Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
/11
Тоа е нормално бидејќи телото се менува, хормоните работат со полна пареа, а умот се обидува да се подготви за најголемата животна улога.
Прво признајте го чувството на анксиозност, не го потиснувајте
Многу трудници се срамат да признаат дека се анксиозни затоа што „треба да бидат среќни“.
Но вистината е дека бременоста е период полн со непознато и секое непознато носи страв.
Нормално е да стравувате за здравјето на бебето, да се прашувате дали ќе бидете добра мајка. Исто така нормално е да се плашите од породување и да помислувате „дали сум подготвена?“
Прифаќањето на анксиозноста е првиот чекор кон нејзино смирување.
Поставете граници со добивањето различни информации
Кога сте бремени, секогаш има некој што ќе да ви каже како: „Мене ми се случи ова…“, „Чув дека ова е опасно…“, „Прочитај што пишува на интернет…“
Премногу информации често создаваат паника.
Затоа изберете 1 до 2 извори на доверливи медицински информации, ограничете ги дискусиите со луѓе кои шират страв, не гуглајте за симптоми до бескрај.
Вашата психа вреди повеќе од стравовите на другите.
Дишењето е најмоќниот бесплатен лек
Анксиозноста го забрзува дишењето, а забрзаното дишење ја засилува анксиозноста и сето тоа создава еден маѓепсан круг.
Прекинете го со едноставна техника, 4 - 6 - 4 дишење, односно вдишувајте 4 секунди, издушувајте 6 секунди и правете пауза помеѓу од 4 секунди.
Само 2 минути вакво дишење го смирува нервниот систем и го намалува срцевиот ритам.
Телото бара движење, а не целосен одмор
Нежното движење е природен антистрес. Тоа може да биде:
Разговарајте бидејќи тишината создава уште повеќе стравови
Анксиозноста расте кога се држи во себе.
Разговорите со партнерот, блиска пријателка, психолог, бабица или во група со други трудници може да биде исцелителен.
Понекогаш само да кажете гласно дека ви е страв и тоа да биде доволно за да се ослободите од половина од тежината.
Подгответе се, но не опседнувај се
Подготовката за бременост и породување донесува сигурност, но прекумерната контрола создава анксиозност.
Најдете баланс. Направете план за породување, но бидете свесни и прифатете дека може и да се смени. Подгответе ја торбата за болница, но не ја проверувајте секој ден. Учете за породувањето, но не гледајте трауматични видеа.
Целта не е да ја исконтролирате бременоста, туку да се чувствувате подготвено.
Почастете се секогаш кога ќе можете затоа што правите голема работа
Бременоста е работа со полно работно време.
Да се справите со анксиозноста во тој период бара енергија, самопочит и љубов кон себе.
Направи нешто убаво. Како на пример подготевте си топла бања, прочитајте добра книга, каснете малку чоколадо, закажете масажа за трудници, најдете време да бидете сама со своите мисли, гледајте ја вашата омилена серија.
Кога да побарате стручна помош?
Побарајте поддршка ако:
Анксиозноста во бременост е честа и многу успешно се третира со безбедни техники и психолошка поддршка.
Бременоста е огромна промена.
Анксиозноста не значи дека не сте подготвени туку дека се грижите.
Токму таа грижа ве прави мајка уште пред да го држите бебето во раце.
Со правилна поддршка, нежност кон себе и практични техники, можете да поминете низ бременоста со повеќе мир, доверба и сила отколку што мислите.
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Доаѓањето на бебето сигурно ќе донесе и малку немир во вашиот живот. ...
Често поставувано прашање е дали да се купи или не, насилна играчка?...
Еднократни или платнени пелени. Што е подобро?
Кога станува збор за пелени, прашањето еднократни или платнени е едно ...
Фрази што ја зголемуваат самопочитта кај детето
Самопочитта се гради секој ден, преку начинот на кој зборуваме, реагир...
Што да понесете со себе во породилиште?
Убаво е списокот на потребни работи да го подготвите на време. Навреме...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?