|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Amica: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 14.3.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: Amica

Датум на породување: 20.10.2010 година – 20 часот и 10 минути  

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

 

Во животот сакам се да ми биде однапред испланирано, од оние најмалите па до најголемите работи и случувања. Со маж ми бев во врска десет години и скоро две во брак, но сеуште не размислувавме за тоа да станеме родители. Имавме желба, но сеуште чекавме да се средат некои работи па кога ќе бидеме спремни тогаш. Така кога се случи да ми доцни десет дена (бидејќи секогаш имам редовен циклус) си мислев нема шанси да сум бремена. Тој ден кога дознав со другарка ми се возевме со велосипедите. После 20 извозени километри сепак решив да поминам до аптеката и да земам тест. Кога стасав дома веднаш го направив и во истиот момент се појавија двете цртички. Почнав да плачам, но не од среќа...бев изненадена и не очекував. Маж ми беше посреќен, но сепак одлучивме да отидам на лекар за да се осигурам. И тоа беше тоа, лекарот ни потврди дека ќе имаме бебе. Сепак ми беше мило, бевме среќни што ќе станеме родители, иако не планиравме. Можеби така беше и најдобро, инаку кој знае кога ќе бевме спремни...

Само што почнав да си замислувам што и како ќе  биде, какво ќе биде бебето, следниот ден прокрварев. Бев преплашена. Не се знаеше дали ќе биде се во ред и дали ќе го задржам бебето. Требаше да лежам и да видиме што ќе покаже времето. По два месеци крварењето ми престана и мојата бременост продолжи да се одвива по најнормален редослед. Немав некои посебни потешкотии освен што постојано бев уморна и ми се спиеше и тоа што нозете ми беа страшно отечени уште од петтиот месец во бременоста, но сите ме убедуваа дека е од жешкото бидејќи беше лето.

