Промените како преселба во нов град, почеток во ново училиште или градинка, нови соседи и пријатели, се дел од животот.
Фото:Canva/Но за децата, ваквите ситуации понекогаш можат да бидат вистински предизвик.
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Адаптацијата на нова средина бара време, трпение и многу поддршка од родителите.
Зошто е тешко за децата?
- Непозната околина, нови луѓе, нови правила, непознати лица.
- Страв од одвојување, особено кај помалите, разделбата од родителите може да предизвика несигурност.
- Жалење за старото, децата се врзуваат за пријателите, наставниците и рутините што веќе ги познаваат.
Како да помогнете?
- Разговарајте однапред
Пред промената, зборувајте отворено. Објаснете што ќе се случи, зошто е важно и што е добро во новата средина (нови пријателства, нови активности). - Посетете ја новата средина
Ако е можно, одведете го детето да ја види новата градинка, училиште или соседство пред да почне редовно да оди таму. - Создадете рутина
Рутината дава чувство на сигурност. Чувајте ги познатите навики дома како читање приказна пред спиење, утрински појадок заедно за детето да има „сидро“. - Поттикнете го да се изрази
Дозволете му да зборува за своите стравови и чувства. Дури и ако ви изгледаат „мали“ проблеми, за детето тие се големи. - Охрабрете нови пријателства
Понудете му шанса да запознае нови другарчиња. Поканете ги дома или организирајте кратки активности заедно. - Дајте му време
Адаптацијата не се случува преку ноќ. Некои деца се прилагодуваат за неколку дена, на други им требаат недели или месеци и тоа е сосема нормално.
Кога да побарате стручна помош?
Ако детето подолг период покажува силна анксиозност, одбива да оди во новата средина или има физички симптоми (болки во стомак, несоница), консултирајте се со психолог или педагог.
Секоја промена е ново поглавје. Со љубов, трпение и поддршка, детето не само што ќе се адаптира, туку и ќе ја развие способноста да се снаоѓа во животни ситуации и во иднина.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Кога срцето забрзано чука...
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите...
4
Десетте вистини на мајка ми!
Лекции за животот, раскажани од една мајка
4
Како да спречите детето да користи лоши зб...
Кога детето првпат ќе изговори лош збор, родителите најчесто се шокирани, засрамени или збунети. Но вистината е дека сек...
3
Што да направите кога детето е мета на исм...
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, родителите често прво чувствуваат лутина и беспомош...
3