|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Добрите мајки прават вака!

Annie Reneau, 10.2.2016
Добрите мајки прават колачи. Добрите мајки не прават колачи. Добрите мајки се обидуваат да прават колачи, а ако не се убави ги фрлаат

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Добрите мајки ги сакаат своите деца.

Добрите мајки дојат – шест дена, шест недели, шест месеци, или шест години, бидејќи знаат дека тоа е најдобро, дека е природно, бидејќи имаат поддршка, бидејќи тоа функционира, бидејќи направиле да функционира, бидејќи е полесно, бидејќи не е ничија работа зошто дојат.

Добрите мајки ги хранат своите деца со беби формула – ретко, понекогаш или секогаш, затоа што мораат, затоа што сакаат, бидејќи тие немале поддршка за доењето, бидејќи имале поддршка но сепак не можеле да дојат, бидејќи е општо-прифатено, бидејќи е полесно, бидејќи пумпицата за измолзување не ја врши својата работа добро, бидејќи не е ничија работа како го хранат бебето.

Добрите мајки ги хранат своите деца со органска храна бидејќи имаат средства за тоа, бидејќи нивните деца обожаваат таква храна, или бидејќи мораат.

Добрите мајки работат надвор од дома, бидејќи така треба, бидејќи така сакаат, бидејќи сакаат да ги научат своите деца дека жените можат рамноправно да учествуваат во полнењето на семејниот буџет, бидејќи така е најдобро за нивното семејство и општеството.

Добрите мајки седат дома со своите деца, бидејќи така сакаат, бидејќи мораат, бидејќи сакаат нивните деца да знаат дека мајчинството е работа со полно работно време без срам и извинување и бидејќи тоа е најдобар избор за нивните семејства.

Добрите мајки прават колачи. Добрите мајки не прават колачи, Добрите мајки се обидуваат да прават колачи, а ако не се убави ги фрлаат.

Добрите мајки растат органски градини и имаат беспрекорно чисти куќи. Добрите мајки растат купови алишта за перење и имаат црно под ноктите.

Добрите мајки никогаш не викаат на своите деца. Добрите мајки викаат на своите деца, а потоа се извинуваат што го изгубиле трпението. Добрите мајки викаат на своите деца и не се извинуваат бидејќи нивните деца треба да знаат кога ја преминале границата.

Добрите мајки знаат кога треба да направат пауза. Добрите мајки знаат да направат пауза, но не можат секогаш да ја имаат. Добрите мајки не знаат кога треба да направат пауза и затоа не ја добиваат.

Добрите мајки се грижат за своите деца. Добрите мајки понекогаш не можат да се грижат за своите деца. Добрите мајки бараат помош. Добрите мајки понекогаш немаат помош. Добрите мајки понекогаш мора да донесат срцепарателна одлука да го дадат своето дете, бидејќи тоа е единствениот начин да го спасат неговиот живот.

 

Добрите мајки прават грешки. Добрите мајки им даваат поддршка на другите мајки кога прават грешки.

Добрите мајки забораваат да им дадат поддршка на другите мајки кога прават грешки.

Добрите мајки простуваат.

Добрите мајки се грижат едни за други.

Добрите мајки се грижат за тоа да бидат добри мајки.

Добрите мајки ги сакаат своите деца.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Синдром на немоќен родител
Иако љубовта е темелно обележје на односот родител-дете, наивно е да се очекува дека овој однос засекогаш ќе остане идил...
3
Фото: Најдобрите славни татковци!
Мајки со деца можеме да видиме насекаде, но татковци - ретко. Ова се фотографии на славни татковци со своите мали дечиња
3
Интервју со мајката на киднапираното девојче
Татјана Димитровска - мајка на која детето и е насилно одземено, а која според судот, законот и природата има апсолутно ...
3
Денот на вљубените - пред и по децата!
О, Денот на вљубените. Пред децата, тоа е романтичен одмор кој гарантира ноќно излегување, вино и време за секс. После д...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste popustliv roditel?

Da (50%)

Ne (50%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!