Крајниот термин ми беше 15 Декември и како и се друго си планирав дека ќе се породам порано, поточно сакав во ноември. Но на моето бебе ни  до ноември не му се чекало. Денот кога се породив не беше ништо поразличен од другите денови, само што на крајот заврши така како што ни јас, ниту пак некој друг очекуваше. Како и секој ден така и тој станав во 6 часот наутро за да се спремам за работа. Работното време ми почнуваше во 7 часот. Само што бев влезена во осмиот месец од бременоста. Отидов на работа, завршив и во 14 часот се вратив дома. Дома ме пречека мајка ми, која претходната вечер спиеше кај мене, бидејќи маж ми беше заминат во Скопје на состанок. Прилегнав да одморам и само што легнав осетив како нешто ми потече и веднаш отидов во бањата. Гаќите ми беа мокри, но си помислив дека е од вагиналниот секрет кој последниот месец ми беше нормална појава. Се измив и облеков чисти гаќи и само што влегов во дневната пак истото чувство. Помислив дека можеби е водењакот. Отидив пак во бањата, а на мајка ми ни збор. Знаев дека е прерано. Седнав на шолјата и осетив дека ми тече мал млаз бистра вода. Да, тоа беше плодова вода. Веднаш ја викнав мајка ми и и кажав што се случува. Таа целата избезумена ми вика нема шанси, сигурно си грешка, рано е за тоа. Веднаш се средив и отидовме кај мојот гинеколог, кој откако ме прегледа итно ме испрати во Државна болница со болничка кола, бидејќи не сум од Скопје. Набрзина спакував дома некои работи кои мислев дека ми се неопходни за во болница и тргнавме. Болки немав. Имав само некои чудни грчења на стомакот, за кои дури подоцна сфатив дека се контракции. Додека одевме накај Скопје мерев на колку време ми се тие грчења и беа на 4 минути. Бидејќи имав читано дека болките прво почнуваат на еден час, па на пола итн си мислев дека тоа бебето се грчи. Цело време мислев дали бебето ќе биде во ред и во ниту еден момент не престанав да му се молам на Господ. Во 17 часот стигнавме во Државна болница. Маж ми ме чекаше таму, бидејќи претходно му се јавив и му кажав што се случува. Веднаш ме примија на патолошка ме ставија на ЦТГ и ме прегледаа карлично. Бев отворена 3 прсти и имав болки. Дури тогаш почнав да ги чувствувам вистински. Ми ставија инфузија за да ми ги спречат болките и пораѓањето за да примам зреење за белите дробови на плодот. Додека течеше инфузијата болките навистина ми се смирија, но со втората инфузија повторно почнаа и тоа се почести и поболни. Веднаш ме качија во породилна сала, маж ми го избркаа и јас останав сама и исплашена што ќе се случи со бебето. Беше 20 часот. Во ниту еден момент не помислив на страв од породување бидејќи претходно ми беше многу страв, мислев само дали бебето ќе биде во ред. Бев доволно отворена и на вториот напон се породив во 20 и 10 мин. Цела среќа што бебето се имаше поставено уште во осмиот месец со главчето надолу, па и немав некои тешкотии при породувањето. Беше болно и напорно, но моите болки допрва доаѓаа...Родив женско бебе тешко 2000 гр, но само ми ја покажаа и веднаш ја однесоа некаде. Ми рекоа дека првите 48 часа се критични и дека се бори за живот. Станав мајка, но не знаев дали да се радувам или да плачам. Во 22.30 ме изнесоа од породилната сала, маж ми ме пречека надвор целиот во солзи гушкајќи ме и убедувајќи ме дека се ќе биде во ред. Ме однесоа во соба каде што имаше само мајки кои што имаа иста или слична судбина како мојата. Цело време ги прашував сестрите дали знаат нешто за моето бебе и дали може да го видам, но никој ништо не ми кажуваше. Не знам како сум ја преживеала таа вечер. Секакви мисли ми се вртеа во главата. Не ми се чекаше да дојде утрото. Следниот ден дојде една сестра и ме одведе на интензивна нега каде што беше сместено моето бебе во инкубатор. Дојде и маж ми. Ни покажа во кој инкубатор е и не остави да ја видиме неколку минути. Не можевме да ги сопреме солзите кога видовме како нашето чедо, приклучено на сите тие чудни апарати, што испуштаат чудни и застрашувачки звуци се бореше за живот. Тоа нежно и мало тело насекаде беше избодено со игли. Состојбата се уште беше критична и првите два дена се влошуваше. Но потоа почна да се стабилизира. Секој ден во исто време одев да ја гледам и докторите ми даваа информации кои од ден на ден беа се подобри. Остана во инкубаторот 10 дена. Најтешко во тие моменти ми беше што цело време ги гледав останатите мајки во другите соби како си ги држат во прегратка своите бебиња, како ги милуваат и дојат. Не им завидував, но сепак сакав и јас да сум на нивно место. Јас иако се породив сеуште не знаев како е да си мајка. Уште го немав допрено моето бебе, а толку си замислував како ќе биде кога прв пат ќе ја земам.  На десеттиот ден ја извадија од инкубатор, ја сместија на постинтензивна нега и конечно го дочекав моментот за кој толку копнеев - да ја земам ќерка ми во раце..најубавото чувство што некогаш го имав почувствувано... и сега ми навираат солзите кога ќе се сетам на тој момент. Останавме уште десетина дена и потоа не пуштија дома. Бев исплашена бидејќи не знаев дали ќе можам да се грижам за толку мало бебе, не испуштија со 1800 гр, но уште кога ја земав самата во раце, знаев дека ќе можам...Сама ја бањав, ја пресоблекував, бидејќи не можев да дозволам некој друг да го прави тоа наместо мене кога јас ја немав допрено. Сега кога ќе се потсетам на тие моменти, сфаќам колку сум била среќна што се заврши најдобро. Среќна сум што Господ ми го даде најголемиот и најубавиот дар што секој може да си го посака. Токму така и ја крстивме, Теодора – дар од Господ.  Дека е нешто посебно и самиот  датум и час кажуваат 20. 10. 2010 – 20 часот и 10 минути.

 

 

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Теодора !

 

 

Топ 10 породилни приказни


nadica: Мојата породилна приказна

Anushka: Мојата породилна приказна

Тања: Мојата породилна приказна

kikicka: Мојата породилна приказна

cecka: Мојата породилна приказна

ananikol: Мојата породилна приказна

AnnaMolly: Мојата породилна приказна

мичо: Мојата породилна приказна

Ели: Мојата породилна приказна

Palce: Мојата породилна приказна

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Тања: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .
4
Анорексична трудница тешка само 25 кгр.
Иако за чудо останала бремена на 27 години, Кети, уплашена од новонастанатата ситуација, почнала да слабее. Толку ослабе...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?