|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт

Марина Кљајиќ Петковски, 13.11.2024
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазвој и создавање на баланс во животот. Јас сум холистички духовен терапевт, олеснувач, енергетски терапевт, инструктор, предавач, специјализирана за Реики

image
/11


Инстаграм профил кој  заслужува да биде во вашата листа на следени е несомнено @maireihealing 

Содржината која ја создава Маја со еден збор е лек за душата, што навестува и описот на истиот. Холистички духовен терапевт, олеснувач , животен тренер, реики учител , енергетски терапевт - така стои во описот на профилот, а сето тоа се реализира преку нејзините сесии за длабоко исцелување.


Маја беше прељубезна и со задоволство прифати да одговори на нашите прашања.

 

Што е Реики?

Реики е нежна, но длабока енергетска терапија која ја користи животната енергија за исцелување и постигнување баланс на сите нивоа – физичко, емоционално и духовно. Оваа техника, основана на принципите на Усуи Реики, нуди поддршка за подобрување на благосостојбата и враќање на свеста за нашата вистинска природа. Реики не само што помага во ублажување на стресот, анксиозноста и напнатоста, туку и поттикнува длабоко чувство на поврзаност со себе и со светот околу нас, овозможувајќи ни да се справиме со предизвиците во секојдневниот живот и да постигнеме поголема јасност и спокојство.

 

За кого е наменета Реики?

Реики е наменета за сите – од новороденчиња и трудници до постари лица, па дури и домашни миленичиња и растенија. Тоа е енергетска поддршка за секој кој сака да почувствува мир и благосостојба. Во случаи на сериозни здравствени нарушувања, препорачувам консултација со лекар.

 

Зошто некој би требало да прима Реики?

Реики нуди решение за многу од проблемите кои н? мачат во секојдневието, особено во однос на стресот, анксиозноста и емоционалната напнатост. Примањето на Реики енергија им овозможува на луѓето да се ослободат од овие стресови и да пронајдат внатрешен мир, што е клучно за добро здравје.

Оваа техника не само што ги ублажува симптомите на стрес и депресија, туку помага и во подобрувањето на емоционалната благосостојба и виталноста. Преку енергетско балансирање, Реики поттикнува физичко исцелување и ја подобрува енергијата, што е особено важно за оние кои се соочуваат со физички болки и хронични заболувања.

Со помош на Реики, имаме можност да се поврземе со нашата внатрешна сила и потенцијал. Оваа техника не само што создава нова надеж и оптимизам за иднината, туку и развива интуиција, свесност и прифаќање, што ни помагаат во подобрување на нашите лични односи и комуникација со другите.

На крајот, Реики е безопасен и природен начин за справување со предизвиците на животот, ослободувајќи нè од негативните емоции и отворајќи пат за една по радосна и исполнета реалност.

 

2

 

Што се случува во телото на примателот на Реики?

Во текот на сесијата, енергијата слободно се движи низ телото на примателот, ослободувајќи го од блокади и активирајќи го процесот на самоисцелување. Оваа енергија поттикнува длабока релаксација и обновување, што може да доведе до значајно намалување на стресот и напнатоста.

Во Америка, каде што живеам, новите истражувања покажуваат дека Реики работи и на меките ткива на човекот. Мислам дека ова е многу интересно, бидејќи може да помогне во ослободувањето на напнатоста и подобрувањето на циркулацијата во ткивата. Ова е особено корисно за луѓе кои се соочуваат со физички проблеми, бидејќи Реики може да ги ублажи болките и да ги поттикне природните процеси на заздравување во телото.

Затоа, Реики сè повеќе се користи и во некои клиники и здравствени установи, што само ја потврдува неговата растечка признатост во традиционалната медицинска практика. Според принципите на Усуи Реики, оваа техника делува не само на физичкиот, туку и на емоционалниот и менталниот аспект, што ја прави многу корисна за целокупното благосостојба на поединецот.

 

Колку често се прима Реики?

Секој може да го избере својот ритам; некои луѓе чувствуваат потреба за неделни сесии, додека на други им е доволно месечно балансирање. Сепак, сметам дека за оние кои првпат примаат Реики, најдобро е да започнат со пет континуирани сесии, што овозможува подлабоко и побрзо воспоставување на енергетскиот баланс.

 

Како ти започна со Реики?

Моето истражување за духовниот развој и холистичка благосостојба започна пред повеќе од 15 години, кога почнав да барам техники и практики кои би ми помогнале да најдам внатрешен мир и да постигнам длабока лична трансформација. Со текот на времето, спонтано дојдов до Реики – техника која беше малку позната кај нас, но која веднаш ме привлече со својот потенцијал за длабоко и нежно исцелување. Таа ми отвори нови перспективи за хармонија и баланс и таа моќ денес ја споделувам со сите кои се подготвени за ваков вид поддршка.

 

3

 

Што те мотивира конкретно да практикуваш Реики?

