Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Прва игра
Наслов на активноста
Слатки парови, составувам и дегустирам и на другарчињата им подарувам, радост им донесувам!
- возраст-6 до 8 години.
Простор:
- домашни услови и во училиште.
Што треба да се постигне ?
- Развој на конкретно оперативно мислење посебно на процесите на серијација и класификација, аудитивната визуелната и тактилната перцепција, ориентација во просторот времето и вниманието. Љубопитност, истрајност и воочување на разликата помеѓу пар и непар. Истото ова треба да е поврзано со броевите до 10.
-Потребно време–
1 час.
- Цели-
- Преку игра да воочи разлика помеѓу пар и непар и истото искуство и сознание да го поврзе со броевите од 1 до 10.
- Очекувани резултати:
- Правилно да знаат и точно да кажат што е пар а што непар, и кои броеви се парни и непарни до 10- .
- Да знаат правилно преку слики и предмети да разликуваат пар и непар.
-Насоки за правилно одвивање на играта:
- Слика на дете. Повеќе нови парови на чорапчиња. Пластичен сад со повеќе жолти топчиња од киндер јајца. Во секое топче по едно бројче од 1 до 10. Пластичен сад со повеќе бомбони. Може и фигурата во која се полнат пез бомбони -Мики Маус или Шиљо.
ЦЕЛ-Учење за разлики помеѓу боревите до 10 - парни и непарни броеви. Давање на одговор на прашањата -Формирај и покажи што е пар а што непар?
- Учење на разлики помеѓу поимите – повеќе и помалку -
- Учење и збогатување на речникот со именки во еднина и множина.
- Учење и стекнување на знаења и вештини на деца кои посетуваат настава во редовните паралеки со количник на интелигенција во нормални и просечни вредности. Учењето на овие дечиња ќе биде брзо, лесно разбирливо, тие ќе немаат проблеми во сфаќањето на правилата на играта и брзо ќе се прилагодат според правилата на играта и со задоволство, точност и прецизност ќе ги извршуваат дадените барања на играта.
- Учење, поттикнување, потпомагање, поставување на кратки и конкретни подпрашања и прашања за деца со посебни потреби со намален количник на интелигенција од 50 до 70 IQ и гранични случаи со кoличник на интелигенција od 70 do 90 IQ.
- Играта на овие деца ќе треба повеќе пати да им се објаснува и повторува. И кога после повеќе пати на повторување ќе ја играат играта точно, утре или задутре пак истата игра ќе треба да се игра од почеток и пак да се учи. Специфичност во учењето на децата со посебни потреби, поготово со лесна ментална попреченост и граничните случаеви е дека им треба повеќе време и повторување за нешто да научат, повеќе напор, енергија и труд.
- И тоа што денес ќе го научат утре брзо го забораваат, и ако ги прашате што учеле и играле вчера, нема веднаш да добиете одговор. Тие наученото брзо го забораваат. Од наученото во мозокот остануваат печати на сеќавање како нешто се научило, колку длабоко и содржински, на кој начин и колку во обем.
- Тие печати во мозокот стручно се викаат – енграми - и тие брзо бледнеат.
Постапка според која се игра играта :
- Родителот и детето еден со друг си поставуват два вида на прашања:
- Што се на сликата на ова дете е пар од два исти дела на телото кои можеме да ги видеме ,да ги изброиме ?
- Што се на сликата на детето е единечен дел и можеме да кажеме дека тој дел од телото на детето и на секој човек е непар?
- Што се можеме да видеме на сликата како пар и непар и да го запишеме со броевите до 10, а кои исто така според количината која ја формираат ги делиме на парни и непарни броеви?
- Ајде да ги запишеме и кажеме парните броеви до 10!
- 2,4,6,8,10,-парни броеви
- 1,3,5,7,9,-непарни броеви
- Потребно е на овие прашања да се поттикне детето да дава одговори.
- Потребно е во почетокот особено за деца кои прв пат се среќаваат со поимите парни и непарни броеви заедно преку разговор, опишување и покажување да ги осознаат поимите парни и непарни броеви, пар и непар.
- Тука заедно се опишуваат и се играат игрите со бирање на број од жолтите топчиња, и според нив се земаат бонбони и заедно формираме пар бонбони или непар според земаниот број. Бомбоните како награда ги дегустираат. Истата игра со влечење на број и со броење на чорапчиња но бели и исти по боја се осознава, броеме и формираме парови или непар во склад со избраниот број.
- Што се како дополнителни и додатни материјали ни се потребни за збогатување играта ?
- слики од броеви.
- слики од пар и непар на предмети.
- дополнително боенки со домашни и диви животни во еднина и множина .
- Постапки со дополнителните материјали :
- истите слики се бојат и се сечат.
- се брои и се формираат по два во парови.
- така паровите ги поврзуваме со бројка.
Важна напомена во работата со децата
Педагошки е и логопедски, за совладување на графомоториката, и тоа од поминување од груба кон фина моторика и совладување на опозицијата палец, показалец и среден прст, одозгора да се фаќа рачето на детето. Вака се работи се додека не стекне прецизност во моториката и сигурност во себе и во своите способности при математичките операции броење и класифицирање во парови. Подредување на паровите под соодветен број и запишување на соодветниот број, парните и непарните броеви на предмети кои ќе ги изброиме и подредиме .
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалат...
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата ...
Daumling детски чевли со Terra-Care кожа
Германскиот специјалист за производство на детски чевли Daumling отсек...
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
Симптоми на породување.
пеперутка16
Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?