namesp во 10:12
Девојчињата прерано на штикли
Редакција Рингераја, 22.5.2012
Носењето на потпетици не е добро за стопалото, бидејќи се зголемува оптеретувањето на неговиот преден дел и се создаваат услови за закривување на коските на ногата. Ако веќе се носат потпетици, тие треба да бидат што пониски, нивниот преден дел да биде доволно широк за да биде слободно движењето на прстите.
Од германската компанија “Dajhman” која во својата понуда има чевли на штикли и платформа од три до пет сантиметри, за девојчиња од 6-10 години, тврдат дека соработуваат со стручни лица и дека здравјето на детското стопало им е особено важно и дека носењето на овие чевли секојдневно е штетно.
“Ако девојчињата сакаат да изгледаат елегантно за некоја пригода и да носат вакви чевли, тогаш тоа е во ред. Но тоа не се чевли со кои девојчињата можат да одат на игралиште, на училиште или на секојдневна прошетка” – изјавуваат вработените во маркетинг на оваа компанија.
Дури и светските ѕвезди им облекуваат штикли на своите деца. Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс предизвика бурни реакии во јавноста кога на три години се појави во сандали со потпетица. Тогаш Оливер Зонг, њујоршкиот стручњак за деформитети на стопалото изјави дека децата не смеат да носат штикли.
“Децата растат брзо и се' треба да расте со ист чекор. Ако тетивата на ногата не расте со исто темпо, како и се друго, тоа може да биде проблем”, нагласува Зонг.
На гласините дека Сури Круз во својот плакар има 150 пара Маноло Бланик чевли, реагирал и самиот Бланик кој изјавил дека се плаши детето да не стане жртва на високите потпетици и им препорача на родителите да купуваат чевли прикладни за детската возраст.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Умирајќи од 4 стадиум на рак на панкреас Jim Zetz, 62, одлучил да се осигура дека неговата ќерка ќе го почувствува момен...

Семки од лубеница, лего коцки, пластични топчиња, грав. Списокот на работи кои детето може да ги голтне, или да ги стави...

Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Ирина ...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