Кога првпат започнав да практикувам Реики, забележав значителна промена во себе. Луѓето околу мене почнаа да забележуваат дека сум поразлична — дека сум поопуштена, со сјај во очите. Оваа трансформација ме охрабри да ја истражам енергијата и на други начини.

Одлучив да го пробам Реики на цвеќето што го добив како подарок. Беше навистина фасцинантно! Успеав да го одржам во живот само со Реики, без вода!  Ова ми даде дополнителна увереност и верба во енергијата.

Потоа, имав уште едно неверојатно искуство и дополнителна потврда. Работев со едно кученце кое беше многу агресивно. Применувајќи Реики, забележав како неговото однесување се менува, од агресија кон смиреност.

Овие искуства ми покажаа дека Реики не само што е корисно за мене, туку и за другите, па затоа решив да ја споделам оваа и да помогнам во создавање на подобар живот. Реики не е само техника — тоа е начин на живот кој носи хармонија и благосостојба.

 

Зошто препорачуваш Реики и зошто оваа техника е толку ефикасна?

Препорачувам Реики бидејќи е безбедна техника која им дава на луѓето сила да се чувствуваат подобро и да живеат посреќен и исполнет живот. Преку Реики, многу луѓе се во можност да го подобрат своето емоционално и физичко здравје, што ја прави оваа техника одлична за подобрување на општата благосостојба.

 

Како изгледа една сесија за примателот на Реики?

Една Реики сесија на далечина започнува со јасна намера за исцелување и насочување на енергијата кон примателот. Сесиите се мирни и длабоки, овозможувајќи целосна релаксација и обновување, без разлика на далечината. Сметам дека далечинските онлајн сесии се подобри, бидејќи лицето кое прима е поопуштено и отворено за примање енергија. Реики често знае да не заспие додека ја примаме неговата енергија, па така е многу поудобно да се биде дома. Како мастер учител, среќна сум што ја имам оваа можност да работам на далечина и да помогнам на луѓето во постигнувањето на благосостојба.

 

Дали е лесно некој да ја научи оваа практика?

Да, Реики е лесен за учење и е достапен за секој кој има желба да ги разбере основите и да се поврзе со енергијата. Ова е подарок кој секој може да го пренесе и сподели.

Но, имам силна препорака за сите кои сакаат да научат Реики: по завршувањето на секој степен, применувајте го на себе барем 6 месеци пред да преминете на следниот степен. Во денешно време, кога сме под влијание на брзото темпо на живот и потребите за финансии, често се случува мастер учителите да забораваат да ја пренесат важноста на практикувањето на себе. Затоа, сметам дека е многу значајно да го унапредиме своето лично искуство пред да го пренесеме на другите. Ако не сме "чисти" и сме полни со блокади, можеме да пренесеме негативна енергија на примачот, што може да биде контра-продуктивно.

Иако денес Реики се нуди во многу различни верзии, јас сепак го препорачувам Усуи, бидејќи тоа ќе ви го даде најдоброто разбирање на техниката.

 

Дали Реики е скапо и колку сесии се потребни за да се почувствуваат резултати?

Реики е прилагодлив и достапен за сите, а најчесто резултатите можат да се почувствуваат уште по првата или втората сесија. Секој човек е уникатен и реагира различно, па така бројот на сесии зависи од потребите и желбите на клиентот.

Што се однесува до цените, не го следам трендот на поскапување и цените кои ги нудат моите колеги. Сметам дека Реики треба да биде достапен за секого, за да може да ја искуси оваа исцелувачка енергија. За самохрани мајки и лица со ниски примања, нудам попуст, а често организирам и групни Реики сесии без никаква надокнада, што овозможува на сите да учествуваат и да ја почувствуваат силата на оваа енергија.

 

Што за тебе претставува Реики? Какво значење има во твојот живот?

За мене, Реики претставува длабок мир, баланс и духовна поврзаност. Тоа е енергијата која ме инспирира да живеам полн и радосен живот и да го споделувам тоа со сите кои имаат потреба за истото. Преку Реики, научив да се поврзам со себе и со другите на нов, длабок начин, што ми овозможува да ја споделувам таа енергија и да создадам простор за раст и лекување. Секојпат кога имам Реики сесија, чувствувам како енергијата тече не само кон мојот клиент, туку и низ мене, потврдувајќи ја важноста на споделувањето, разбирањето, поврзувањето и љубовта.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
4
Новогодишни кекси (Gingerbread cookies)
Рингераја Ви го открива рецептот за светски познатите Новогодишни кекси Gingerbread cookies
4
Изработка на новогодишни украси со децата
Искористете ги материјалите кои ги имате дома и разбудете ја креативноста кај децата за овие празници
4
Поддржуваме мали бизниси: Fine design mk
Fine design mk - Вашата нова омилена онлајн продавница за накит. Таму ќе ги пронајдете совршените парчиња со кои ќе забл...
4




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?