|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ХПВ вакцина - колку е навистина ефикасна?

Редакција Рингераја, 26.6.2020
Карциномот на грло на матка е секако една од најголемите закани по здравјето на жените, со тоа што над 85 % од случаите и смртните случаи се јавуваат во земјите со ниски и средни приходи Колку е ефикасна вакцината?

image
/11


Што е ХПВ?

Хуманиот папилома вирус (Хуман Папилломавирус, ХПВ) е вирус кој ги напаѓа кожата и слузокожата на различни делови од човечкото тело. Досега се откриени над 130 различни типови нумерирани по редоследот на нивното откривање, а од нив повеќе од 30 ја напаѓаат аногениталната област. ХПВ генотиповите се делат на високоризични и нискоризични, во однос на нивната асоцираност со појавата на цервикален карцином. Високоризичните генотипови 16 и 18 се одговорни за повеќе од 70% од цервикалните карциноми и преканцерозните лезии – ЦИН 2 и 3, аногенитални карциноми, како и карциноми во пределот на главата и вратот. Нискоризичните генотипови најчесто предизвикуваат генитални кондиломи, на надворешните гениталии и во пределотна анусот. Во 90% од случаите, овие промени се поврзани со ХПВ типовите 6 и 11.

 

Како се пренесува ХПВ?

ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку полов пат но инфекцијата може да се пренесе и преку неполов пат (од мајка на дете, облека, хируршки ракавици и др). Како ко-фактори кои влијаат на прогресијата на инфекцијата се промискуитетот, пушењето, долготрајната у потреба на оралните контрацептиви, нарушување на имуниот систем, ХИВ и др. Се смета дека повеќе од 50% од сексуално активното население во текот на својот живот ќе се инфицира со ХПВ. Оваа инфекција најчесто поминува асимптоматски и може да исчезне без последици. Но, кај одреден број на лица инфекцијата предизвикува промени на епителот, појава на кондиломи, преканцерози или ако инфекцијата постои подолго време како хронична тогаш може да дојде и до појава на карцином на грлото на матката. ХПВ инфекции и ракот на грлото на матката, ХПВ вакцинацијата е препорачана превентивна мерка за спречување на појава на инфекција со најризичните хуман папилома вируси. Редовните гинеколошки прегледи со ПАП тест се препорачани за сите жени. Колку жени заболуваат од рак на грло на матка? Ракот на грлото на матката е на второ место по зачестеност малигно заболување кај жените во светот, со околу 500.000 новорегистрирани случаи секоја година. Преку 80% од случаевите на рак на грло на матка и смрт од оваа болест се регистрирани во земјите во развој. Во Европа сеуште од рак на грло на матка заболуваат околу 65.000 а умираат околу 32.000 жени годишно Во Република Македонија стапката на новорегистрирани случаи на рак на грло на матка се движи се движи од 22,5 на 100.000 жители.

Искуството на Австралија покажува колку е ефикасна и безбедна вакцината, која, благодарение на сеопфатната и бесплатна имунизација на девојчињата и момчињата, што се применува од 2005 година, според најавите, може да го искорени ракот на грлото на матката до 2035 година.

Само масовно покривање може да изгради колективен имунитет и трајно да го искорени карциномот предизвикан од ХПВ (вирус на хуман папилома): карцином на грлото на матката, рак на пенисот, карцином на вулвата, карцином на анусот, карцином на грлото на матката. Вакцината исто така може да спречи појава на генитални брадавици, кои се главен проблем на јавното здравство.

Вакцината за ХПВ се користи ширум светот повеќе од 10 години.

- Ракот на грлото на матката се развива бавно и ефектот на намалување на зачестеноста на оваа болест може да се очекува само неколку години или децении по воведувањето на вакцината. Податоците покажуваат дека во државите каде е воведена вакцината, веќе има драстично намалување на зачестеноста на преканцерогените промени, а на некои места веќе почна да опаѓа бројот на тумори, рече имунолог д-р Срѓан Јанковиќ од Универзитетската клиника за деца во Тирсова.

 

Според новиот правилник за имунизација, д-р Јанковиќ продолжува, со цел да се заштити од вирусот на хуман папилома (ХПВ), оваа вакцина стана препорачана за девојчиња и момчиња. Ова, заедно со другите превентивни мерки, меѓу кои најважни се редовните гинеколошки прегледи, треба да ја сменат нашата црна статистика во иднина.

 

Лекарот наведува дека е најдобро луѓето од двата пола да се вакцинираат пред започнувањето на сексуалниот живот, бидејќи вакцината не работи откако некое лице се зарази со одреден вид вирус, иако сепак може да спречи инфекција со други видови. Според повеќето препораки во светот, децата треба да се вакцинираат на возраст од 12 години, иако вакцината може да се даде порано или подоцна. Сепак, најважно е дека вакцинацијата се прави пред лицето да дојде во контакт со ХПВ.

 

„Знаеме дека човечкиот вирус на папилома првенствено се пренесува преку сексуален контакт и е многу заразен, така што вакцинацијата е многу важна превентивна мерка и за лицата и за целата заедница“.

Имате немирно дете? Вие сте среќен родител!
Со вакви деца не е лесно, но треба да ве теши фактот дека ќе израснат во успешни и способни луѓе
4
Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
3
Упатства за користење на интернет според в...
Доколку вашите деца користат интернет дома, веќе знаете колку е важно да им помогнете во заштитата од несоодветни содржи...
3
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести кои се предизвикани од бактерии во храната, особено ...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste popustliv roditel?

Da (50%)

Ne (50%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!