|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Др. Рајовиќ: Како им поставувам граници на децата?

Редакција Рингераја, 3.6.2019
Армија родители не знаат што да прават со своите деца. На детето е тешко да му се постават граници, па тие одат во крајност да се будат навечер за да играат игри

image
/11


Дали опкружувањето е денес исто? Не е, а опкружувањето е 100% важно. Секоја нова генерација запишани во прво одделение е полоша од претходната. Па што ќе биде тогаш со децата ако и понатаму ги користиме истите методи? Ќе бидат се полоши. Значи, мораме да ги менуваме методите.

Др. Рајовиќ вели дека денес моториката кај децата е значително полоша, општото знаење исто така, вниманието послабо, речникот посиромашен. Тоа значи дека проблемот настанал пред запишување на училиште. И за тоа не се криви само родителите, туку и опкружувањето. Тогаш доаѓа нов проблем, а тоа е училиштето. Децата заради неправилниот развој  не можат да одржат внимание, не можат да читаат, пишуваат, иако се интелегентни.

За манипулациите на децата и границите

“Кога детето е среќно и ние сме” – тука е просторот за манипулација. Колку детето е постаро толку повеќе ги контролира родителите, ако нема граници. Тука доаѓа проблемот со мобилниот телефон. Армија родители не знаат што да прават со своите деца. На детето е тешко да му се постават граници, па тие одат во крајност да се будат навечер за да играат игри. Детето кога игра игри добива ендорфин во повеќе наврати и станува зависно. Ендорфинските стимуланси се како морфиум, тоа е како дрога – предупредува доктор Рајовиќ.,

“Мојот син Данило за 5-от роденден доби некоја видео-игра и бидејќи јас сум против тоа, ја прашав роднината која му го купи – зошто? Таа ми вели – Па Ранко, немој да си примитивен, сите го имаат тоа, како ќе си игра со другите деца, ако не знае ништо за тоа? Па видете каде е тука логиката кога тој таа игра ја игра сам.”

Докторот вели дека му дозволил на синот да игра само по половина час дневно, но тоа набрзо почнало да излегува од контрола.

“Се обидов да му објаснам дека нема да има добра акомодација на очите, дека ќе има проблем кога ќе тргне на училиште, нема да може да чита подолго од 15 минути и дека тоа се вика дислексија, тој ме пушти да завршам и ме праша – Може ли сега да играм? Јас видов дека не вреди. Добро, велам, бидејќи ме измами неколку пати сега ќе ти го земам ова додека не се договориме. Тато врати го, ќе се договориме. Потоа го прашувам:

Во ред, сакаш да го играш ова еднаш или два пати неделно?

А не, јас сакам секој ден.

Еднаш или два пати неделно. Ако не се договориме ти го земам. Имаш 10 секунди. 10, 9, 8...

Два пати

Потоа договоривме да биде во понеделник и четврток по половина час. Потпишавме и договор кој го фотографирав. Следниот ден ме излага. Му го зедов телефонот и плачеше долго. Следниот пат кога ме измами плачеше еден час. Третиот пат не плачеше. Сфати дека нема назад. Тоа е мудроста на родителството – поставување на граници. Родителите мора да се едуцираат, да читаат, да видат што е ново за да знаат да се постават на вистинскиот начин” – тврди Др. Рајовиќ.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
4
Претераната хигиена води до астма и алергии
Др. Бранимир Несторовиќ објаснува: Станавме претерано чисти. Се бањаме повеќе пати на ден, антибиотиците не делуваат, хр...
4
Избираме најубава творба: Ивана Стевческа
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати учителката на Ивана Сте...
4
Mamamegi: Да му умре козата на комшијата?!
@mamamegi има нешто да ви каже
4




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: