За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Децата од две до три години знаат да бидат многу напорни, но сето тоа е период и треба многу трпение. Може реченицава звучи клише ама кога ќе пораснат ќе сакаме и ќе бараме да се до нас, ама тие ќе немаат време од игри и дружења.
Децата во овој перид од развојот се со поголема фантазија и често ќе гледате како се во некоја друга улога на мајка, доктор, пејачка итн.
Во овој период повеќето од децата не сакаат да ги делат своите играчки, или често знаат да си "украдат" играчка за дома од другарчето.
Кога станува збор за играта и дружењето, тие како растаат се повеќе и повеќе ќе сакаат дружење и играње со деца. Затоа, периодот од две до три години е идеален период за носење на дете во градинка поради социјализирање и која исто така ќе му помогне во растот и развојот.
Ако нешто треба на некој да му објаснуваш тоа е на дете од овој период од развојот, тие стануваат радознали.
Иако фондот на зборови на оваа возраст кај децата е голем сепак сеуште не зборуваат правилно или имаат потешкотии во изговорот на одредени букви "р" , "л" , "џ","ш" итн.,тоа воопшто да не ве загрижува. Доколку сакате може да направите контрола кај логопед, иако тоа се препорачува да биде после третата година.
Во овој период од развојот децата треба да ги оставите полека да се осамостојуваат во одредени работи. На пример кога се облекуваат и кога јадат.
Овој период е идеален и за вклучување во домашните обврски. Ако не друго, дете на оваа возраст може барем да си ги собере играчките.
Сето ова е напишано од читање и слушање за растот и развојот на децата од овој период, а најмногу од поминато лично искуство.
Од дневникот на @mamamegi
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Бојадисување на јајца со природни бои
Материјалите со кои во минатото се бојадисувале Велигденските јајца, се разликуваат од оние кои ние денес ги користиме. ...
4
Здрави детски фрустрации
Во светот каде родителите сe почесто сакаат да го заштитат своето дете од секој стрес, конфликт, нервоза, фрустрациите с...
3
Кога да го оставите детето само дома?
Се прашувате дали Вашето дете е доволно зрело за да може понекогаш да остане само дома? Ќе Ви помогнеме да добиете одгов...
3
ТРИнејџери - тригодишни диктатори
Сите сме слушнале за страшните двегодишни деца и за сите драми поврзани со нив и светот околу нив. Но, за повеќето од на...
3