|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Често се прашуваме кој е правилниот и вистинскиот метод на воспитување. Читаме книги за воспитување, методики, разменуваме идеи и искуства, барајќи ја вистинската формула за воспитување на нашите деца
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Формула не постои затоа што сите деца се различни, една постапка предизвикува различна реакција кај различни деца. Но постојат некои универзални насоки кои даваат ефекти во градењето на личноста кај децата, градењето на позитивни ставови и навики. И без разлика кои методи ќе го користете, бидете секогаш ДОСЛЕДНИ!

 

Не го споредувајте Вашето дете со други деца!

Како би изгледал светот да се сите деца исти? Со исти таленти, желби, потреби? Сигурно, макар и несвесно во животот сте го споредиле Вашето дете со некое друго и тоа гласно сте му го кажале. Вистина ли  сакате Вашето дете да биде како тоа другото?? На овој начин не постигнувате ништо, освен што ја разнишувате неговата самодоверба. И две деца од исти родители, растени во иста средина и со исти услови се различни, па зошто би споредувале две различни работи. Секое дете е посебно и треба да се поттикнува соодветно на него.

 

Ќотекот излегол од рајот - ако бил добар ќе останел таму !

Насилството раѓа насилство. Децата учат по модел, го следат вашето однесување и истото го имитираат. Доколку расте со насилство, тоа го прифаќа како нормално однесување и тоа така ќе се однесува. Бесцелно е да му кажувате на детето дека не е убаво да се тепа со другарчиња или слични совети доколку дома се применува овој метод на воспитување. А на крај, со ќотекот нема да постигнете ништо од Вашите погоре зацртани цели, туку ќе добиете само спротивен ефект, агресивно и уплашено дете со разнишана самодоверба кое нема да знае правилно да се соочи со предизиците на животот.

 

Не кажувајте – покажувајте!

Како што кажавме претходно децата учат по модел. Однесувајте се онака како што сакате и Вашите деца да се однесуваат. Бидете моделот кој сакате тие да го следат, а не прераскажувајте какви би требало да станат.

 

Не наметнувајте правила – договорете ги заедно со Вашите деца!

На тој начин многу повеќе ќе ги почитуваат. Седнете, разговарајте предложете правила и Вие и Вашето дете. Знаејќи дека и тоа учествувало во процесот на донесување на правилата и дека е тоа равноправен член во семејството, многу повеќе ќе го почитува договорот, отколку вие еднострано да му и наметнувате правилата. Да, ова бара многу повеќе време и нерви, но дава и ефекти и гради личности какви што посакувате да станат Вашие деца. А кој рекол дека родителствотво е лесно, за се треба и време, и нерви и трпение.

 

Казни и пофалби!

Казнувајте ги соодветно на постапката. Казната мора да има поврзаност со причината за неа. Доколку  детето не напишало домашна работа, казната треба да е поврзана токму со учењето, а не на пример поради тоа да не му ја дадете дневната доза на чоколадо или сл. Пофалете го онолку колку што треба. За секоја успешно завршена активност или добро дело, детето треба да се пофали ама соодветно. Пример: доколку детето нацрта добар цртеж опишете му што точно Ви се допаѓа на цртежот, а не да фалите нереално како на пример имаш најубав цртеж на свет и сл. Детето треба да има права перцепција за реалноста и реални очекувања од себе.

Критикувајте ги активностите на детето, а не самото дете. Во комуникацијата со него не ја напаѓајте неговата личост, туку онаа постапка која не сакате да се повтори.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Сируп од лук, помоќен и од пеницилин
Лукот е моќен лек кој со години се користи во многу билни лекови. Тој има антибактериски и антивирусни својства, вклучув...
5
Двојазичноста во развојот на говорно–јазич...
Постојат многу истражувања за влијанието на двојазичноста во развојот на јазикот. Она што тие истражувањата го заклу...
3
Вашето дете расте? Еве кога е време за дет...
Преминот од бебешко креветче кон поголем детски кревет е голема промена за детето и родителите. Еве како да препознаете ...
3
Интервју: Др. Лидија Ристовска
Др. Лидија, ни раскажува за семејствотото, домот, здравјето на жената.
3




Анкета

Содржини на Рингераја
Julie1

Какви содржини најмногу сакате да читате (гледате) на Рингераја?

Стручни артикли од област на гиникологија (42%)

Стручни артикли од област на педијатрија (34%)

Стручни артикли од област на стоматологија (0%)

Артикли за убавина и мода (8%)

Анкети од познати личности и нивните бебенца (5%)

Видео содржини (11%)


Број на сите гласови: 38

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!