Според студија од 2007 година објавена во списанието „Развојни истражувања“, околу една третина од малите деца во одреден момент ќе развијат „интензивен интерес“ за некоја тема - а една од најпопуларните е опсесијата со диносаурусите
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Ако вашето дете има опсесија со диносаурусите и го знае секој факт за Т-Рекс - опуштете се и уживајте! Зошто? Па, вашиот љбител на дино има тенденција да биде со надпросечна интелигенција и со зголемен опсег на внимание, ќе може подобро да се справи со јазичните вештини и да обработува информации. На кратко, децата кои сакаат диносауруси ќе бидат подобри и попаметни студенти, за што сведочат три одделни студии посветени на, како што велат научниците, „интензивни интереси“.
Сè уште не е познато што го предизвикало овој интерес, но сигурно е дека децата на возраст од две до шест години можат да именуваат повеќе диносауруси отколку нивните родители. Детскиот психијатриски терапевт Кели Чен верува дека ова е доказ дека можете да научите без да знаете дека го правите тоа. „Поставување прашања, наоѓање одговори и стекнување експертиза е општ процес на учење. Истражување на темата и нејзино усвојување е корисно затоа што така го обликуваме знаењето “, објаснува Кели Чен и додава дека основната професија на децата е игра, така што тие најдобро учат преку неа. Фактот што децата сакаат да покажат дека знаат повеќе и подобро од нивните родители, исто така игра голема улога.
„Ако родителот може да именува три или четири вида диносауруси и детето 20, тоа ќе развие чувство на авторитет“, рече палеонтологот Кенет Лаковара. Студијата открива дека интересот на децата за одредена тема значително се намалува помеѓу шест месеци и три години, но она што децата го учат преку својата опсесија останува трајно за цел живот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Омилените фрази на тато
Ти мислиш дека јас сум банка? Работата не убива! Да ти кажат да скокнеш од мост би скокнал/а ли? ... и други слични мудр...
4
Нема да јадам животни!
Реакцијата на мало девојче, кое штотуку дознало дека месото доаѓа од животните, ќе ве разнежни
4
Природни лекови за настинка и грип
Настинката и грипот се меѓу најчестите вирусни инфекции кои секојдневно ги погодуваат луѓето, особено во зимските месеци...
3
Како со тврдоглаво дете?
Некои деца едноставно имаат „тежок“ карактер уште од мали нозе. Тие „знаат што сакаат“, што е најчесто она што вие не го...
3