|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали слабокрвноста се лечи со цвекло?

Редакција Рингераја, 28.3.2019
Некои работи за кои „знаеме“ дека се добри за нашето здравје, се толку вкоренети што тешко дека некој може да ве разубеди дека не е така како што сме мислеле дека е

image
/11


Нутриционизмот е област која е подложна на ширење на на погрешни информации и митови за исхраната. Причините за ова се бројни, но повеќето се сведуваат или на нестручност или на тоа што луѓето намерно ги искривуваат фактите за да остварат некоја своја цел (на пример, за да продадат книга или суплемент или за да ја промовираат својата идеологија).

Ќе откриеме неколку митови кои се прилично распространети кај нас, а се целосно невистинити.

Мит бр.1: Цвеклото лекува анемија

Со оглед на тоа што на интернет кружат многу рецепти за анемија и имунитет кои речиси во сите случаи вклучуваат цвекло како една од главните состојки важно е да се објасни дека станува збор за обичен мит. Цвеклото не лекува слабокрвност.

Првата причина е таа што цвеклото всушност нема толку многу железо. Тоа не е толку лошо, но постојат и многу подобри извори на железо, како на пример, пилешки џигерчиња(72% од дневните потреби), варена соја (29%), спанаќ (20%), телешко или јунешко месо(20%), грав (16%), блитва (13%).

Втората причина е таа што бојата на цвеклото не значи дека е заради тоа добра за крвта. Да е така, гравот би бил добар за бубрезите затоа што по формата потсетува на бубрези. Причината што е цвеклото црвено е обичен пигмент по име бетанин. Овој пигмент е всушност многу здрав за нашето тело затоа што е воедно и антиоксиданс, но нема никаква врска со крвните зрнца.

Секако, ова не значи дека цвеклото нема свои предности. Напротив. Има благотворно дејство на крвниот притисок, физичката идржливост и е добро за црниот дроб. Работата е во тоа што постoјат подобри начини за лекување анемија.

Мит бр.2Јајцата се лоши за срцето затоа што го покачуваат холестеролот

Јајцата се незаслужено демонизирани затоа што содржат големи количини холестерол. Но холестеролот од храната не го зголемува нужно и холестеролот во крвта. Бројни студии покажале дека јајцата не се штетни за срцето и за крвотокот.

Напротив, тие се едни од најхранливите намирници што постојат и нема причина да ги зибегнувате освен ако не сте алергични на нив. Исто така, нема потреба да ја одвојувате жолчката затоа што сите делови од јајцето се здрави.

Мит бр.3: Месото скапува во стомакот

Овој мит потекнува од вегетаријанската пропаганда. Факт е дека се луѓето способни да го сварат месото затоа што го јадат уште од праисторијата. Доказ за тоа се нашите заби (правите билкојадци немаат очници, ние ги имаме).

Кога ќе ја изџвакаме храната и ќе ја голтнеме таа доаѓа во желудникот. Присутноста на храна во желудникот (а особено протеини како оние во месотое тригер за лачење на ензими и хлороводородна киселина (Hcl) која во стомакот има pH од 1,5 до 3. За да биде јасно колку е всушност силна желудочната киселина довочно е да се каже дека желудникот мора да создава нов слој на слуз секојдневно за да се свари самиот себе. Во таква киселина не може да скапе ништо, туку само може да се претвори во густа течност, односно, да се разложи на попрости фактори (аминокиселини, витамини, минерали, итн) кои се испуштаат во цревата кадешто се одвиба апсорпција на тие нутриенти.

Она што е уште поинтересно е дека токму растителната храна со силни влакна (како житарките или гравот) доаѓаат до дебелото црево делумно несварени и тука се распаѓаат под влијание на бактериите. Токму тоа е процес на скапување. Меѓутоа, тој процес е целосно нормален и природен, па нема ништо нездраво ниту лошо во себе, освен повремени гасови кои ги произведуваат тие бактерии.

Мит бр.4Сите би требало да пиеме 8 чаша вода дневно

Секако дека би требало да ја замените течноста потрошена со дишењето, потењето и мокрењето секој ден, но не им се на сите потребни 8 чаши вода на ден. Поголемиот дел од храната што ја јадеме содржи во себе течност, па дури и цврстата храна како што е тврдото сирење има во себе течност.

Важно е да се нагласи и дека секој човек има различно телот. Некој кој е висок два метри можеби има потреба од 8 чаши вода на ден, но некој што е висок 150 цм сигурно нема. Покрај тоа, битно е да се спомене и дека нашата физичка активност влијае на потребите за течност. Ако работите физичка работа среде лето, можеби ќе се напиете и повеќе од 8 чаши на ден, но ако поминувате обичен зимски ден тогаш ќе ви бидат доволни и три чаши.

Едноставно правило за одредување дали сте дехидрирани или не, е да ја погледнете бојата на мокрачата. Идеално е да биде бледо жолта или бистра, што може да се постигне и со многу помалку од 8 чаши вода дневноАко урината стане потемна, тогаш е јасно дека ви недостасува течност.

Дали е добро детето да ги види родителите ...
Некои родители сметаат дека е добро детето да ги види голи, како добра воспитна вредност, за да се избегне “болната” љуб...
8
6 работи што треба да му ги кажете на ваше...
Силната врска помеѓу децата и родителите се темели на љубовта и комуникацијата. Научете како да разговарате со вашето де...
5
Мајчинството може да го наруши психичкото ...
Товарот кој го имаат мајките и емотивната одговорност поврзана со воспитувањето на децата ? штетат на психичкото здравје...
4
Зајакнете го имунитетот на Вашето дете
Време е на настинки и вирози, па важно е да се подготвите и да го зајакнете имунитетот на Вашето дете
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

kako bi reagirale
zelba

maz vi da otide na kafe so bivsata so koja se nema videno niz godini pa da se "izmuabetat"

navedi mislenje (91%)

navedi mislenje (9%)


Број на сите гласови: 77

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!