|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Историја на Дедо Мраз

Редакција Рингераја, 19.12.2011
Дедо Мраз, Санта Клаус, Свети Никола, Крис Крингл...Дедо Мраз не бил секогаш таков каков што го познаваме денес. Во древноста човекот кој дели подароци се нарекувал Свети Никола.

image
/11


 

 

Тој е роден во земјите каде што денес се наоѓа Турција, во 300-та година. Бил роден во богато семејство, но како многу мал останал сираче, бидејќи неговите родители починале. Никола израснал во манастир и кога имал само 17 години, станал најмладиот свештеник. Неверојатно многу приказни ја опишуваат неговата дарежливост. Тој го раздал семејното богатство во форма на подароци на сите по потреба, а најдарежлив бил кон децата.

Според легендата Никола испраќал кеси со подароци, кои ги фрлале во прозорците на куќите. Начинот на кој се делат подароците до денес останал непроменет. Подоцна Никола бил именуван во епископ, а шапката, долгата облека, белата брада и црвената наметка, останале неговиот заштитен знак. По неговата смрт бил прогласен за светец.

Сликата на Свети Никола се поврзува со великодушност и добрина и тој се смета за зародиш на современиот Дедо Мраз . Добриот старец, таков каков што го познаваме денес, се раѓа во имагинацијата на стоматологот Клемент Кларк Мур во 1822 година, кога ја напишал поемата “Приказна за посетата на Свети Никола”.

Во своето дело Мур го опишал Дедо Мраз како заоблено џуџе што доаѓа со санка од северот, која ја повлекуваат осум елени. Во деновите пред Божиќ тој одел од покрив на покрив и тивко се спуштал низ оџакот, за да влезе во сите домови и да остави подароци за сите деца во чорапите кои висат до огништето. Клемент Мур ја напишал поемата како подарок за сите деца.

Во 1823 година ја објавил, не пишувајќи го своето име, а насловот го променил во “Ноќ пред Божиќ”. Песната брзо станала популарна не само во Америка, туку и во Европа. Во Холандија херојот на Мур стекнува слава како  Sinter Klaas, од каде доаѓа и Санта Клаус.

Во 1863 година карикатуристот Томас Наст за прв пат го нацртал Дедо Мраз. Во празничното издание на Магазинот “Харпер” тој пуштил слики од старецот, но веќе со човечки раст, бела брада, заоблено тело и облека од црвен сатен, шапка со заострен врв, заоблени чизми и бел ремен. Го нацртал и домот на Дедо Мраз, кој има мала работилница за играчки и живее на Северниот Пол.

Добродушниот старец ги набљудува сите деца од светот, во текот на целата година и во огромна книга ги запишува децата кои биле послушни во текот на годината. Сликата на Дедо Мраз се стекна со светска популарност, благодарение на рекламите на Кола Кола. Во 1931 година, уметникот на компанијата Haddon Sunblom направил реклама, во која старецот со црвена облека го пие популарниот пијалак. Од тој момент Дедо Мраз стана миленик на родителите и децата од цел свет.

Домот на Дедо Мраз во Лапонија стана голема туристичка атракција. Во деновите пред Нова Година куќата секојдневно ја посетуваат над 5000 лица.  Популарноста на Лапонија расте во почетокот на 50-те години на XX век, а дотогаш била снежна пустелија.

Се почестите посети на туристите од странство ги натера локалните власти да го реновираат домот на Дедо Мраз. Од 1985 година домот на белобрадиот старец е целосно реконструиран и отворен за посети за децата и нивните родители.

Во 1995 година регионот е прогласен за “официјална престолнина на Дедо Мраз”. Во Рованиеми, освен домот на Дедо Мраз, неговата канцеларија и пошта во 1996 година подигнат е и забавниот “Санта Парк”. Целта е да се убедат и скептичните деца во постоењето на Дедо Мраз. Рекреативните центри може да примат и 50.000 луѓе. Туристичката атракција работи од ноември до јануари. Понекогаш “Санта Парк” ги отвора своите врати и во лето, но само доколку има туристи кои сакаат да го посетат.

 

Адреса на Дедо Мраз

Околу 700 000 писма пристигнуваат до Дедо Мраз секоја година. Писмата пристигнуваат во поштата во Лапонија уште на почетокот на декември. Во кореспонденцијата му помага Снежана, која е една од неговите најверни помошнички. Слугите, облечени како џуџиња ги отвораат писмата кои пристигнуваат од целиот свет и ги предаваат лично на Дедо Мраз.

 

Адресата на Дедо Мраз е:

Santa Claus
Arctic Circle
96930 Rovaniemi
Finland

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бред и Анџелина се венчаваат овој викенд!
Свадбените ѕвона би можеле да ѕвонат за Бред и Анџелина овој викенд во јужниот дел на Франција
3
На кафе кај Марија Симоноска - Ковчеже отв...
Денешно друштво за кафе - муабет ни е прилепчанката Марија Симоноска, авторка на книгата поезија Ковчеже отворено со сти...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?