|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Децата денес се поинтелегентни но по не креативни?

Редакција Рингераја, 9.6.2016
Креативното размислување е важен дел од нашиот живот, потребно ни е во училиште, на работа и во слободните активности

image
/11


 

Една од големите желби на родителите е нивното дете да го достигне својот максимален креативен и интелектуален потенцијал. Креативноста им носи многу бенефиции на децата подоцна во животот. Факт е дека креативните лица се пофлексибилни, полесно ги совладуваат пречките и гледаат можности таму каде што другите гледаат проблеми.

Креативноста не е наследна карактеристика и не е талент кој само некои деца го поседуваат. Секое дете може да биде креативно ако родителите вложуваат труд и создаваат услови за тоа да ја користи својата имагинација.

Креативност

Преку следниве совети ќе му помогнете на вашето малечко да ја развие својата креативност:

  1. Забавувајте се со игра „боја на денот“. Изберете боја на денот, на пример црвена. Сè што ќе правите тој ден, препорачливо е да ја вклучува оваа боја. Облечете црвена облека, инкорпорирајте црвена храна во своите оброци, бојте и цртајте со црвена боја... Тоа ќе го поттикне вашето дете константно да размислува и да пронаоѓа нови начини за да ја искористи црвената боја и да ја изненади мама.
  2. Максимално одглумете улога. Независно дали вие ќе бидете волкот, а вашето дете Црвенкапа, или обратно, без задршки потрудете се да ја одглумите својата улога најдобро што умеете. Адаптирајте го и гласот на својата улога и искористете реквизити кои ви се при рака. На овој начин ќе го поттикнете и вашето дете да го направи истото. Децата од претшколска возраст кои минуваат повеќе време глумејќи различни улоги се покреативни.
  3. На детските прашања одговарајте со прашања. Децата по природа се љубопитни и поставуваат илјадници прашања. Ако вашето малечко ви постави прашање од типот „Што значи жубори?“, вратете му: „Што мислиш ти дека значи зборот жубори?“. Нема ништо лошо веднаш да му го дадете точниот одговор, но на овој начин ќе го охрабрите да даде свое видување за непознатиот збор. Честопати вашето дете ќе го знае точното значење на зборот од контекстот во кој го чуло или прочитало.
  4. Поттикнете го да ги користи петте сетила. Заврзете му ги очите на вашето дете и побарајте преку допир да погоди каков предмет сте ставиле пред него. Или пак, поставете му предизвик да погоди каква храна сте ставиле во неговата уста додека му се врзани очите и затнат носот. Додека сте на прошетка, прашувајте го какви ароми се чувствуваат во воздухот околу вас.
  5. Поставувајте му „отворени“ прашања. „Што би направил кога би бил доктор?“, „Каде би отишло кучето кога би можело да лета?“, „Што би ти рекло мачето кога би знаело да зборува?“ – прилагодете ги прашањата на возраста на детето. Отворените прашања кои немаат стандарден одговор го поттикнуваат детето да размислува надвор од кутијата и да ја вежба својата креативност за да смисли соодветен одговор.
  6. Кога детето ќе ви рече „Види што нацртав/направив“, покажете интерес. Кога вашето најмило ќе ви се пофали со своето уметничко дело, не го завршувајте разговорот само со едно кратко „Браво“. Покажувајте интерес и со ентузијазам прашувајте го за инспирацијата и процесот на творење. Кога детето ќе почувствува дека неговата уметност е ценета, тоа со задоволство ќе продолжи да ја развива.
  7. Поттикнувајте ја хаотичната уметност. Активностите кои прават неред во домот всушност најмногу ја зголемуваат креативноста на детето. Дозволете му да лепи, да црта, да меша бои и престанете да се трудите секое катче од домот да биде совршено подредено во секој момент од денот. Брашното, оризот, водата и останатите кујнски намирници можат да имаат најразлични примени во детската игра и неверојатно ја развиваат креативноста. Поставете завеса за туширање или дебела најлонска вреќа под површината на која си игра вашето дете за да спречите валкање на мебелот или подот.
  8. Не му се смејте ако направи грешка. Грешките се составен дел од процесот на учење, но многу деца се плашат од нив, бидејќи често се проследени со исмејување. А стравот е голем непријател на креативноста. Децата кои се плашат од грешки, не размислуваат креативно. Не дозволувајте вашето дете да се разочарува. Кога ќе погреши нешто, дајте му можност да си ја поправи грешката или помогнете му да извлече поука. Истражувањата покажуваат дека повеќе учиме кога грешиме отколку кога нашите напори завршуваат со успех.
  9. Зголемете му ја самодовербата и самопочитта. Самоуверените деца полесно се изразуваат. Кога детето се почитува себеси, се гордее со своите размислувања и не ги крие во себе.
  10. Посетувајте театарски претстави, галерии, фестивали... Културните настани ги мотивираат децата да ги истражуваат своите таленти и да ги развиваат своите способности. По добра театарска претстава, вашето дете ќе посака да глуми, по интересен фестивал, сигурно ќе запее, по посета на галерија, ќе се обиде да копира одредено дело, а сето тоа ќе му го развива креативниот ум.
  11. Ограничете го времето поминато пред ТВ или компјутер. Во денешно време невозможно е целосно да го држите детето подалеку од екраните. Но, ваша задача е да го ограничите времето поминато на компјутер или пред телевизор. Предлагајте им на децата други активности со кои ќе си го пополнуваат слободното време – разгледување сликовници, читање, боење, создавање фигури од пластелин, виткање оригами...
  12. Дозволете му само да донесува одлуки. Поттикнете го детето самото да ја избере облеката, самото да одлучи што ќе јаде за вечера или кои предмети ќе ги вклучи во својата игра. Ако е поголемо, можете да му дозволите самото да ја декорира својата соба, или барем дел од неа.
  13. Мотивирајте го да измислува приказни. Наместо постојано да читате заедно, побарајте од вашето дете да измислува приказни или да довршува бајки кои вие ќе ги започнете. Така ќе си ја развива креативноста на забавен начин, а резултатот честопати ќе биде хумористичен и ќе ви измамува насмевки.

 

Не заборавајте дека родителите се првите учители на децата. Поттикнувајте ја љубопитноста на вашите малечки, зголемувајте ја нивната самодоверба, покажувајте ентузијазам и охрабрувајте ги да ја изразуваат креативноста.

  

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Прва помош при полесни повреди на игралиште
Модринки, отоци, мали гребнатинки, мали исекотини...
5
Доцнење на говор кај децата
Во денешно време, повеќето од децата се подоцна прозборуваат.Загрижени родители бараат совети, помош, утеха насекаде.Но ...
4
Што треба да им кажувате на вашите деца се...
Во време како денешното со несопирливиот развој на технологијата и зголемениот број на обврски, понекогаш се чини дека п...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?