Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Доколку и вие сте се нашле на тој пат и сте имале слични несигурности, размислете за следните десет совети кои би можеле да ви помогнат да ги надвладеете негативните чувства и да уживате во својата улога на мајка.
Ослободете се од внатрешниот критичар
Не се споредувајте со други мајки, бидејќи секоја има различен стил на воспитување. Секоја мајка постапува во склад со своите уверувања и животни вредности – и тоа е во ред. Вие сте единствени исто како што е единствено и вашето дете – па таква треба да биде и филозофијата на воспитување.
Не се трудете да бидете совршена, туку бидете доволно добра мајка
Многу мајки често имаат чувство дека даваат се' од себе, но дека тоа е го прават доволно добро. Ослободете се од тоа чувство и нека не ве гризе совеста, бидејќи не сте во можност на детето да му купите совршена кукла, туку потсетете го детето на моментите кои ги поминавте заедно додека двајцата ја шиевте куклата.
Ставете се себе на прво место
Стјуардесите прво ставаат заштитна маска на своето лице и за тоа постои добра причина! Доколку сте премногу исцрпени, гладни и ненаспани – нема да можете да го дадете најдоброто од себе. Погрижете се да имате време за себе и за своите активности. Среќна мајка значи среќно дете.
Помалку е повеќе
Децата нема да се сеќаваат на сите детали, на кои многу мајки обрнуваат внимание. Не е важно со каков вкус е роденденската торта и дали кутијата е полна со играчки. Важна е блискоста, контактот и вниманието, ситница со која покажувате колку го познавате своето дете.
Клучот е во комуникацијата
Комуникацијата не значи само разговор, туку и учество во заедничките активности, слушање музика, читање книги и прошетки. Потрудете се да знаете кои се интересите на детето во секоја различна фаза и бидете му поддршка во тоа.
Поминувајте време насамо со детето
Независно дали имате едно или повеќе деца, погрижете се на секое дете поединечно да му посветите малку време. Овозможете му на детето дел од денот во кој ќе може да ви се довери и отвори со некои проблеми, кои му е непријатно да ги соопшти пред остатокот на семејството.
Променете ги своите уверувања
Секоја мајка, сакајќи да го признае тоа или не, има совршена слика за своето дете: од неговиот изглед, стилот, интересите и начините на изразување. Меѓутоа, децата често пати не се наоѓаат во тие очекувања и тогаш е ред да ги пуштите да бидат личности какви што сакаат да бидат и да го прават она во што уживаат.
Не морате да направите се'
Ако се трудите да бидете Супер мајка,која стигнува да направи ручек, да отиде на работа, да напредува на работа, да одработи прекувремено, да се врати и да направи вечера, да чита приказни, да отиде во прошетка, да вежба и да ги избрише прозорците...Едноставно, сето тоа е невозможно.
Дисциплинирајте ги децата според заслугата
Водете се според правилото дека казната мора да одговара на направената грешка. Доколку имате постаро дете прашајте го што мисли за направеното, а доколку имате помало дете сами одлучете како ќе постапите.
Дозволете им на децата да грешат
Не ги исправајте фрешките на своите деца. Дозволете им да грешат и да научат од тоа. Покажете им ја насоката, разговарајте и погрижете се за тоа да се соочат со сопствените грешки и со неправдата.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?