|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

3 чекори до здрава и лесна бременост

Редакција Рингераја, 28.6.2019
Одлуката да имате бебе е неверојатно возбудлив момент во животот. Но, дестинацијата „бебе“ неретко подразбира долг и тежок пат, па затоа гледајте на овие совети како на задачи кои треба да ги исполните пред да имате бебе
Клучни зборови:

image
/11


И во случај да не планирате да забремените наскоро, продолжете да читате, со оглед на тоа што според истражувањата 45% од бременостите се непланирани.

Проверете ја вашата здравствена состојба

Општиот преглед на здравјето е одличен старт при обидот да забремените. Вашиот матичен гинеколог ќе ја провери вашата крвна слика, нивото на железо, евентуални инфекции или сексуално преносливи болести.

Во прилог на оние стандардни проверки, постојат некои нови фактори кои треба да се разгледаат:

- Индекс на телесна маса (BMI)

И високите и ниските индекси се поврзани со негативни појави при обидот за забременување, породувањето и здравјето на новороденчињата. Пониските ризици се поврзани со нормален БМИ: помеѓу 18,5 и 24,9.

- Витамин Д

Соодветните нивоа на витамин Д може да играат улога во подобрувањето на шансите за забременување. Ако планирате да забремените, знајте дека доволно витамин Д може да помогне во заштитата од спонтан абортус, гестациски дијабетес и потреба од царски рез.

Едноставен тест на крвта може да покаже дали вашите нивоа се соодветни.

- Липиди во крвта

Липидите во крвта се користат за да се процени ризикот од срцеви заболувања, но тие може да ни покажат и нешто во врска со исходот од бременоста.

Имајќи нивоа на HDL (добар) холестерол помала или еднаква на 50 mg / dL и нивоа на триглицериди поголеми или еднакви на 150 mg / dL е поврзано со зголемен ризик од прееклампсија (потенцијално сериозна компликација во бременоста која се карактеризира со висок крвен притисок).

- Исхрана

Она што го јадете е од суштинско значење за вашето здравје и за здрава бременост. Истражувањата покажуваат дека честата конзумација на зеленчук помага за намалување на ризикот од спонтан абортус, заедно со доволен внес на фолна киселина и минимален внес на алкохол при забременувањето.

Суплементи пред бременоста

Пред зачнувањето,  јајце-клетките и сперматозоидите зреат. Овој процес трае околу 100 дена, па затоа е најдобро да се земат додатоци во исхраната најмалку три месеци пред да почнете да се обидувате да забремените.

Проверете со вашиот лекар кои додатоци најдобро одговараат на вашите индивидуални потреби. Она што ви е потребно се сведува на железо, калциум, фолна киселина (биоактивната форма се нарекува метилфолфат) и калиум јодид.

Омега-3 може да помогне во намалување на ризикот од предвремено породување и зголемување на телесната тежина, висината и обемот на главата. Достапни се додатоци од алги, а одредени растителни масла (како ленено семе), исто така, може да го зголемат внесот на омега-3.

Потпомогнете го процесот

Откако ќе бидете подготвени да почнете да се обидувате да забремените, од голема помош ќе ви биде да разберете колку е важен тајмингот.

По овулацијата, јајце клетката живее околу 24 часа. Ако го комбинирате животниот век на јајце клетката со животниот век на спермата (пет дена), добивате плодна рамка од околу шест дена. Ваше е дали ќе одберете точно да ги дефинирате плодните денови преки едноставни тестови достапни во секоја аптека, или ќе оставите на случајноста.

Под претпоставка дека нема причина да се сомневате во потенцијална плодност, ако имате секс секои два дена, дефинитивно ќе ја подобрите вашата веројатност за зачнување.

1

Планирана или не, бременоста е состојба на која може да влијаете во голема мера за да има позитивен исход како по вашето здравје, така и по здравјето на вашето бебе.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
6
Малку крв, голема промена?
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на...
4
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
4
Што е гестациски дијабетес?
Бременоста носи безброј физички и хормонални промени, некои очекувани, некои неочекувани. Една од тие промени може да би...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?