Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Доколку навреме се упати пациентот на ревматолог, физијатар и физиотерапевт со раното поставување на дијагнозата може да се доведе со соодветно медицинско третирање и лекување на проблемот.
Ревматоидниот артритис го има кај сите раси и етнички групи но застапеноста е најмногу кај жените.
Причината за ова заболување е сеуште непозната. Непознат антиген го напаѓа генетски предиспонираниот домаќин. Абнормален одговор на имунолошкиот систем има улога во појавата на воспаление на зглобовите. Евидентно е дека гените, хормоните, како и надворешни фактори се инволвирани. Хроничното воспаление на синовијалната мембрана на зглобот е во основа на заболувањето.
ЧЕСТИ СИМПТОМИ:
Болка, вкочанетост и појава на оток во зафатените зглобови се главните симптоми и знаци со кои се презентира заболувањето. Најчесто е утринската вкочанетост која трае повеќе од половина час до 45 минути. Исто така се јавуваат симетрични болки, отоци во рачните зглобови како и ситните зглобови на шаките. Заболувањето може да се зафати и останати зглобови лакти, рамења злобови, колена како и зглобовите на стапалата, колковите и горновиличните зглобови. Од рбетниот столб најчесто се зафатени само првите два пршлени.
ДИЈАГНОЗА:
Дијагнозата се поставува врз основа дадените насоки за РТГ, земените факти и појаснувања од страна на пациентот како и физиотерапевтско ревматолошкиот извршен преглед.
Болеста најлесто може да ги зафати сите зглобови, протекува со влошувања и подобрувања, а со текот на времето настануваат деформитети, кои ја компромитираат функцијата на зглобовите.
ФИЗИОТЕРАПЕВТСКО ЛЕКУВАЊЕ:
Современиот начин на лекување на ревматоидниот артритис може значително да го промени текот на болеста. Битно е лекувањето за започне навреме најдобро во првите три месеци, најчесто се даваат медикаменти, како и рана фаза на физикална терапија.
Физиотерапијата најчесто вклучува кинезитерапија, индивидуални вежби со физиотерапевт, мануелна медицинска масажа, електротерапија како и хидрокинези терапија.
Лекувањето е процедурално во времетраење од 21 ден рехабилитација.
Доколку физиотерапевтот и ревматологот сметаат дека има потреба од дополнителен процес на рехабилитирање - лекување заднички со мислење носат заклучок за прололжување на терапија од плус 10 до 12 терапии се со цел да се постигне соодветниот резултат во процесот на лекувањето.
Целта во физиотерапевтската процедура е да се смири болката и воспалителниот процес, да се забават радиолошките промени, и да се спречи прогресијата на заболувањето.
Хируршкото лекување кај ревматоидниот артритис доаѓа при напреднати состојби, кога има деформитети. Најчести операции се вградување на вештачки ендопротези на колкот или на колената.
Ревматоидниот артритис како и процесот на лекување е долг и сложен процес, но и доста деликатен. Физиотерапевтот и пациентот заеднички взаемно се справуваат со оваа каприциозна болест во процесот на лекувањето.
Водењето на пациентите со ревматоиден артритис го спроведува ревматолог, физијатар и физиотерапевт а во одредени случаеви при хирушки зафати од поголем дефирмитет ортопед - хирург.
Пишува: Физиотерапевт Илија Жежов
ЦЕНТАР ЗА МАСАЖА И ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕЛО
ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се справите со детскиот бес?
Детскиот бес е нормален дел од растењето. Иако за родителите може да б...
Дали летото влијае на плодноста?
Летото кај многу луѓе носи повеќе енергија, подобро расположение и пом...
Најважни здравствени навики пред планирање бременост
Планирањето бременост започнува со грижата за телото и менталното здра...
Како доењето помага во враќање на тежината?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога и како телото ќе се врат...
Зошто баба и дедо се толку важни во детството?
Во свет каде што децата растат опкружени со технологии, брзо темпо и п...