Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
                    			   
                    			Се чувствував непријатно и стресно.
Секој пат кога ќе земев туѓо бебе в раце со предрасудата „да видиме колку време ќе помине пред да заплаче“ и кога бебето навистина ќе ми заплачеше во рацете, сериозно размислував „види, не сум направена за ова“.
Верував дека не сум создадена за мајчинство и се сомневав во секоја педа од моето битие дека некогаш ќе бидам во можност да се поврзам со своето бебе доволно, ако и кога ќе дојде време за тоа.
Кога се водеа дискусии за „обидите за забременување“ , тоа ме нервираше. За некое време се криев зад моите „цели во кариерата“ за да го одложам процесот. Кога забременив, ќе се шегував со пријателите, семејството и колегите за тоа колку брзо ќе се вратам на работа. Реков 6-12 месеци, но мислев и на враќање на работа порано.
Сите тие беа начини да се заштитам од она што мислев дека ќе биде неизбежна борба да се поврзам со моето бебе што требаше да се роди.
Тоа не беше мојата реалност.
Во моментот кога станав мајка, знаев дека сум родена за тоа. Љубовта што ја имав кон моето бебе беше неограничена. Врската што ја имавме во првите моменти беше како ништо што не сум искусила дотогаш во животот.
Градите беа единственитеместа во кои бебето сакаше да се смири.
Моите раце беа единствените што сакаше да ја лулаат.
Мојот мирис беше единствениот што и даде утеха.
Немаше непријатност, само природна реакција на туѓите потреби.
Немаше враќање на мојата поранешна работа, само нов животен стил кој стана мој приоритет.
Кога ќе се завртам наназад сега, посакувам да знаев неколку работи.
Посакувам да знаев дека не може да се предвиди патување за мајчинство.
Посакувам да знаев дека неуспехот да се поврзам со бебињата што не беа мои, не е знак за одредена неможност да се поврзам со моето бебе еден ден.
Посакувам да знаев дека мајката се раѓа во исто време со бебето.
Ова е она што го знам сега.
18 мај 2020 година
Прв пат мама
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате....
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...