|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

И Вашето дете има измисленo пријателче?!

Редакција Рингераја, 31.10.2013
Појавата на имагинарното пријателче во животот на детето е всушност корисна, па родителите би требало да се опуштат и да го прифатат како вистинско. Кога измисленото пријателче повеќе нема да му треба на детето, тоа ќе исчезне

image
/11


 

 

Колку често сте го слушнале Вашето дете, занесено во играта, да изговара некои реченици како да се наоѓа во друштво? Секако дека е нормално детето, играјќи си, да имитира некои животни ситуации и да повторува некои реченици кои ги слушнало. Но тоа не значи дека има измислено пријателче. Што и да мислиме ние за тоа, многу светски детски психолози сметаат дека измисленото пријателче е прекрасен начин за детето да ја искаже својата креативност.  Измислените пријатели се нормална и честа развојна појава и не се знак на психичко пореметување.

Дури 65% од децата имаат имагинарно пријателче кое најчесто се јавува од 2,5 – 3,5 години и таа фаза може да трае до деветтата година. Почесто се јавува кај девојчињата отколку кај момчињата. Кај децата кои одат на училиште се јавува подеднакво кај двата полови. Детето може да има и повеќе измислени пријатели и не мора секогаш да се работи за човечки пријател, туку тоа можат да бидат и животни. Иако појавата на измислено пријателче може да ги збуни и загрижи родителите, се покажало дека активната игра на улоги, која се манифестира низ играта со имагинарното пријателче е позитивна  за развојот на детето и му помага при совладување на чувствата кои детето не ги разбира. Едно истражување покажало дека најчесто пријателчињата ги измислуваат децата кои имаат способност за емпатија.

Најчесто тие деца се социјално интелегентни, имаат помалку комплекси и уживаат во друштво. Постоењето на имагинарно пријателче предупредува дека детето е веќе зрело и му овозможува подобар емоционален и когнитивен развој, како и креативен развој. Делумна одговорност за појава на измислени пријателчиња кај децата имаме и ние родителите, бидејќи на децата од мали им даваме плишани животни, им раскажуваме приказни, бајки, им пуштаме цртани филмови и други измислени ликови.

Измислените пријателчиња често надокнадуваат  некоја потреба на детето, што не значи дека родителите нешто прават погрешно. Детето може така да си го надокнади другарчето, кое на пример заминало во друг град. Измислените пријателчиња повеќе се јавуваат кај децата кои се единци и кај првородените деца. Исто така се јавуваат и кога детето ќе добие сестричка или брат, бидејќи тогаш во главно вниманието на родителите е насочено кон новиот член на семејството.  Ако детето било изложено на некоја стресна ситуација, на тој начин може да се соочува со ситуацијата. Имено, децата не можат сите чувства  и фрустрации да ги изразат со зборови и често ги пренесуваат на надворешен објект, во случајов на имагинарниот пријател.

Заклучок на сето ова е дека појавата на измисленото пријателче во животот на детето е корисна, па родителите треба да се опуштат и да го прифатат пријателчето како да е вистинско, бидејќи за детето навистина е. Ако родителите одбиваат да веруваат дека пријателчето постои, детето се чувствува отфрлено.

Треба да се внимава ако измисленото пријателче се задржи кога  детето ќе тргне на училиште, ако ги спречува развојните активности на детето како што се учење, играње со другарите, одење на училиште.  Во тој случај родителите би требало да побараат стручно мислење.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со Небојша Вуковиќ, директор на &...
Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани правни и физички лица кој го изработуваат учениците...
12
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
6
5 совети за млади татковци
Драг нов татко, со својата сопруга поминавте заедно низ бременоста и породувањето и дојде време со новиот член на семејс...
5
Вие и вашиот однос кон децата
Многу често ние родителите се запоставуваме самите себеси заради доброто на нашите деца. Но, она што стручните лица го м...
4




Анкета

Најубаво женско име?
Kleme788

Кое од овие имиња ви е најубаво?

Јана (43%)

Калина (26%)

Теа (31%)


Број на сите гласови: 188

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!