Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Навистина е потребно многу трпение, љубов и внимание за да успееме децата да ги воспитаме да бидат великодушни, способни да простат кога ќе бидат повредени и да научат да ја сакаат убавината на природата и уметноста... Никако не може да очекувате дека современото друштво ќе ги научи на овие вредности. Но, затоа постојат работи кои ние можеме и мораме да ги направиме, за нашите деца да го добијат она што го викаме “душевна храна”.
На децата им требаат ритуали
Нашите верски и традиционални ритуали може да ни помогнат да најдеме некој душевен мир и да се чувствуваме исполнето и среќно. Ритуалите им даваат на децата чувство на контрола, чувство на предвидливост и сознание што е она, што следно ќе се случи – а тоа е многу моќно чувство.
Сигурно вам, а и на детето добро ви се познати ритуалите на одењето во кревет, вклучувајќи ја тука и омилената приказна, која додека ја раскажуваме не смееме да прескокнеме, или да промениме некој дел. Знаеме колку детето се вознемирува кога ќе примети дека е променето времето на емитување на неговите омилени цртани. Детето има потреба точно да знае што ќе се случува. Различните ритуали за децата се нешто што со желба го очекуваат, нешто што го делат со родителите и за што знаат дека е важно, бидејќи знаат дека мора да се направи на посебен начин. Исти зборови или работи, во точно одредено време, му даваат на детето сигурност и му пренесуваат порака дека во неговиот свет се е во ред.
На децата им треба да доживеат чудо
На децата колку им се потребни витамини и минерали, толку им е потребно да ја запознаат и онаа друга реалност, надвор од нивниот свет, за да ја збогатат душата. Токму затоа ги обожуваат бајките и приказните. Тие им доловуваат еден возбудлив и разновиден свет, поразличен од оној во кој живеат. Така нивниот секојдневен свет го освежуваат и збогатуваат приказните за принцезите и змејовите, херојските дела и волшебните зборови. Секако, таа нивна секојдневност ќе ја збогатите доколку детето го носите во село, на море, езеро, планина, покрај река, и многу други места – а тоа никако не смеете да го занемарите.
И запомнете, вашите деца се способни да комуницираат со своите мисли и реалноста. Тие знаат дека личностите од анимираните филмови не се реални. Но, децата чувствуваат многу повеќе од нас возрасните, и знаат дека во бајките постои вистина која треба да се открие.
6
6
6
5
забава Бремените
Автор: bobik
Колку често треба да се менува цуцлата?
Цуцлата може да биде корисна за смирување на бебето и задоволување на ...
Билки што го подобруваат варењето
Проблемите со варењето, како надуеност, чувство на тежина, гасови или ...
Кога е идеално време за мајчинство?
Одлуката кога да станете мајка е една од најличните и најважните живот...
Дали постојат препарати кои можат да го ублажат ПМС-от?
Предменструалниот синдром (ПМС) опфаќа низа физички, емоционални и пси...
Хормонски предизвикана неплодност
Хормоните играат клучна улога во функционирањето на репродуктивниот си...