Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Бијонсе стана мајка пред само 5 месеци и досега изгубила 27 килограми вежбајќи и јадејќи салата од марулка.
Не можете да замислите колку напорно работев, им рече 30-годишната ѕвезда на обожавателите. Изгубив 27 килограми. За тоа е потребна работа.
А плодовите од нејзината работа беа евидентни во неколкуте сценски костими, на нејзиниот прв концерт по породувањето.
“Вечерва ќе јадам чоколадо”, извика Бијонсе по неколкуте отпеани песни.
Пејачката, која е во брак со раперот Jay-Z, носеше серија од нарачани костими од Ralph & Russo. Поминаа девет месеци од последниот настап на Бијонсе пред фановите. Излегувајќи на сцената во Њу Џерси, за прв пат по раѓањето на ќерката Блу Ајви, Бијонсе докажа дека мајчинството не влијаело врз нејзиното владеење со сцената. Бијонсе имаше неколку познати гости во публиката, вклучувајќи ги Мишел Обама и нејзините две ќерки, Малија 13 и Саша10 години.
Исто така, на концертот ја придружуваше и нејзиниот сопруг, раперот Џеј-Зи, кој неодамна се врати од турнејата со Kanye West во Лондон.
Под своето Твитер име Г-дин Картер напиша: “Ќе го кажам само ова, а потоа ќе замолчам. Бијонсе е најдобриот изведувач во светот. Точка.”
Зборувајќи им на 5,500 фанови во Ovation hall во Revel, таа рече “Морам да кажам дека се чувствувам многу добро што повторно сум дома, на сцената.”
Бијонсе испеа неколку од своите хитови, Crazy in Love, Love on Top, Irresistible и If I Were a Boy. Посебна почит и оддаде на Whitney Houston, пеејќи ја I Will Always Love You, а концертот го затвори со Single Ladies.
забава Бремените
Автор: bobik
Не секое мрморење значи болка. Научете ги вистинските знаци на растење...
Сакаме бебе, но не успева – дали грешиме некаде?
Одлуката да се стане родител е едно од најзначајните поглавја во живот...
Рефлексот на изненадување кај бебињата
Тоа мало „скокање“ или ширење на рачињата кај новороденчињата можеби и...
Рецепти богати со витамин Ц – прилагодени за мали деца
Витаминот Ц игра клучна улога во имунитетот, апсорпцијата на железо, з...
Промената на годишните времиња не влијае само на нашето расположение и...
Доење.
Admin
Дали мислите дека е вистина дека колку подолго жената дои, толку е подобар имунитетот на детето?