ако ова е вашето прво бебе, многу е веројатно дека ќе искусите болка кај лигаментите. Ткивото тешко се тегне, телото за прв пат се соочува со вакви промени и затоа кога ќе стигнете до третиот триместар, растегањето треба веќе да биде дневна навика. Има многу вежби за растегање кои ќе ви дојдат и природно да ги вежбате.
Тренирање со тегови - Ако веќе тренирате со тегови, одлично. Но треба да продолжите под надгледување од професионален инструктор или тренер и одобрување од вашиот доктор. Нема потреба од поставување рекорди во кревање тегови во моментов. Како што вашиот стомак расте, ќе треба да намалите со теговите, ќе ви требаат полесни вежби. Полесни тегови за рацете се идеални за да се остане во форма кај бицепсот и трицепсот, а да не се нанесува притисок на стомакот.
Пешачење - Лесно а толку потребно за бремените жени. Пешачењето помага крвта да се испумпа назад од нозете и да се избегне подуеноста кај зглобовите. Помага на вашето срце да добие добра кардио вежба а притоа да не почувствувате многу замор. Пешачењето е одлична прилика да разговарате со вашиот партнер или да си одвоите време за себе. Може и да ја пуштите вашата омилена плејлиста, или да ислушате некоја снимена сесија за бременост..
Во следните статии ќе бидат објаснувани и поединечните типови на вежби.
Среќна бременост!
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Летото е тука, а со него и желбата за ладни, шарени коктели. Без разли...
Конфликтите и кавгите меѓу децата се сосема нормална појава во секое с...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?