Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
/11
Епидуралната анестезија е метода за олеснување на болките при породување. Постапката се изведува на начин што во епидуралниот простор, меѓу 4 и 5 лумбален пршлен, со помош на игла се вбризгува анестетик во комбинација со лекови. Исто така, постапката може да се изведе со помош на тенок катетер, кој се поставува во епидуралниот простор, при што лекот се дава во неколку дози или континуирано.
Епидуралната анестезија може да се користи за ублажување на болките во првата и втората фаза на породувањето.
Анестезијата почнува да делува по 20 минути од вбризгувањето на лекот, а пациентката чувствува дека контракциите стануваат помалку болни и го губи чувството во долниот дел на телото. Може да почувствува дека нозете и стануваат топли и тешки. Лекот ги блокира корените на нервите и потполно ја блокира болката. Анестезијата престанува да делува по неколку часа.
Многу трудници размислуваат за овој начин на ублажување на болките при породување, но се двоумат заради различните последици за кои слушнале, или заради стравот од самата постапка. Заради тоа, накратко ќе направиме попис на за и против епидурална анестезија.
За:
Против
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...