|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Сезонско средување на домот. Зошто е важно и како да се направи успешно?

Редакција Рингераја, 7.8.2025
Промената на годишните времиња не влијае само на нашето расположение и гардероба. Таа се одразува и во нашиот дом.

image
Средување на домот
/11


Сезонското средување не е само „длабинско чистење“, туку ритуал кој помага да го освежиме просторот, исчистиме енергијата и создадеме здраво и пријатно опкружување. Но зошто навистина е важно сезонското средување на домот и како да го направиме без стрес?

 

Зошто сезонското средување има поголемо значење од само чистење?

  • Физичка и ментална детоксикација. Расчистувањето одвнатре влијае и однадвор.  Кога ќе се ослободиме од нередот, се чувствуваме полесно и психички.
  • Хигиена и здравје. Неисчистените агли, текстилните површини и филтрите собираат прашина, бактерии и алергени, особено при менување на сезона.
  • Подобрување на енергијата во домот. Според многу култури (како фенг шуи), пренатрупан и несреден дом ја блокира позитивната енергија.
  • Практичност. Подготовка на домот за студено време, топлина, влага или сезонски навики (како менување постелнина, теписи, гардероба итн).

 

Како да го направите сезонското средување успешно?

Направете план без создавање паника

Поделете го домот на зони. На пример: кујна, бања, дневна, спална. Фокусирајте се на една по една. Не мора сè да биде завршено во еден ден.

Расчистете пред да чистите

Прво отстранете сето она што не го користите: облека, стари списанија, полупразни шишиња, испукани садови. Донирајте, рециклирајте или фрлете.

Заменете ја сезонската опрема

Во есен/зима извадете топли ќебиња, завеси, перници, влажни апарати. Во пролет/лето проветрете, заменете ги тешките и дебели текстилни предмети со полесни материјали.

Не заборавајте на „невидливите“ места

Фрижидерот, зад мебелот, под кревет, клима уреди и филтри, се места кои често се прескокнуваат, а кријат најмногу нечистотија.

Вклучете ја целата фамилија

Сезонското средување не треба да е обврска само на една личност. Поделете ги задачите, на децата може да им биде и забавно (сортирење играчки, чистење полички).

Освежете го просторот

Откако ќе се исчисти, додадете нешто ново: свеќа, миризливо масло, нова вазна или растение. Малите промени имаат голем ефект.

 

Користете природни средства

Лимонот, оцетот, сода бикарбоната и етеричните масла се одлична еко-алтернатива на агресивните хемикалии. Чистат, дезинфицираат и оставаат свеж мирис.

 

Сезонското средување не е само за домот, туку и за душата и телото

Во среден и свеж простор, мислите ни се појасни, телото поопуштено, а денот попродуктивен. Средувањето може да биде и ритуал на просторно, емоционално и енергетско обновување.

Со мала организација и добра волја, секоја сезона може да започне со леснотија.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

СРЕЌНА НОВА 2011 ГОДИНА!!!
Имајте среќна и успешна Нова година, драги наши корисници!
3
На гости кај првото бебе на Рингераја
Март месец беше еден од поубавите месеци, бидејќи конечно успеавме да ја донесеме популарната Рингераја и во Македонија ...
3
Хуманоста на Рингераја на МТВ
На Утринската програма на Македонска Телевизија преку кратко видео е доловена атмосферата на акцијата од младите за млад...
3
Рингераја дружење–микс на игра, забава и х...
24 октомври 2009, игротека “Тиквичка”, многу игра, забава, изразување хуманост, наградување и многу, многу насмевки беа ...
3




Анкета

*Машко име*
Хепи мами

Ве молам да гласате за најубаво машко име според вас. Благодарам!

Матеј (52%)

Калин (28%)

Ненад (20%)


Број на сите гласови: 468

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!