Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во минатото удирањето на децата како дисциплинска мерка било нормално, пред сè затоа што човештвото не било доволно едуцирано. Многу често слушам ,,Па и ние сме тепани и еве ништо не ни фали". Многу често на психотерапија и кај оние лица кои работат на себе и својот личен раст и развој дознаваат дека токму тепањето како граница од родителот понатаму е причина за потешкотии во поставувањето на здрави граници кои се многу значајни во животот. Односно, се јавува недостаток на механизми да се заштитиме на здрав начин, да бараме и бираме што е најдобро за себе итн. Од друга страна пак, самото тоа што родителот се довел до момент да мора да удри најверојатно значи дека тој не поседува здрави граници кон себе, не се грижи и за своето ментално здравје, не се едуцира и не бара помош како да го надмине проблемот. Децата дефинитивно бараат многу, родителите се исцрпени и доаѓаат во ,,тесно" и сето тоа е во ред, но наместо да се бара оправдување, се бара разбирање и наоѓање начин да се смени начинот на реагирање.
Следете ја @transformacija.mk на Инстаграм
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го засакаме своето тело такво какво што е?
Да го сакаш своето тело не значи дека секогаш ќе ти се допаѓа како изг...
Плодност и планирање на бременост
Планирањето на бременост е важен чекор, а во некои случаи и време кога...
Бејби блуз, зошто се јавува и колку трае?
„Бејби блуз“ е честа емоционална состојба што ја доживуваат многу мајк...
Што да бараш при избор на бебешки производи?
Изборот на бебешки шампон, крем или влажни марамчиња не треба да се ба...
Најтешките и најубавите недели од бременоста
Бременоста не е рамна линија туку динамичен процес исполнет со промени...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)