Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Така и беше. Полека почнаа да пристигнуваат и првите корисници, почнаа првите совети, разменување на искуства, дојде денот и на првото рингераја дружење. Семејството Рингераја расте од ден на ден и тоа сите нас не радува, но посебна чест за нас претставуваат деновите кога дознаваме дека на Рингераја светнува ново сонце, се раѓа нов живот, ново богатство.
*Како дозна за Рингераја?
Наташа: Прво барав некои информации за бременоста и така налетав на Хрватската Рингераја каде што бев член. По некое време открив за нашата незаменлива Рингераја. Така станав член и сега седам само на компјутер.
*Што најмногу го привлече твоето внимание за да станеш член на Рингераја и останеш на неа активна?
Наташа: Најмногу ме привлече пријателскиот однос на сите членови, комуникативноста и спремноста да се помогне во секој момент.
*Кои теми ти беа интерсни за читање на почетокот, а кои сега?
Наташа: Леле сите теми ми беа интересни на почетокот, најповеќе за бременоста бидејќи за тоа се интересирав, а сега се ме интересира посебно за бебињата, но пак ќе кажам на Рингераја се ме интересира.
*На форумот ја отвори темата “Породилни болки”. Дали разменетите искуства ти помогнаа околу препознавање на породилните болки?
Наташа: Ооо... навистина многу ми помогнаа искуствата, меѓуатоа не дојде да се прашувам дали тоа се породилни болки, бидејќи прво ми пукна водењакот па после дојдоа болките што значи дека беа очекувани.
*Пред самото породување бевте на кафе со нашата Рингерајка Мами. Ајде малку повеќе за тоа дружење и почетокот на породувањето.
Наташа: Мамииии, таа беше со мене цело време и никогаш нема да ја заборавам, бидејќи моето породување почна токму на средбата со Мами. Се договаравме подолго време да се сретнеме на кафе. И така требаше ден пред тоа да одам и јас на предавање за матични клетки кои го одржуваат Би-мек во Александар Палас, ама јас не успеав да дојдам и така се договоривме за следниот ден. Средбата беше во Рамстор (поблиску до државна), уште таму почна се и кога и се јавив на Мами само 15 мин по разделбата да и кажам дека сум во Државна болница - не и се веруваше. И да кажам: сите бевте со мене тој ден посебно Мами која постојано ми се јавуваше и затоа никогаш нема да ја заборавам.
*Колку ти значеше подршката на Рингераја во тие моменти?
Наташа: Поддршката беше многу голема, советите многу ми помогнаа и се од непроценливо значење, а кога ги читав потоа честитките и се што сте пишувале се расплакав, во секој момент сте биле со мене. Но, не само со мене, вие секогаш сте тука со сите членови!
*Колку ти помагаат советите на мајките во подигање на твојата керќичка Јана?
Наташа: Советите најискрено многу ми помогнаа, посебно препораките за каде да се оди на ортопед, педијатар, и слични проблеми со кои прв пат се среќавам. Сите членови на Рингераја се многу пријатни и подготвени во секој момент да те посоветуваат. Имаше моменти кога бев многу тажна (некои од вас знаат), ама со вашите разговори нависитна успевавте да ме расположите и поддржите.
*Ште е Рингераја во твојот живот?
Наташа: Рингераја е стварно едно многу убаво искуство каде што добив многу важни совети за бременоста, за бебушов и се надевам дека ќе продолжиме да се дружиме и да разменуваме искуства. Рингераја е многу важна за мене, бидејќи тука стекнав пред се пријатели.
*Што би им порачала на Рингераја корисниците?
Наташа: На Рингераја корисниците им порачувам да продолжат да се дружат и никогаш да не ја напуштат Рингераја.
*Дали би сакала да кажеш нешто што не те прашавме?
Наташа: Нешто што не ме прашавте, а сакам да го кажам е тоа што многу ме изненадивте со подарокот за Јана (првата рингерајка) и многу сум ви благодарна.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...