vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сонцето и зраците на сонцето се неопходни за човечкото тело да го синтетизира витаминот Д.
Витаминот Д е исто така неопходен за метаболизмот на фосфор и калциум, бидејќи овозможува нивна апсорпција од цревата, односно нивно понатамошно искористување од храната што ја внесуваме. Витаминот Д е важен за таложење на овие минерали во коскеното и забното ткиво. На овој начин се зајакнуваат коските и забите.
Луѓето со недостаток на овој витамин се склони кон кариес. Друго важно влијание на Витамин Д е тоа што ги забрзува одбрамбените процеси во парадонтот, односно ткивото што ги опкружува забите. Витаминот Д влијае на клетките на пародонтот на лигаментите на начин што ги стимулира да произведат антиинфламаторни антитела и да се борат против воспалението во парадонтот. Ова во голема мерка придонесува за спречување на развој на заболувања на непцата, гингивитис и пародонтопатија.
Неодамнешните истражувања во стоматологијата покажуваат значително влијание на витаминот Д во спречувањето на орални заболувања, кариес и парадонтопатија.
Сончањето треба да се користи со претпазливост, бидејќи долго и несоодветно изложување на сонце доведува до неконзистентни ефекти врз нашето здравје. Несаканите ефекти се изгореници, исто така, со кумулативни неповолни ефекти подоцна што доведуваат до предиспозиција и ризик за понатамошно оштетување на кожата и заболувања. Можеме да го избегнеме ова со ограничување на нашиот престој на сонце, изложување на сонце рано наутро и доцна попладне, и секако да се избегне изложување на сонце напладне.
9
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Играчките не се само за забава
Играчките не се само средство за забава. Тие се важен дел од детството...
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...
Најважни здрави навики што децата треба да ги усвојат
Здравите навики што децата ги усвојуваат во најраната возраст можат да...
Како да ги заштитите облеката, храната и домот од молци
Молците можеби изгледаат безопасно, но нивните ларви можат да направат...
Зошто е важно да бидеме дарежливи?
Дарежливоста е многу повеќе од подарување пари или материјални работи....